Вести

Триумф на РК Мулти Есенс во дербито на колото

РК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – РК МУЛТИ ЕСЕНС  25-26 (13-15)


Сала: Гимназија „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров, Скопје. Судии: Ѓорги Василевски и Блаже Михајлов. Контролор: Митко Ѓорѓиевски


РК Македонија Ѓорче Петров: Огнановски, Трајановски, Диздаревиќ, Ролевски 6, Ѓорѓиевски 3, Ѓиноски 3, Трифуновски, Јаневски, Неделковски 2, Шумоски, Апостоловски 4, Тошески, Димовски 4, Стојановски, Марковски 1, Нелоски 2
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 4 мин.


РК Мулти Есенс: Штаковски, Ермоноски, Грујевски 1, Димитриевски 1, Д. Узунчев 4, Тричковски, Омерагиќ 2, Велков, Младеновски, Т. Узунчев 5, Митев 7, Проданов 1, Канг, Карасманакис 1, Костовски 5, Георгиевски
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 4 мин. 

РК Мулти Есенс ја запиша својата трета победа, од исто толку одиграни натпревари. На дуелот со екипата на РК Македонија Ѓорче Петров, меч што беше дерби на колото, РК Мулти Есенс како гостин запиша минимален триумф 26-25 (15-13). 

Натпреварот го оправда епитетот дерби во сите сегменти, особено во резултатската неизвесност и драматичност. Нашиот тим имаше подобро отворање на натпреварот и водство од 7-4, но неколку грешки го вратија во игра противникот, кој успеа да израмни на 8-8.
РК Мулти Есенс во ниту еден момент не го предаде водството, напротив веднаш се врати на плус два (10-8) и во игра гол за гол по првите 30 минути имаше водство од 15-13.

Во второто полувреме, РК Мулти Есенс стигна и до позитива од три гола (18-15). Со добра одбрана и прецизни шутеви од надворешната линија  успешно ја одржуваше дистанцата речиси до крајот на натпреварот. Домашниот состав во еден момент се закани, намали на 20-21 и 22-23, но РК Мулти Есенс брзо ја врати контролата и во финишот поведе со 26-23.


Драматично беше во последните минути. Домашниот состав успеа да намали на 25-26 и имаше и два напада за израмнување. Одбраната на нашиот тим беше на висина на задачата, успешно ги затвори приодите кон голот, па во првиот обид изнуди техничка грешка, а во вториот на противникот му остана само уште шут од слободен удар што заврши над гредата. 

Со оваа победа, РК Мулти Есенс го задржи 100 настотното остварување и со девет освоени бода се врати на врвот на табелата.

Вести

РК Алкалоид се враќа од Неготино со три бода

ВАРДАР (Н) – АЛКАЛОИД   25-39 (8-16)
Сала: „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски. Делегат: Марјан Огњановски. 


РК Вардар Неготино: Ангелов, Ацев 2, Михајловиќ 4, Ташев 6, Кузманов 3, Орешков 2, Петрески, Стоилковски, Митевски 1, Емини, Петров 1, Кочаров 1, Пеовски 5, Јовановски
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 14 мин.


РК Алкалоид: Трајковски, Галевски, Димевски 1, Стојков 2, Младеновиќ, Серафимов 6, Илиески 3, Стојковиќ 6, Митев 3, Ѓоргиев 2, Иваноски 5, Симоноски 6, Омерагиќ, Тодески 1, Кофилоски, Петковски 4
Седмерци: 5/6 Исклучувања: 18 мин.

РК Алкалоид ја забележа петтата првенствена победа. Вечерва во Неготино, нашиот тим запиша висок триумф над домашниот состав, РК Вардар Неготино.
РК Алкалоид имаше целосна резултатска контрола уште од воведните минути на средбата. По нецели 10 минути водевме 6-0, потоа имавме водство од 8-2, а разликата од шест гола се одржа до крајот на првиот дел кој заврши со резултат (16-8).
На почетокот на второто полувреме со серија од 7-0 стигнавме до водство од 23-12 и до крајот рутинирано го приведовме овој меч до крајот.
Тројца наши ракометари, Мартин Серафимов, Кристијан Симоноски и Марко Стојковиќ беа стрелци на по шест гола со што беа и беа најефикасни во нашиот состав, воедно и на натпреварот.

Вести

Четврта победа, ја совладавме екипата на РК Струга

РК АЛКАЛОИД – РК СТРУГА   36-29 (17-13)
Сала: Борис Трајковски во Скопје. Судии. Исмаил Металари и Ненад Николовски. Делегат: Драган Начевски.


РК Алкалоид: Трајковски, Галевски, Димевски 1, Маркоски 1, Стојков 4, Младеновиќ 2, Серафимов 9, Стојковиќ 3, Митев 2, Ѓоргиев 2, Иваноски 1, Симоноски 4, Омерагиќ, Тодески, Кофилоски 5, Тодески 2
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 6 мин.


РК Струга: Тутенкоски, Маркоски 5, Савески 1, Блажески 2, Лазаревиќ, Јанкуловски, Ферукоски 3, Дуноски, Ашталкоски, Ѓуровиќ 5, Стрезоски, Маркоски 2, Костоски 3, Цветаноски 8, Рикановиќ, Нацев 
Седмерци: – Исклучувања: 14 мин.

РК Алкалоид ја запиша четвртата првенствена победа од вкупно пет одиграни натпревари со што направи уште еден чекор напред кон пласманот во суперлигашкиот плејоф.
Во натпревар од петтото коло ни гостуваше екипата на РК Струга, тим што се вбројува меѓу кандидатите за место во Плеј оф. 

РК Алкалоид многу подобро го отвори натпреварот. Игравме одлична одбрана што овозможи да се постигнуваат голови од контра напад и по пет минути игра веќе имавме водство од 5-1. Обидите на гостите да се вратат резултатски во игра немаа преголем ефект. Разликата остана, имавме водство од 8-4, 10-5, а на полувреме беше 17-13.

На почетокот на вториот дел, одново одбраната беше на висина, а брзата игра и транзицијата овозможија нова серија од 5-1 и водство од 22-14. Потоа се воспостави рамнотежа, а на десетина минути до крајот, РК Алкалоид поведе и со 10 гола разлика (34-24). 
Во последните минути од натпреварот, струшката екипа успеа да го ублажи поразот и да намали на конечни 36-29.