Вести

РК Алкалоид со убедлива победа ја „заокружи“ 2024 година

РК АЛКАЛОИД – ГРК ТИКВЕШ 35-26 (21-9)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски. Делегат: Ацо Николовски
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски 1, Трајкоски, Петров 1, Маркоски 2, Младеновиќ, Серафимов 8, Стојковиќ 1, Митев 1, Ѓоргиев 1, Велковски 3, Бинго 5, Франциско 3, Петковски 9, Савревски, Панчевски
Седмерци: 6/7 Исклучувања: 10 мин.

ГРК ТИКВЕШ: Арсиќ, Анастасовски 3, Темелкоски, Велков, Соколов, Андоновски 4, Кофилоски, ДИмовски 3, Лазов, Манасков 2, Гачевиќ 1, Коцев 3, Летиќ 2, Кривокапиќ 6, Даневски, Обина 2
Седмерци: 5/7 Исклучувања: 6 мин.

РК Алкалоид со убедлива победа на дерби мечот над ГРК Тиквеш и со освоено прво место на табелата се одјави од клупската сцена за 2024 година. Во последното коло од календарската година, РК Алкалоид на домашен терен го пречека кавадаречкиот состав и славеше победа од девет гола разлика.
Натпреварот беше решен во првиот дел во кој РК Алкалоид комплетно доминираше на теренот од почетокот и поведе со 10-5, 12-6, а на полувреме имаше големи 11 гола разлика (21-9).
Во второто полувреме, темпото беше малку посмирено, па и резултатски беше по израмнето. РК Алкалоид водеше со разлика од девет до 10 гола сѐ до финишот кога во еден момент гостите намалија на минус шест (23-29). Веднаш следеше одговор и конечниот резултат е плус девет за сино-белиот состав.


Александар Петковски со девет постигнати гола и Мартин Серафимов со осум погодоци беа најефикасните ракометари на РК Алкалоид.
Со овој натпревар РК Алкалоид ја заврши есенската фаза од Суперлигата го освои првото место на табелата и сега вниманието ќе биде свртено кон настапот на сениорската репрезентација на Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка во јануари.
Следниот првенствен натпревар ќе го играме против екипата на Струга, во февруари следната година.

Вести

РК Алкалоид со целиот плен се враќа од Прилеп

РК ПРИЛЕП – РК АЛКАЛОИД 30-40 (13-18)
Сала: „Ристе Ристевски Ричко“ во Прилеп. Судии: Сашко Кркачев и Ѓоко Колевски. Делегат: Васил Чавдаров
РК ПРИЛЕП: Ангелески, Тренчевски 6, Кастратовиќ 2, Рајатовски 2, Адамчески 3, Бикоски, Ивчески, Илиески 5, Органџиев 2, Бурчески, Цветаноски 7, Христоски, Левани, Квастек 3, Трајкоски, Трајчевски
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 10 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Трајкоски, Џонов 4, Петров 1, Маркоски 1, Младеновиќ 2, Серафимов 2, Стојковиќ 3, Митев 1, Ѓоргиев 5, Велковски 2, Бинго 3, Франциско 3, Петковски 9, Савревски 4
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 8 мин.

РК Алкалоид ја запиша 14 првенствена победа во Суперлигата и ќе го одбрани првото место на табелата и по актуелното претпоследно коло во 2024 година.
РК Алкалоид вечерва гостуваше кај екипата на РК Прилеп и запиша убедлива победа од 10 гола разлика, на ефикасен натпревар на кој беа постигнати вкупно 70 погодоци.


Фаворитската улога беше доделена на РК Алкалоид пред натпреварот, а Кирил Лазаров и неговите избрани ракометари целосно ја оправдаа и го контролираа натпреварот уште од почетокот.
РК Алкалоид поведе со 7-4 во првата фаза од натпреварот и потоа разликата од три до четири гола предност ја одржуваше во текот на целото прво полувреме. Во финишот на полувремето уште еднаш РК Алкалоид засили, поведе со 16-10, а на полувреме замина со пет гола предност (18-13).
Во второто полувреме немаше големи резултатски осцилации. РК Алкалоид имаше комплетна контрола, водеше со шест до осум гола разлика, за конечно средбата да ја заврши со победа од 10 гола разлика (40-30).
Александар Петковски, одигра уште еден одличен натпревар и постигна девет гола, следен од Игор Ѓоргиев кој постигна пет.

Во следното, последно коло во 2024, РК Алкалоид на домашен терен го пречекува тимот на ГРК Тиквеш од Кавадарци. Тој меч ќе се игра на 18 декември во Автокоманда со почеток од 17:00 часот.

Вести

РК АЛКАЛОИД СО ПОБЕДА НАД РК БУТЕЛ СКОПЈЕ СЕ ВРАТИ НА ВРВОТ НА ТАБЕЛАТА

РК АЛКАЛОИД – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ  32-24 (16-15)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ненад Николовски и Исмаил Металари. Контролор: Душко Камишевски
РК АЛКАЛОИД: Галевски 3, Трајкоски, Петров, Маркоски, Младеновиж 2, Серафимов 6, Карасманакис, Стојковиќ 1, Митев 4, Ѓоргиев 1, Велковски 2, Симоноски 3, Бинго 4, Франциско, Петковски 5, Савревски 1
Седмерци: 5/7 Исклучувања: 10 мин. 
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Блажевски, Субашевски, Тодески 1, Ѓеоргиевски 6, Николов 9, Стојаноски, Спасовски 1, Т. Узунчев 3, Киселовски, Бошковски, Николовски, Михајловиќ, Цветковски, Шопиќ 4, Давитковски 
Седмерци: 3/8 Исклучувања: 14 мин. 

