Вести

РК МУЛТИ ЕСЕНС ЗА ЕДЕН ГОЛ ПОКРАТОК ВО КУМАНОВО

-->

МРК КУМАНОВО – РК МУЛТИ ЕСЕНС 29-28 (14-12)
Сала: „Перо Наков“ во Куманово. Гледачи: 200. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски. Делегат: Душко Камишевски.

МРК КУМАНОВО: Димитријевски, Кимевски, Радојиќиќ 2, Димитров 1, Костов 10, Цветковски, Бошковски, Тасевски, Миладиновски 1, Благојевиќ 2, Гамзардија 4, Радичевиќ 2, Симоноски 1, Атанасовски 5, Михајловски, Стевовиќ 1.
Седмерци: 6/6. Исклучувања: 6 мин.

РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Трајковски, Димевски 4, Костовски 4, Илиевски 2, Насевски, Узунчев 5, Петрески, Трајчев 1, Иваноски 5, Тодески, Узунчев 1, Јорданов 4, Стојчевиќ 2, Каракалашев.
Седмерци: 3/3. Исклучувања: 10 мин.

Екипата на РК Мулти Есенс во рамки на седмото коло од плејаутот во Суперлигата гостуваше кај МРК Куманово и натпреварот заврши со триумф на домашната екипа со 29-28 (14-12).

Мечот во Куманово беше изедначен во првото полувреме. Двете екипи беа во егал, а во неколку наврати нашиот тим имаше плус од еден гол. Првпат еден колектив се одлепи на два гола пред финишот на првиот дел, кога МРК Куманово од 12-12 постигна два гола во серија, а РК Мулти Есенс остана три минути без постигнат погодок, за 14-12 на паузата.

По петнаесет минути игра од вториот дел, МРК Куманово имаше и 21-16, што беше највисок плус на натпреварот. Сепак, нашиот тим не се предаде во ниту еден момент, со храбра и фокусирана игра израмни на 22-22 и се влезе во неизвесна завршница која на крајот му припадна на домаќинот за еден гол (29-28).

Во следното коло од македонскиот шампионат нашиот тим ќе му биде домаќин на РК Голден Арт.