Вести

РК Алкалоид победи на третата контрола во Хрватска

МРК СЕСВЕТЕ – РК АЛКАЛОИД 28:29 (16:15)
СШ „Јелковец“ во Загреб
МРК СЕСВЕТЕ: Топиќ 2, Томиќ 1, Финек 1, Штрковиќ 3, Јеловчиќ 2, Чук 1, Турчиќ 2, Думенчиќ 3, Годец 4, Гавриќ 1, Хршак 8, Прпиќ, Шукер
РК АЛКАЛОИД: Ромеро, Трајковски, Галевски, Маркоски 1, Савревски 1, Ѓоргиев 1, М. Митев 2, Џонов 2, Стојковиќ 3, Серафимов 6, Стојков 3, Бинго 7, Младеновиќ 2, Омерагиќ, Стојчевиќ, Кофилоски, Петковски 1

РК Алкалоид го совлада тимот на Сесвете со резултат 29:28 на својот трет контролен натпревар одигран во Хрватска. Цврстиот домашен состав кој минатата сезона го освои третото место во првенството на Хрватска беше добар предизвик за нашиот тим, а тренерот Кирил Лазаров имаше можност да ги испроба ракометарите против мотивирана и квалитетна екипа која до последен момент се бореше да остане непоразена.
Нашиот тим, резултатски натпреварот го прекрши на 12 минути до крајот, кога прв пат поведе со три гола разлика (26:23). Потоа, успеа да се одбрани од обидите на домаќините да израмнат и запиша минимална победа.
Арно Бинго со седум погодоци беше најефикасен, Мартин Серафимов беше стрелец на шест погодоци.
Во вторник, РК Алкалоид ќе го одигра последниот меч, против РК Добова од Словенија, по што се враќа назад во Македонија.

Вести

РК Мулти Есенс ќе игра во финалето на турнирот во Прилеп

РК Т. ПРОЛЕТ – РК МУЛТИ ЕСЕНС 25-30 (12-16)
Сала: Р. Р. Ричко во Прилеп. Судии: Седлоски и Ангелески. Делегат: Цветкоски
Т. ПРОЛЕТ: Иваноски 1, Николовски 2, Пецаковски, Василевски 7, Кочаров, Додевски, Андоновски 7, Петковски, Мајнов, Димовски 2, Стојановски 2, Михаљевиќ, Спасоски, Арсеновски 2, Тотиќ
Седмерци: / Исклучувања: 8 мин.

МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Василевски, Димевски 4, Костовски 4, Илиески 2, Петковски, Омерагиќ 1, Ѓоргиевски, Тодески 1, Узунчев, Димовски 5, Јорданов 6, Карасманакис 5
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 4 мин.

РК Мулти Есенс ќе игра во финалето на осмиот меморијален турнир „Миле Нешкоски“ што се одржува во Прилеп.
Нашиот тим денеска го совлада суперлигашот РК Тинекс Пролет со резултат 29-25 и со скор од две победи и еден нерешен меч го освои првото место во групата.
Денеска нашиот тим одигра одличен натпревар на кој имаше водство и контрола во текот на целата средба. Во првото полувреме по израмнетиот старт, со серија од 6:1 стигнавме до водство од 16-11, по што на полувреме се замина со резултат 16:12.
Во второто полувреме, успешно париравме и ја одржувавме разлката од два до четири гола, сѐ до конечните 29-25.
Олег Јорданов со шест гола беше најефикасен во нашиот тим, а по пет погодоци постигнаа Мартин Димовски и Валентин Карасманакис.
Утрешниот меч за прво место е закажан за 16:00 часот.

Вести

РК Алкалоид ги одмери силите и со ППД Загреб

​РК ЗАГРЕБ – РК АЛКАЛОИД 31-25 (15-14)
СШ „Јелковец“ во Загреб. Судии: Кухар и Пречец од Хрватска
РК ППД ЗАГРЕБ: Грбавац, Пантјар, Кос 6, Чавар 1, Валчак 3, Фаљиќ, Кларица 2, Гојун, Клис, Краљевиќ, Сиротиќ, Чупиќ 5, Дибиров 7, Моралес 2, Кавчич 5, Сухолежник 1
Седмерци: 0/2 Исклучувања: 8 мин.


РК АЛКАЛОИД: Ромеро, Галевски, Трајковски, Маркоски 1, Стојков 3, Младеновиќ 2, Серафимов 5, Стојковиќ, Стојчевиќ, М. Митев 6, Омерагиќ, Ѓоргиев 4, Бинго 2, Кофилоски, Петковски, Савревски 1
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 6 мин.

РК Алкалоид го одигра и вториот контролен натпревар во рамките на мини турнејата во Хрватска. Вечерва противник на нашиот тим беше екипата на ППД Загреб, првакот на Хрватска.
Мечот беше израмнет во текот на целото прво полувреме со тоа што по водството на РК Алкалоид од 6:5, Загреб влезе во серија од 5:0 и поведе со 10:6.
РК Алкалоид на ова врати со своја серија од 4:0 и израмни на 10:10 во 23 минута.
Четири минути подоцна имавме водство од 14-13, но последните два гола ги постигнаа домашните и на одмор се замина со резултат 15-14.

Во вториот дел, домашниот тим успеа да поведе со два гола (18-16), а потоа и ја удвои разлика на плус четири. Толкава беше дистанцата и во 59 минута, но во последната минута од мечот домашните постигнаа уште два погодока и средбата заврши со резултат 31-25.

Утре, недела, РК Алкалоид ќе го одигра и третиот контролен натпревар, а противник ќе биде екипата на РК Сесвете. Почетокот на мечот е закажан за 19:00 часот.

