Вести

РК Алкалоид без бодови се враќа од Охрид

ГРК ОХРИД – АЛКАЛОИД 30-26 (16-9)
Сала: „Билјанини извори“ во Охрид. Гледачи: 2000. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Марјан Начевски
ГРК ОХРИД: Ѓорѓески, Ојлески, Мацуока, Јукиќ 1, Стоилевски, Пеледија, Ристевски, Тасески 2, Сафранко 7, Кукоски, Крстевски 1, Шешиќ, Орјоникидѕе 5, Бојаниќ, Цирар 14
Седмерци: 7/8 Исклучувања: 6 мин.
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Трајкоски, Џонов 2, Петров, Маркоски 2, Младеновиќ, Серафимов 5, Ѓоргиев 2, Карасманакис, Стојковиќ 3, М. Митев 2, Омерагиќ, Бинго, Д. Митев 7, Савревски 1, Димовски 2
Седмерци: 5/5 Исклучувања: 6 мин.

РК Алкалоид за прв пат во домашното првенство сезонава не успеа да освои бодови на натпревар и вечерва во Охрид ја прекина низата на победи која во оваа сезона траеше 17 натпревари по ред.
ГРК Охрид во седмото одмерување на силите со РК Алкалоид досега, за прв пат освои бодови и сега на врвот на табелата каде што се кандидатите за шампионскиот пехар и за позициите што водат во Европските купови следната сезона се направи поголема мешаница.

Нашиот тим направи неколку технички грешки и имаше брзоплети акции на почетокот на натпреварот и тоа нѐ доведе во позиција во најголемиот дел од првото полувреме да играме гол за гол и да бркаме минимално водство на домашниот состав, пролетва засилен со уште тројца странски ракометари и бодрен од околу две илјади гледачи.
Неколкупати го израмнувавме резултатот и пропуштивме и можност да преминеме во водство, по што од резултат 10-9 го одигравме можеби најслабиот период досега и противникот со серија од 6-0 стигна до водство од 16-9 на полувреме.


Во вториот дел, влеговме поамбициозно, за помалку од две минути постигнавме три гола во серија, но не продолживме во тој ритам. Промашен шут, досуден седмерец, голманска интервенција… постојано го нарушуваше нашиот ритам на игра и се воспостави рамнотежа во која резултатот се движеше меѓу четири и шест гола разлика, за конечно средбата да заврши со резултат 30-26.

РК Алкалоид сега е на второто место на табелата, а во следното коло одново ќе играме дерби натпревар, но овој пат на домашен терен. Гостин ќе ни биде екипата на РК Вардар 1961

Вести

Важна победа на РК Мулти Есенс

РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК Е. ПЕЛИСТЕР 2 32-28 (17:15)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски. Делегат: Марјан Огњановски
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Димевски 4, Костовски 7, Илиески 7, Насевски, Д. Узунчев 5, Петрески, Трајчев, Омерагиќ, Цветковски, Иваноски 6, Трајковски, Тодески, Т. Узунчев, Јорданов, Стојчевиќ 3
Седмерци: 5/6 Исклучувања: 8 мин.


РК Е. ПЕЛИСТЕР 2: Печурица, Маркоски 4, Мијушковиќ 6, Трпчевски, Младенов, Митревски, Ивановски 3, Димовски, Талевски 1, Димитровски 2, Калајџиески, Пецаковски, Гичев, Белистојаноски 3, Југовски 4, Хаџиќ 5
​Седмерци: 4/5 Исклучувања: 10 мин.

РК Мулти Есенс ја запиша втората плејаут победа, освои многу важни бодови и сега одново се вбројува меѓу сериозните кандидати за опстанок во најсилната конкуренција.
Нашиот млад тим денеска без поголеми резултатски возбудувања го совлада тимот на Е. Пелистер 2, екипа што во пресрет на четвртото коло беше на второто место на табелата.

РК Мулти Есенс одигра одличен меч во кој противничкиот состав водеше само во воведните минути (3-1). Потоа со серија од 5-1 ја преземавме резултатската контрола, поведовме со 6-4, а потоа со уште една серија стигнавме и до комотно водство од 10-6.
РК Мулти Есенс имаше водство од 17-12, но малиот пад во концентрацијата во финишот на првото полувреме го искористија гостинските ракометари и на намалија на 15-17.

Веднаш на почетокот на вториот дел, РК Мулти Есенс ја обнови доминацијата и брзо ја врати разликата од пет гола (23-18), а потоа зголеми и на плус седум гола разлика (27-20). До крајот на натпреварот, нашиот тим без поголеми проблеми ја одржа дистанцата и заработи нови три бода.

