Вести

Триумф на РК Мулти Есенс во дербито на колото

-->

РК МАКЕДОНИЈА ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – РК МУЛТИ ЕСЕНС  25-26 (13-15)


Сала: Гимназија „Кочо Рацин“ во Ѓорче Петров, Скопје. Судии: Ѓорги Василевски и Блаже Михајлов. Контролор: Митко Ѓорѓиевски


РК Македонија Ѓорче Петров: Огнановски, Трајановски, Диздаревиќ, Ролевски 6, Ѓорѓиевски 3, Ѓиноски 3, Трифуновски, Јаневски, Неделковски 2, Шумоски, Апостоловски 4, Тошески, Димовски 4, Стојановски, Марковски 1, Нелоски 2
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 4 мин.


РК Мулти Есенс: Штаковски, Ермоноски, Грујевски 1, Димитриевски 1, Д. Узунчев 4, Тричковски, Омерагиќ 2, Велков, Младеновски, Т. Узунчев 5, Митев 7, Проданов 1, Канг, Карасманакис 1, Костовски 5, Георгиевски
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 4 мин. 

РК Мулти Есенс ја запиша својата трета победа, од исто толку одиграни натпревари. На дуелот со екипата на РК Македонија Ѓорче Петров, меч што беше дерби на колото, РК Мулти Есенс како гостин запиша минимален триумф 26-25 (15-13). 

Натпреварот го оправда епитетот дерби во сите сегменти, особено во резултатската неизвесност и драматичност. Нашиот тим имаше подобро отворање на натпреварот и водство од 7-4, но неколку грешки го вратија во игра противникот, кој успеа да израмни на 8-8.
РК Мулти Есенс во ниту еден момент не го предаде водството, напротив веднаш се врати на плус два (10-8) и во игра гол за гол по првите 30 минути имаше водство од 15-13.

Во второто полувреме, РК Мулти Есенс стигна и до позитива од три гола (18-15). Со добра одбрана и прецизни шутеви од надворешната линија  успешно ја одржуваше дистанцата речиси до крајот на натпреварот. Домашниот состав во еден момент се закани, намали на 20-21 и 22-23, но РК Мулти Есенс брзо ја врати контролата и во финишот поведе со 26-23.


Драматично беше во последните минути. Домашниот состав успеа да намали на 25-26 и имаше и два напада за израмнување. Одбраната на нашиот тим беше на висина на задачата, успешно ги затвори приодите кон голот, па во првиот обид изнуди техничка грешка, а во вториот на противникот му остана само уште шут од слободен удар што заврши над гредата. 

Со оваа победа, РК Мулти Есенс го задржи 100 настотното остварување и со девет освоени бода се врати на врвот на табелата.