Вести

РК Мулти Есенс одигра без победник со РК Е. Пелистер 2

РК Е. ПЕЛИСТЕР 2 – РК МУЛТИ ЕСЕНС 34-34 (16-14)
Сала: „Р.Р. Ричко“ во Прилеп. Судии: Седлоски и Ангелески. Делегат: Огненов
РК Е. ПЕЛИСТЕР 2: Штаковски, Марковски 3, Талески 3, Ристевски 1, Митревски, Мирчевски, Младенов, Димитровски, Трпчевски 6, Калајџиески 4, Ивановски 7, Белистојановски 3, Југовски 1, Мијушковиќ 6, Хаџиќ
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 12 мин.

РК МУЛТИ ЕСЕНС: Василевски, Ерманоски, Димевски 6, Костовски 4, Илиески 5, Петковски, Петрески 1, Трајчев, Трајковски, Ѓоргиевски, Тодески, Узунчев, Димовски 6, Јорданов 9, Карасманакис 3
Седмерци: 4/4 Исклучивања: 6 мин.


По победата над Кокс од Финска во првото коло, РК Мулти Есенс денеска во второто коло од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ што се одржува во Прилеп се сретна со македонскиот суперлигаш Е. Пелистер 2.

Оваа средба заврши без победник 34:34 откако во текот на целиот натпревар се водеше израмнета битка. По резултатски израмнетото прво полувреме кое заврши со резултат 16:24 за Е. Пелистер, битолскиот тим водеше и во поголемиот дел од второто полувреме. Но, нашите млади ракометари не попуштија, постојано се враќаа во игра, а пред крајот на натпреварот направија серија од 6-1 со која за момент и го преземаа водството.


На крајот, бодовите беа поделени со гол постигнат на помалку од десет секунди до крајот.
Олег Јорданов со девет гола и Давид Димевски и Мартин Димовски со по шест беа најефикасните ракометари на нашиот тим.

Утре, во рамките на последното коло од групата РК Мулти Есенс ќе игра со екипата на РК Тинекс Пролет. Почетокот на овој меч е закажан за 15:00 часот.

Вести

РК Мулти Есенс со победа над Кокс стартуваше во Прилеп

РК МУЛТИ ЕСЕНС – КОКС 29-26 (16-14)
Сала: „Р. Р Ричко“ во Прилеп. Судии: Михајло Илиевски и Методија Илиевски. Делегат: Саше Јанкуловски.
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Василевски, Димевски 1, Костовски 6, Илиески, Петковски, Петревски, Трајчев, Омерагиќ, Георгиевски, Тодески 3, Т. Узунчев, Димовски 8, Трајковски, Карасманакис 8, Јорданов 1
Седмерци: 4/6 Исклучувања: 10 мин.

КОКС: Шицко, Урло, Сантош 3, Фекете 5, Халман 1, Горичанец 1, Шпиљак 2, Герго 1, Локмачук 3, Ненита, Башариќ, Ропе 1, Матила 1, Дуда 5
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 8 мин.

РК Мулти Есенс одигра одличен натпревар во првото коло од меморијалниот турнир во Прилеп и го совлада вицепрвакот на Финска, екипата на Кокс со резултат 29:26.
Нашиот млад тим го диктираше резултатот во текот на целиот натпревар. Во првиот дел имавме предност од 7:6, 9:7, 13:10, а на полувреме беше 16:14.
Клучната разлика нашиот тим ја направи во последните 15 минути од мечот, откако поведе со 23-19. До крајот на мечот постојано водеше со разлика до четири гола.
Мартин Димовски и Валентин Карасманакис со по осум гола беа најефикасни во нашиот тим, додека Михајло Костовски беше стрелец на шест погодоци.
Утре, во рамките на второто коло со почеток од 13:00 часот, РК Мулти Есенс ќе игра против екипата на РК Е. Пелистер 2

Вести

РК Алкалоид го одигра првиот тест меч во Хрватска

РК НЕКСЕ – РК АЛКАЛОИД 29:21 (18:10)
Сала: ОУ „Крал Томислав“ во Нашице, Хрватска. Судии: Томислав Циндриќ и Роберт Гонзурек од Осиек, Хрватска
РК Нексе: Кузмановиќ (8 одб), Цар 1 (7 одб), Рачиќ 1, Бакиќ 1, Вејин 1, Маргуч 2, Јотиќ 1, Мичевиќ 1, Велкаврх, Безјак, Штрлек 7, Томиќ 2, Кохен 6, Мелиќ 2, Прибетиќ 3
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 10 мин.

РК Алкалоид: Ромеро (6 одб), Трајковски, Галевски, Маркоски, Стојков 4, Младеновиќ 3, Серафимов 2, Стојчевиќ, Стојковиќ 1, Митев 5, Ѓоргиев 2, Омерагиќ 1, Бинго 1, Петковски, Савревски 1
Седмерци: 2/7 Исклучувања: 4 мин.

РК Алкалоид го одигра првиот контролен натпревар во рамките на гостувањето во Хрватска. Нашиот тим беше гостин во Нашице каде што се сретна со звучно засилената домашна екипа, РК Нексе.
Мечот против РК Нексе заврши со резултат 21 : 29 во корист на хрватската екипа.
Двата тима одиграа брз, атрактивен ракомет во кој пресуди поголемото искуство на домашниот состав и слабата реализација, особено на ударите од седум метри на нашиот тим.
Следен дуел на РК Алкалоид е со шампионот на Хрватска, ППД Загреб. Средбата ќе се игра во Загреб во сабота (26.8.2023) со почеток од 18:00 часот.