Вести

РК Алкалоид победи на третата контрола во Хрватска

-->

МРК СЕСВЕТЕ – РК АЛКАЛОИД 28:29 (16:15)
СШ „Јелковец“ во Загреб
МРК СЕСВЕТЕ: Топиќ 2, Томиќ 1, Финек 1, Штрковиќ 3, Јеловчиќ 2, Чук 1, Турчиќ 2, Думенчиќ 3, Годец 4, Гавриќ 1, Хршак 8, Прпиќ, Шукер
РК АЛКАЛОИД: Ромеро, Трајковски, Галевски, Маркоски 1, Савревски 1, Ѓоргиев 1, М. Митев 2, Џонов 2, Стојковиќ 3, Серафимов 6, Стојков 3, Бинго 7, Младеновиќ 2, Омерагиќ, Стојчевиќ, Кофилоски, Петковски 1

РК Алкалоид го совлада тимот на Сесвете со резултат 29:28 на својот трет контролен натпревар одигран во Хрватска. Цврстиот домашен состав кој минатата сезона го освои третото место во првенството на Хрватска беше добар предизвик за нашиот тим, а тренерот Кирил Лазаров имаше можност да ги испроба ракометарите против мотивирана и квалитетна екипа која до последен момент се бореше да остане непоразена.
Нашиот тим, резултатски натпреварот го прекрши на 12 минути до крајот, кога прв пат поведе со три гола разлика (26:23). Потоа, успеа да се одбрани од обидите на домаќините да израмнат и запиша минимална победа.
Арно Бинго со седум погодоци беше најефикасен, Мартин Серафимов беше стрелец на шест погодоци.
Во вторник, РК Алкалоид ќе го одигра последниот меч, против РК Добова од Словенија, по што се враќа назад во Македонија.