Вести
РК АЛКАЛОИД Е НА ЗАВРШНИЦАТА ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА
РК АЛКАЛОИД – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ 23-20 (9-11)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 250. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Игор Огненов
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Трајкоски, Џонов, Петров, Маркоски, Младеновиќ 3, Серафимов 9, Карасманакис, М. Митев 3, Ѓорѓиев, Велковски 2, Бинго 3, Кофиловски, Д. Митев 1, Савревски, Димовски 2.
Седмерци: 8/9 . Исклучувања: 12 мин.
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Субашевски 5, Андревски, Пејковски, Стојановски, Ѓеоргиевски 6, Крстевски, Иваниќ 2, Стојаноски, Спасовски 2, Каевски, Блажевски, Јефтиќ, Василевски 1, Михајловиќ 3, Цветковски, Давитковски 1.
Седмерци: 5/6. Исклучувања: 10 мин.
РК Алкалоид заврши како победник во Групата 2 и се пласира на завршницата во Купот на Македонија. Нашиот тим во финалето беше подобар од РК Бутел Скопје, кого го совлада со 23-20.
Нашиот тим до посакуваната победа пред домашната публика дојде во второто полувреме. Првиот дел тргна во знакот на противникот кој даде четири гола во серија и замина на 1-5. Благодарение на голманот Благојче Трајкоски кој блескаше на голот и фати седум топки, нашиот тим се врати во мечот и израмни на 7-7, но две грешки во последните десет минути ни донесоа два гола негатива на паузата (9-11).
Повторно Трајковски имаше свој момент на стартот на вториот дел, а преку Бинго се израмни на 11-11. Се играше гол за гол се до 16-16, кога нападот на Бутел влезе во криза, а на спротивната страна Мартин Серафимов врза три гола во серија и потоа со уште еден гол на Бинго се замина на 20-16 на десет минути пред крајот. Таа разлика на крајот се покажа како доволна да се осигура победата во „Автокоманда“.
Завршницата од Купот на Македонија ќе се игра во месец мај. Покрај нашиот РК Алкалоид, на Ф4-турнирот се пласирани уште РК Еурофарм Пелистер, РК Вардар 1961 и ГРК Тиквеш.