Вести
Прва, историска победа за Мулти Есенс
РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК ШАМПИОН 39-26 (20-11)
Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска. Делегат: Митко Ѓоргиевски.
Мулти Есенс: Штаковски, Ерманоски, Грујевски 6, Д. Узунчев 5, Тричковски 2, Велков, Младеновски 1, Т. Узунчев 8, Митев 1, Проданов 2, Канг 2, Јорданов 2, Карасманакис 3, Костовски 4, Георгиевски, Иванов 3
Седмерци: 3/5 Исклучувања: 6 мин.
Шампион: Спирковски, Сотировски, Илиевски, Димовски, Велјановски 7, Сибиновски 7, Дебрешлиоски, Миловановиќ, Трајковски, Костов, Билбиловски 5, Петровски 1, Миновски 3, Богоевски 3, Огненовски, Ѓоргиевски
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 8 мин.
РК Мулти Есенс запиша победа што во клупската биографија ќе биде запишана како историска, затоа што е извојувана на првиот официјален натпревар од домашното првенство што клубот воопшто го одиграл.
На дебито, гостин ни беше екипата на РК Шампион од Скопје. По вообичаената почетна израмнетост, брзо ја преземавме контролата и поведовме со три гола (6-3), а потоа и со четири и пет гола разлика (10-6, 11-6). Предноста продолжи да расте и до крајот на полувремето имавме плус девет гола разлика (20-11).
Во вториот дел уште на почетокот поведовме со двоцифрена разлика и од тој момент, до крајот секогаш резултатот беше на плус 10. Гостите во неколку наврати во финишот се обидоа да се вратат на едноцифрена негатива, но финишот одново ни припадна нам и средбата ја добивме со 13 гола разлика (39-26).
Тодор Узунчев со осум гола беше нашиот најдобар стрелец, а Александар Грујевски постигна шест гола, а Димимитар Узунчев беше стрелец на пет погодоци.