Вести

РК Мулти Есенс е нов младински првак на Македонија!

Екипата на РК Мулти Есенс го подигна шампионскиот пехар и беше промовирана во нов првак во младинска конкуренција. Во шампионатот кој се играше двокружно, а учестуваа вкупно 13 екипи од генерацијата 2004 и помлади, на едно коло до крајот од 23 одиграни натпревари екипата на РК Мулти Есенс има 23 победи и математички уште пред две кола стана недостижна за второпласираниот РК Пролет 62.


Вечерва во „Автокоманда“ гостуваше екипата на Е. Пелистер 2 која не можеше да го прекине победничкиот низ на нашиот младински тим, кој со убедлива победа од 45-35 се прости од своите, домашни фанови, а точка на шампионатот ќе стави во петок на гостувањето кај ГРК Охрид.

Тековната сезона е најуспешната за младинските екипи што се под закрила на Алкалоид. Викендов во Охрид, пионерскиот тим на РК Алкалоид триумфираше на Фајналфор турнирот и стана нов пионерски шампион на Македонија.
Не е комплетирано уште кадетското првенство, а таму РК Алкалоид има обезбедено учество на Ф4, додека екипата на РК Мулти Есенс ќе игра бараж меч за пласман на завршниот турнир.

Вести

РК Алкалоид е пионерски шампион на Македонија!

Втор пехар од младинските шампионати доаѓа во витрините на нашиот клуб сезонава. РК Алкалоид е новиот шампион во пионерска конкуренција.
Денеска во Охрид на Фајналфор турнирот, нашиот најмлад тим го совлада РК Аеродром во полуфиналето со 26-11, а потоа во финалето беше подобар и од екипата на ГРК Охрид и со победа од 22-19 го освои првото место и титулата државен првак.


По крајот на Ф4-турнирот, во идеалниот тим од нашиот тим се најдоа Ѓорѓи Николовски (голман), Давид Костовски (десен бек) и Бобан Поповски (десно крило).
За МВП на турнирот е прогласен Бобан Поповски.

Вести

Нашите пионери во битка за шампионски пехар

РК Алкалоид и оваа сезона ќе ја потврди главната улога што ја игра во развојот на македонскиот младински ракомет.

Со доминантни настапи во текот на првенствата, е изборивме за место односно претставник на завршниот турнир и ќе се бориме за титулата државен првак во сите младински конкуренции.
Пионерите на РК Алкалоид се вториот наш тим кој влегува во директна битка за шампионски пехар, по младинците на РК Мулти Есенс кои теоретски веќе и се нови прваци.


Откако го освоија првото место во групната фаза, викнедов, нашите најмлади играчи, пионерите на РК Алкалоид ќе настапат на завршниот Ф4-турнир во Пионерската лига на Македонија.
Во полуфиналето нашата екипа ја очекува дуел со РК Аеродром од Скопје. Мечот ќе се одигра во недела од 14:15 часот во СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид. Во второто полуфинале ќе се соочат ГРК Охрид и РК Струга (12:15 ч.).
Победниците од двете полуфиналиња ќе се сретнат во финалето, закажано во недела од 19:30 часот, а претходно ќе има и меч за третото место меѓу поразените од 17:45 часот.

Вести

РК АЛКАЛОИД БЕЗ БОДОВИ И ВО ВТОРИОТ ГРАДСКИ ДУЕЛ

РК ВАРДАР 1961 – РК АЛКАЛОИД 24-21 (12-11)
Сала: СЦ „Јане Сандански“ во Скопје. Гледачи: 1.000. Судии: Михајло Илиевски и Методија Илиевски. Делегат: Ацо Николовски.

РК ВАРДАР 1961: Томовски, Гогов, Јагуриновски 2, Аларов, Георгиевски 2, Карапалевски 1, Јасухира 8, Родригез 3, Лазаревски 1, Гојковиќ, Срдановиќ 1, Николиќ 2, Петриќ 3, Ѓукиќ 1, Мело, Мишевски.
Седмерци: 5/5. Исклучувања: 10 мин.

РК АЛКАЛОИД: Галевски, Трајкоски, Џонов 1, Петров, Маркоски, Младеновиќ, Серафимов 3, Карасманакис 1, Стојковиќ, М. Митев 5, Велковски, Симоноски 2, Бинго 2, Д. Митев 5, Савревски, Димовски 2.
Седмерци: 5/6. Исклучувања: 14 мин.

Градското дерби започна со доста добра игра во одбраната на двете страни и мал број на голови. Во воведните минути од првиот дел, нашиот тим имаше предност од два гола, беше 1-3 и 3-5, но потоа Вардар заигра подобро во одбраната и фати приклучок во натпреварот.

Домашниот тим во еден момент ги казни нашите грешки во нападот, па имаше и 10-8 во вториот дел од првото полувреме. Меѓутоа, на пауза замина со еден гол предност затоа што на семафорот стоеше 12-11. Расположен кај противникот беше и голманот Мартин Томовски со пет интервенции, наспроти две на Благојче Трајкоски.

По десет минути во второто полувреме резултатот беше 15-14 за Вардар 1961, а проблем за нашиот тим беше третото исклучување и црвениот картон за Марко Стојковиќ. Разликата од еден гол стоеше и понатаму (18-17, па 19-18), а во константна предност од еден до два гола беше Вардар, поради две исклучувања кај нашиот тим на влезот во последните десет минути. Клучен гол затоа што бодовите отидоа на контото на ривалот беше оној на Јапонецот Јасихура, за 23-20.