Вести

Продолжува доминацијата на РК Мулти Есенс

РК МУЛТИ ЕСЕНС – ЗРК ГОЛДЕН АРТ 30-21 (17-6)


Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Илија Давидовски и Бобан Стојановски. Делегат: Митко Ѓоргиевски
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Штаковски, Димевски 5, Грујевски 1, Димитриевски 2, Д. Узунчев 2, Тричковски 1, Омерагиќ 5, Велков, Ерманоски, Т. Узунчев 2, Продановски, Јорданов 4, Карасманакис 2, Ниновски 1, Костовски 4, Георгиевски 1
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 4 мин.
ЗРК ГОЛДЕН АРТ: Спасовски, Каракалашев, Глигоров 2, Стојменов 1, Стаменковиќ 4, Стефков, Стојаноски 4, Трајков, Ангелески 3, Божиновски 2, Петроески, Терзиевски, Сиљанов 2, Лешникоски 2, Ашталкоски 1
Седмерци: 1/1 Исклучивања: 4 мин.

РК Мулти Есенс ја продолжи доминацијата во првенството со 16 победа од исто толку одиграни натпревари. Нашиот тим кој на три кола до крајот веќе е првак во годинешната сезона и иден член на Суперлигата, беше подобар од екипата на ЗРК Голден Арт и запиша убедлива победа од 30-21.

Без оглед што веќе го добија шампионскиот пехар, ракометарите на РК Мулти Есенс беа мотивирани и на денешниот меч и сите дилеми околу победникот ги отстранија уште во првото полувреме кое го добија со 17-6. Во вториот дел се играше поопуштено, но дистанцата постојано беше голема, а победата не беше ставена во ризик во ниту еден момент од натпреварот.

До крајот на првенството остануваат уште две кола во кои нашиот тим ќе игра против екипите на РК Аеродром и на РК Драчево.

Вести

РК Алкалоид заврши со настапот во Купот на Македонија

РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961   22:31 (9:14)


Сала: „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Делегати: Ацо Николовски и Марјан Начевски
РК АЛКАЛОИД: Трајковски, Галевски, Џоноц 1, Младеновиќ 1, Маркоски 1, Серафимов 6, Илиески, Стојковиќ 3, М. Митев 3, Ѓоргиев 2, Симоноски 1, Омерагиќ 1, Кофилоски 1, Петковски, Д. Митев, Савревски 1
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 4 мин. 


РК ВАРДАР 1961: Томовски, Манасков 12, Јагуриновски 1, Стоилов 1, Аларов 1, Моралес 2, Георгиевски 6, Добрковиќ, Карапалески 1, Лазаревски 3, Талески 3, Дутра 2, Ѓукиќ, Атанасовски, Мишевски
Седмерци: 6/7 Исклучувања: 6 мин. 

РК Алкалоид својот настап во Купот на Македонија, сезонава го заврши со натпреварот од полуфиналето на фајналфор-турнирот од ова натпреварување. 
Нашиот тим во полуфиналето се сретна со екипата на Вардар 1961. Средбата во воведните 10 минути беше резултатски израмнета (5-5), а потоа нашиот тим влезе во период во кој имаше комбинирано технички грешки, слаба реализација, дури и на шутеви од чисти позиции и противникот тоа го искористи и направи резултатска серија од 6:0. 
Ова беше клучниот период од натпреварот и го одреди целиот ритам на мечот и играчки и резултатски. Нашиот тим воспостави рамнотежа, но не успеа да ја анулира предноста на противникот. На полувреме беше 9-14, а во вториот дел успеавме да се вратиме во игра 19-22, 21-24. 


Но, одново имавме пад на концентрацијата и противникот се одвои на недостижна разлика. 

За РК Алкалоид сега остануваат уште двата натпревари од домашното првенство. На домашен терен играме со Е. Пелистер 2, а потоа во битка за второто место, одново ќе играме со РК Вардар 1961, на гостински терен. 

Вести

РК Мулти Есенс е нов суперлигаш!

РК МЕТАЛУРГ РА – РК МУЛТИ ЕСЕНС 25-30 (11-13)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов. Делегат: Митко Ѓоргиевски
РК МЕТАЛУРГ РА: Ангеловски, Божиновски 3, Георгиевски 2, Јанкуловски, Филиповски 3, Аксентиев, Пановски 1, Ристовски 1, Стојчевски, Ивчески, Гилев 2, Наумовски 13

Седмерци: 6/7 Исклучувања: 8 мин.
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Штаковски, Димевски 3, Грујевски 1, Димитриевски, Д. Узунчев 4, Тричковски 7, Омерагиќ 3, Велков, Ерманоски, Младеновски 1, Т. Узунчев 1, Продановски 4, Јорданов 4, Карасманакис, Костовски 2, Георгиевски
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 12 мин.

