Вести

Втора победа, се враќаме со три бода од Куманово

-->

КУМАНОВО – АЛКАЛОИД  26-40 (10-19)
Сала: „Перо Наков“ во Куманово. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев. Делегат: Цане Куртовиќ. 
Куманово: Кимевски, Мрвовиќ 9, Димитров, Кузмановски, Петковски 3, Д. Цветковски 1, Бошковски, Тасевски, Миладиновски 1, Б. Цветковски, Постоловски 3, Колоски 1, Дамевски 5, Несторовски, Трајчевски 2, Михајловски
Седмерци: 2/5 Исклучувања: 14 мин.
Алкалоид: Галевски 1, Трајковски, Димевски 3, Маркоски, Стојков 8, Младеновиќ 2, Серафимов 4, Илиески 1, Стојковиќ 3, Ѓоргиев 3, Иваноски 1, Симоноски 1, Омерагиќ 1, Тодески, Кофилоски 5, Петковски 5
Седмерци: 7/8  Исклучувања: 14 мин.

РК Алкалоид ја запиша втората победа од исто толку одиграни натпревари во новата суперлигашка конкуренција. На гостински терен во Куманово, го совладавме тимот на МРК Куманово со 40-26 (19-10) и со шест освоени бода остануваме на врвот на табелата.

Нашиот тим имаше контрола врз играта и резултатот од почетокот на натпреварот. Игравме добра и подвижна одбрана, која ни овозможи голови од контра напад и од транзиција.
Голманот Иван Галевски беше на висина на задачата, а развојот на играта убаво го искористи и крилото Александар Стојков. Тој постигна пет од првите десет гола, а нашиот тим поведе со поголема разлика по 15 минути игра (10-6).

Во продолжнието на натпреварот ритамот што го наметна нашата екипа, ни овозможи постојано да ја зголемуваме разликата. По 26 минути игра за прв пат на натпреварот поведовме со 10 гола разлика (18-8). Резултатот на полувреме беше 19-10.

Во вториот дел уште во раната фаза зголемивме на 13 гола разлика (25-12). Се повеќе играчи се запишуваа на листата на стрелци и сите кои добија шанса ја користеа, но ритамот на натпреварот, најмногу им одговараше на крилните играчи, па така Кофилоски и Петковски се искачија на листата на стрелци со по пет гола.

До крајот на средбата нашиот тим имаше се под контрола и втор пат успеа да стигне до 40 постигнати гола. Конечниот резултат е 40-26.

Во следното коло, прв пат ќе играме на домашен терен, а гостин ќе биде екипата на ГРК Охрид.