Вести
Важни три бода за РК Мулти Есенс
РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК ПРИЛЕП 34-33 (19-20)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Глигор Ќаев и Спаско Ќаев. Делегат: Васил Чавдаров
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Димевски 9, Костовски 5, Илиески 4, Насевски, Д. Узунчев 8, Петрески, Трајчев 1, Тарчуловски, Трајковски, Иваноски 6, С. Јорданов, Тодески, Т. узунчев, Стојчевиќ 1, Каракалашев
Седмерци: 3/5 Исклучувања: 10 мин.
РК ПРИЛЕП: Ацевски, Кастратовиќ 1, Рајатовски 10, Адамчески, Бикоски 5, Ангелески, Крстески, Велески 1, Бурчески, Лозаноски, Цветаноски 4, Шабановиќ 6, Левани 1, Квастек 5, Трајкоски, Андраде
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 12 мин.
РК Мулти Есенс по голема борба успеа да го совлада тимот на РК Прилеп, минимално 34:33 и ја продолжува борбата за опстанок во најсилната конкуренција.
Давид Димевски и Тодор Узунчев имаа одличен натпревар и постигнаа 17 од вкупно 34 гола за нашиот тим, а важни погодоци во финишот на натпреварот кога се прекрши резултатот постигнаа и Иваноски, Илиески и Трајчев.
Гостите беа во предност во првиот дел од мечот, но кон средината на полувремето, по 10-10, РК Мулти Есенс ја презема иницијативата и поведе со 15-11 и 16-12.
Не издржавме, следеше лош период и РК Прилеп израмни на 17-17, а на одмор се замина со резултат 19-20.
Во второто полувреме, се водеше жестока битка, гол за гол во која РК Прилеп бранеше гол предност сѐ до резултат 27-27, а потоа поведе РК Мулти Есенс. Имавме и водство од 30-27, но израмнија гостите на 31-31. Потоа одново поведовме на 34-32, а овој пат предноста остана до крајот на мечот.