Екипата на РК Мулти Есенс го совлада тимот на РК Металург РА како гостин (30-25) и ја запиша својата 15 плејоф-победа од исто толку одиграни плејоф натпревари.

Со овој триумф нашиот тим на три кола до крајот изгради недостижна предност пред ривалите и го освои првото место во првенството кое носи и директен пласман во повисок ранг, односно во Суперлигата во следната сезона!
За одбележување е што нашиот тим немаше пораз не само во плејоф разигрувањето, туку и низ текот на целата сезона и вкупниот број на победи е 23 од 23 одиграни натпревари.

По завршувањето на натпреварот, генералниот секретар на Ракометната федерација на Македонија, Филип Милошевски на нашите играчи им ги врачи златните медали и шампионскиот пехар за освоеното прво место во Првата лига!

Вести

Гостинска победа на РК Алкалоид над РК Бутел Скопје

РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК АЛКАЛОИД 20-22 (9-11)
Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Марјан Начевски

РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Симјановски, Субашевски, Младеновски 2, Стојановски, Ѓеоргиевски 2, Николов 7, Крстевски, Мојсоски 4, Спасовски, Стојчевиќ, Манасков 1, Блажевски 1, Јефтиќ, Михајловиќ, Мајиќ 2, Давитковски 1
Седмерци: 4/8 Исклучувања: 10 мин.


РК АЛКАЛОИД: Трајкоски, Галевски, Џонов 3, Маркоски 2, Стојков, Младеновиќ 1, Серафимов 7, Илиески, Стојковиќ, Ѓоргиев 2, Симоноски 1, Омерагиќ 1, Кофилоски, Петковски 2, Д. Митев 2, Савревски
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 14 мин.

РК Алкалоид вечерва запиша нова плејоф победа. Нашиот тим на гостински терен славеше над градскиот ривал РК Бутел Скопје со резултат 22-20.
Ова беше деветта победа на РК Алкалоид во плејоф-разигрувањето со што стигна до бројката од 30 освоени бодови.
Дуелот со Бутел Скопје беше резултатски интересен, што е пракса кога играат овие два тима. Бутел поведе со 3-0, но РК Алкалоид израмни на 4-4 по 15 минути игра, а потоа поведе со 6-4 и полека почна да ја презема контролата.
Домашните само уште двапати поведоа на оваа средба, (8-7 и 9-8), а потоа до крајот на мечот резултатската контрола беше за нашиот тим.


Благојче Трајкоски имаше запазена улога и успеваше да запре важни удари, а Алкалоид поведе со 11-9 и тоа беше резултат на полувреме.
Со два гола на стартот на вториот дел, РК Алкалоид поведе со четири гола разлика (13-9), а потоа таа разлика ја одржа во следниот период во кој се играше во рамки на разлика од два до четири гола предност за нашиот тим.
Во финишот домашните намалија на 20-22, но Алкалоид добро го контролираше времето и без поголема драма успеа да стигне до победата.

Вести

ВИСОКА ПОБЕДА И ЧЕКОР ПОБЛИСКУ ДО ЦЕЛТА ЗА РК МУЛТИ ЕСЕНС

РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК АСТРАИОН 52-25 (24-9)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски. Делегат: Мамер Реџепи
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Штаковски, Ерманоски, Димевски 6, Грујевски 4, Димитриевски 6, Д. Узунчев 5, Омерагиќ 2, Алексовски 3, Велков 1, Т. Узунчев 4, Јорданов 1, Карасманакис 7, Ниновски 6, Костовски 3, Георгиевски 3, Трајчев 1
Седмерци. 3/4 Исклучувања: 8 мин.


РК АСТРАИОН: Наумов, Георгиев 2, Ефтимов 1, Наков 9, К. Катранџиев 1, Котевски 1, Перовановиќ, В. Стојанов, М. Стојанов 1, Пандец 1, Гогов, Д. Катранџиев 3, Ангелов
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 8 мин.

РК Мулти Есенс запиша уште една убедлива победа и дојде на чекор од остварување на амбициите, пласман во повисок ранг на натпреварување.
РК Мулти Есенс во заостанатиот натпревар од 14 коло, на домашен терен ја совлада екипата на РК Астраион со високи 27 гола разлика (52-25). Ова беше 14 плејоф победа за нашиот тим, од 14 одиграни натпревари.

Нашиот тим беше убедлив од првиот до последниот момент на натпреварот. Поведовме со 8-2, 13-4 и предноста до полувреме ја зголемивме на 24-9.
Во вториот дел се играше во речиси ист ритам, а РК Мулти Есенс речиси ја удвои предноста од првиот дел.
Во следното коло, во „Автокоманда“ ќе играме против екипата на Металург РА.