РК Мулти Есенс во следното коло е слободен и поради исклучувањето на РК Аеродром и ќе добие три службени бодови.

Вести

Трета плејоф победа за РК Алкалоид

РК СТРУГА – РК АЛКАЛОИД 22:32 (10:15)
Сала: „Тими“ во Струга. Судии: Даниело Божиновски и Виктор Начевски. Делегат: Цане Куртовиќ
РК СТРУГА: Тутенкоски, Тренчевски 6, Савески, Младеновски 5, Кленкоски, Јанкуловски 1, Клењоски, Симоноски, Велјаноски 2, Мечкароски 2, Костоски 2, Матески 1, Бошњак 3, Маркоски, Гускароски, Рикаковиќ
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 8 мин.

РК АЛКАЛОИД: Галевски, Трајкоски, Џонов 5, Петров, Младеновиќ 1, Серафимов 3, Карасманакис 1, Стојковиќ 1, М. Митев, Ѓоргиев 2, Омерагиќ 1, Бинго, Кофилоски 5, Д. Митев 7, Савревски 3, Димовски 3
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 6 мин.

РК Алкалоид ја оправда фаворитската улога на гостински терен во Струга и ја запиша третата плејоф победа со која останува лидер на табелата со максимални 12 бода.
Вечерва во Струга нашиот тим славеше убедлива победа. Почетокот беше израмнет, домашните беа резултатски рамноправни до резултат 9:9, а потоа нашиот тим со серија од 6:1 стигна до водство од 15:10 на полувреме.


РК Алкалоид го задржа ритамот и во второто полувреме и водството постојано се зголемуваше. Прв пат двоцифрена разликата стана при резултат 15-25. Младиот Дамјан Митев на овој натпревар доби главна улога и ја одигра на ниво, со седум постигнати голови.

Вести

РК АЛКАЛОИД ОСТАНА ЛИДЕР НА ПЛЕЈОФ ТАБЕЛАТА

РК АЛКАЛОИД – ГРК ТИКВЕШ 26:25 (14:12)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Михајло и Методија Илиевски. Контролор: Драган Начевски
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Трајковски, Џонов 5, Петров 1, Маркоски, Младеновиќ, Серафимов 8, Карасманакис, Стојковиќ 2, М. Митев 7, Велковски, Омерагиќ, Бинго 2, Д. Митев, Савревски 1, Димовски
Седмерци: 3/7 Исклучувања: 8 мин.
ГРК ТИКВЕШ: Гемаљевиќ, Велков, Анастасовски 1, Мијатовиќ 1, Темелкоски, Соколов, Бакев, Стефановиќ 2, Манасков 6, Окардов, Шулески 1, Коцев, Симиќ 6, Мајиќ 1, Гачевиќ 1, Обина 6
Седмерци: 6/7 Исклучувања: 6 мин.

РК Алкалоид останува лидер на Плејоф табелата и по комплетирањето на второто коло. Во дерби мечот со екипата на ГРК Тиквеш што се играше во Автокоманда, нашиот тим запиша победа (26:25) и освои нови три бода.
На овој меч тренерот Кирил Лазаров не можеше да смета на капитенот Игор Ѓоргиев, но во тимот по подолго отсуство поради повреда се врати пикерот Костадин Петров.
Почетокот на натпреварот беше израмнет (6-6), а потоа гостинскиот состав користејќи наши грешки влезе во серија од 4:0 и поведе со 10:6. Водството го одржа до 24 минута (12:8), по што нашиот тим почна да игра одбрана каква што се очекува, стигна поддршка и од голманот Благојче Трајковски и тоа го смени текот на натпреварот, а РК Алкалоид влезе во серија од 6:0 и на полувреме замина со предност од два гола (14:12).


Добрата игра продолжи и во првите десет минути од вториот дел во кои поведовме со максмални пет гола разлика (18:13).
Потоа се наруши ритамот на игра со едно исклучување и неколку нереализирани напади, па гостинскиот состав намали на два гола (19-21), потоа беше само еден гол и во 53 минута, резултатот беше израмнет (23:23).


РК Алкалоид ја задржа концентрацијата и до крајот на натпреварот погодуваше, а во последниот гостински напад одбраната одигра добро, гостите мораа да шутираат, а тој обид заврши со одбрана на нашиот голман и победата беше наша.
Во следното две кола, РК Алкалоид ќе игра на гостински терен. прво ќе игра со екипата на Струга, а потоа ќе му гостува и на ГРК Охрид.

