Вести

РУТИНСКИ ТРИУМФ НА РК АЛКАЛОИД НАД РК ПРОЛЕТ 62

-->

РК АЛКАЛОИД – РК ПРОЛЕТ 62 28-23 (15-11)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 280. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Делегат: Камер Металари.

РК АЛКАЛОИД: Трајкоски, Галевски, Петров, Маркоски 1, Младеновиќ 3, Серафимов 2, Карасманакис, Стојковиќ, М. Митев 3, Ѓоргиев 2, Велковски 1, Бинго 4, Кофиловски, Д. Митев 5, Савревски 3, Димовски 4.
Седмерци: 2/2. Исклучувања: 8 мин.

РК ПРОЛЕТ 62: Тотиќ, Крстески, Пецаковски, Василевски 7, Додевски, Димов, Петковски, Андоновски 9, Петковски, Мајнов, Димковски, Стојановски, Младеновски, Михаљевич, Палевски 3, Арсеновски 4.
Седмерци: 2/3. Исклучувања: 0 мин.

Двете екипи беа израмнети на стартот, а мала криза нашиот тим имаше кога му дозволи на РК Пролет да замине на 8-10, плус остана и без Валентин Карасманакис кој поради старт врз противник доби црвен картон. Сепак, работите си дојдоа на свое место за РК Алкалоид кога се влезе во серија и со пет гола во низа, првпат се замина на плус два (13-10). Во овие моменти одлична беше нашата одбрана, но и Савревски кој диригираше во нападот.

На полувреме резултатот гласеше 15-11, а во прв план во нашата екипа беше Мартин Димовски кој постигна три гола, за предност од 18-13. Во 41. минута од дуелот во „Автокоманда“, избраниците на Кирил Лазаров имаа и највисоки шест гола разлика (21-15), солиден беше и Благојче Трајковски со неколку одбрани, па натпреварот беше полесно да се приведе кон финиш во наша полза. Највисоката позитива која РК Алкалоид ја имаше на натпреварот беше осум гола разлика.

За РК Алкалоид ова беше петта победа во плејофот. Во следната, деветта рунда, нашата екипа игра дуел на гости со ГРК Тиквеш.