Вести

РК Алкалоид убедлив на дуелот со РК Струга

-->

РК АЛКАЛОИД – РК СТРУГА 35:20 (15-10)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ненад Николовски и Исмаил Металари. Делегат: Љупчо Јаневски
РК АЛКАЛОИД: Василевски, Петров, Младеновиќ 4, Серафимов 1, Карасманакис 1, Стојковиќ 4, М. Митев 1, Ѓоргиев 2, Галевски 1, Велковски 1, Симоноски 5, Трајкоски, Бинго 4, Д. Митев 7, Савревски 2, Димовски 2
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 6 мин.
РК СТРУГА: Тутенкоски, С. Матески, Мечкароски 2, Савески 2, Маркоски, Кленкоски, Симоноским 6, Пејчиноски, Велјаноски 2, Костоски 2, Ј. Матески 4, Бошњак, Рикановиќ
Седмерци: 0/1 Исклучувања: 6 мин.

РК Алкалоид запиша нова првенствена победа. Вечерва, во премиерниот меч од 10 коло во суперлигашкиот плејоф, нашиот тим го совлада составот на РК Струга и ја зајакна својата позиција на табелата пред дербито со директниот ривал ГРК Охрид следното коло.
Марко Стојковиќ и Дамјан Митев играа одлично во првото полувреме и постигнаа девет од 13 гола, а РК Алкалоид поведе со пет голови разлика (13-8).


До крајот на полувремето таа разлика се одржа и до крајот на првото полувреме, кое заврши со резултат 15:10. Водството на РК Алкалоид изнесуваше 20-10 во 38 минута и домашниот состав веќе ги имаше обезбедено трите бода. Во продолжението се играше израмнето и со послаб ритам, а РК Алкалоид рутински стигна до конечните 35:20.
Овој натпревар беше одбележан со враќањето на терен на Кристијан Симоноски кој се повреди на турнирот во Струга летоска. Симоноски денеска го одигра првиот меч и беше втор стрелец во екипата со пет постигнати гола.