Вести

РК Мулти Есенс не влезе во победничка низа

РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК ВАРДАР (Н) 25-27 (13-15)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Контролор: Љупчо Јаневски

РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Димевски 3, Костовски 5, Илиески 2, Насевски, Д. Узунчев 2, Петрески 2, Трајчев, Омерагиќ 5, Г. Трајковски, Иваноски, Тодески, Т. Узунчев, Ј. Трајковски, Јорданов, Стојчевиќ 1

Седмерци: 1/2 Исклучувања: 6 мин.

ВАРДАР (Н): Мицев, Бугариновиќ 8, Кузев, Орешков 2, Ацев, Митевски 5, Мицев, Грујовски, Ѓорѓев, Петров, Адамовиќ 6, Митиќ 3, Ицев, Пеовски, Јовановски, Трајанов 3

Седмерци: – Исклучувања: 8 мин.

РК Мулти Есенс не успеа да направи победничка низа во суперлигашкиот Плејаут. По победата над РК Голден Арт, во второто коло на домашен терен, нашиот млад состав му ги препушти бодовите на тимот на РК Вардар Неготино, екипа што значително се засили во зимскиот преоден рок.
Натпреварот беше резултатски возбудлив и во најголем дел израмнет, а пропуштените шанси во финишот, беа платени со три бода.

РК Мулти Есенс поведе со 3-0 на почетокот на натпреварот, но не го задржа ритамот, напротив гостите со серија од 5-1 премина во водство, а потоа се играше резултатски израмнето.
РК Мулти Есенс имаше гол до два гола предност сѐ со резултат 13-11, но во финишот имаше голем пад, серија од 4-0 за неготинскиот состав и водство од 15-13 на полувреме.

Во второто полувреме по израмнетиот почеток, гостинскиот состав искористи ситуација кога имаше играч повеќе и успеа да поведе со 21-17.
По ова следеа минути за нашето крило Михајло Костовски кој постигна три гола по ред и РК Мулти Есенс намали на 20-21 и пропуштивме две шанси за израмнување. Во третиот обид израмнивме на 21-21, по што следеа моменти во кои гостите успеаја да вратат два гола предност.

По ова следеа неколку обиди на РК Мулти Есенс да израмни, но откако ќе успееше да се доближи на гол разлика не успеваше да се одбрани, времето изминуваше, притисокот стануваше сѐ поголем, за на крајот средбата да заврши со резултат 25-27, а бодовите да бидат запишани за гостинскиот состав.

Вести

РК АЛКАЛОИД СО ПОБЕДА СТАРТУВАШЕ ВО ПЛЕЈОФ

РК ПРОЛЕТ 62 – РК АЛКАЛОИД 17:22 (9:10)
Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Игор Огненов
РК Т. ПРОЛЕТ: А. Петковски, Стојановски 1, Тотиќ, Мајнов, Х. Петковски, Спасовски, Андоновски 4, Михаљевиќ, Палевски 4, Пецаковски, Василевски 2, Арсеновски 2, Димковски 1, Димов, Додевски 3, Крстески
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 10 мин.
РК АЛКАЛОИД: Трајкоски, Галевски, М. Митев 2, Савревски, Кофилоски 1, Карасманакис 2, Џонов 3, Стојковиќ 1, Младеновиќ, Маркоски, Д. Митев 1, Велковскиц3, Омерагиќ, Серафимов 5, Димовски 1, Ѓоргиев 2,
Седмерци: 1/3 Исклучувања: 12 мин.

РК Алкалоид со победа стартуваше во суперлигашкиот Плејоф. Денеска нашиот тим ја оправда фаворитската улога и ги освои бодовите на гостувањето кај РК Пролет 62.
Домашниот состав резултатски подобро го отвори натпреварот и имаше водство во првите дваесетина минути од средбата.
РК Алкалоид во подобар ритам влезе во последните десет минути. Одигра одлична одбрана РК Алкалоид, 11 минути не прими гол и со серија од 4:0 поведе со 10:9, а потоа пропушти и неколку напади за да го зголеми водството.


Добрата игра на РК Алкалоид во одбрана го остави без погодоци противничкиот тим и во воведните осум минути од второто полувреме, а нашиот клуб за тоа време направи разлика од пет гола (14-9)
Потоа таа разлика нашиот тим ја одржа без поголеми проблеми. Домашните се обидуваа да намалат и да воведат неизвесност, но не успеаја да ја намалат разликата под пет гола и во рутинска завршница ги освоивме првите пролетни бодови.