РК Алкалоид ја продолжи победничката низа на секогаш тешките и „непријатни“ дуели со РК Бутел Скопје и ја забележа 13 суперлигашка победа сезонава од 14 одиграни натпревари или вкупно 18 победа од 17 одиграни официјални натпревари од почетокот на сезоната.

Гостинскиот состав се прикажа во борбено издание, беше резултатски рамноправен противник особено во првото полувреме, во кое имаше и водство во раната фаза од натпреварот, но нашиот тим беше спремен да одговори на предизвикот и уште во првото полувреме го презема водството и на одмор замина со еден гол предност.

Во второто полувреме беше многу појасно изразена доминацијата на РК Алкалоид кој на моменти имаше и девет гола предност за конечно натпреварот да заврши со резултат 32-24.

РК Алкалоид се врати на првото место на табелата со оваа победа, а до крајот на 2024 има уште два дуела, на гостински терен со РК Прилеп и на домашен со екипата на ГРК Тиквеш.

Вести

ССВ Бриксен е противникот на РК Алкалоид во Топ 16 од ЕХФ Европскиот Куп

РК Алкалоид по четирите победи остварени во елиминациските двобој натпревари над екипите на Клаипеда Драгунас во второто и над Вест Виена во третото коло од ЕХФ Европскиот Куп се избори за право за настап во Топ 16 на ова европско натпреварување.
Во ждрепката за 1/8 финалето, РК Алкалоид за противник ја доби екипата на ССВ Бриксен од Италија и во дуелите што е предвидено да се играат во февруари ќе се бори за пласман во 1/4 финалето на ЕХФ Европскиот Куп.

Нашиот следен противник е екипа која има повеќе од 50 години традиција и во своите позначајни резултати има запишано две шампионски титули во италијанската ракометна „Серија А“ и трипати била освојувач на Куп на Италија. Во европски рамки има настапувано 11 пати вклучително со тековната сезона, а нивниот најголем успех е пласманот во полуфиналето на Челинџ Куп во сезоната 2000/2001.
Минатата сезона стигна до 1/16 финалето на ЕХФ Куп каде што беа елиминирани од финалистот Олимпијакос на два дуела одиграни во Атина.

Во екипата имаат тројца странци и тројца ракометари кои имаат двојно државјанство. Тоа се украинскиот голман Максим Волјувак, Аргентинецот Томас Валентин Канете и бразилскиот бек Пауло Винисиус де Оливеира Кандидо. Пикерот Андреа Башиќ има и хрватско државјанство, а двоецот Ендрит и Ардијан Ибаљи имаат и косовско државјанство.
Тренер на екипата е Рудолф Нојнер кој сезонава го презема кормилото од српскиот тренер Давор Чутура.
На поширок список на сениорската репрезентација има има двајца ракометари на Бриксен, а тоа се левото крило Стефано Арциери и пикерот Ендрит Ибаљи. Селекторот на јуниорите, пак, во тимот го има голманот Алесандро Лубинети.

Сезонава, ССВ Бриксен во второто коло го елиминираше тимот на Х-71 од Фарски острови, а во третото коло приреди изненадување со елиминација на подобро рангираната чешка екипа Ловосице на два натпревари што се играа во Чешка.
Термините за одигрување на 1/8 финалните натпревари се 15/16 февруари и 22/23 февруари. Алкалоид на првиот натпревар ќе биде гостин.

Вести

Најефикасна победа за РК Алкалоид сезонава!

РК РАДОВИШ – РК АЛКАЛОИД 21-46 (9-25)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Силвана Карбеска и Марија Илиева. Делегат: Владимир Саздовски
РК Радовиш: Ристов, Костадиновски, Петров 2, Ѓорѓиев 1, Постолов, Марковиќ, Јанковски 1, Соколов 2, Стојаноски, Ѓорѓиев, Стојанов 1, Талевски 2, Трајанов 3, Ончев 3, Костадинов 3, Атанасов 3.
Седмерци: 3/5. Исклучувања: 4 мин.
РК Алкалоид: Кизиќ, Трајкоски, Петров 1, Младеновиќ 6, Серафимов 1, Карасманакис 1, Стојковиќ 3, Ѓорѓиев 3, Симоноски 3, Бинго 4, Франциско 4, Петковски 8, Савревски 4, Гарбески 7, Ковачевиќ 1.
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 8 мин.

РК Алкалоид се врати во колосек во Суперлигата и пак е на лидерското место. Нашиот тим во рамки на 13. рунда како потенцијален домаќин во Автокоманда беше подобар од РК Радовиш, кого го совлада со 46-20 (25-9) во најефикасниот натпревар сезонава во сите конкуренции.

Во салата „Автокоманда“ се играше брзо и без многу прекини и немаше неизвесност, а од почетокот па до крајот резултатот беше на страната на нашата екипа. РК Радовиш само неколку минути беше во егал, па потоа РК Алкалоид откако замина на 10-4, константно ја зголемуваше предноста.

Во средината на првиот дел беше 16-9, а до полувремето Алкалоид со девет гола во серија дојде на високи 25-9. Во второто полувреме продолжи ефикасната игра, која ни донесе висока победа. Тренерот Лазаров им даде шанса на сите ракометари и сите се запишаа во листата на стрелците. Меѓу нив беа и младите Максим Гарбески (7) и Марко Ковачевиќ (1).

Во следното коло од Суперлигата, РК Алкалоид го очекува дуел со РК Бутел Скопје.