Вести
Гостинска победа на РК Алкалоид над РК Бутел Скопје
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК АЛКАЛОИД 20-22 (9-11)
Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Марјан Начевски
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Симјановски, Субашевски, Младеновски 2, Стојановски, Ѓеоргиевски 2, Николов 7, Крстевски, Мојсоски 4, Спасовски, Стојчевиќ, Манасков 1, Блажевски 1, Јефтиќ, Михајловиќ, Мајиќ 2, Давитковски 1
Седмерци: 4/8 Исклучувања: 10 мин.
РК АЛКАЛОИД: Трајкоски, Галевски, Џонов 3, Маркоски 2, Стојков, Младеновиќ 1, Серафимов 7, Илиески, Стојковиќ, Ѓоргиев 2, Симоноски 1, Омерагиќ 1, Кофилоски, Петковски 2, Д. Митев 2, Савревски
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 14 мин.
РК Алкалоид вечерва запиша нова плејоф победа. Нашиот тим на гостински терен славеше над градскиот ривал РК Бутел Скопје со резултат 22-20.
Ова беше деветта победа на РК Алкалоид во плејоф-разигрувањето со што стигна до бројката од 30 освоени бодови.
Дуелот со Бутел Скопје беше резултатски интересен, што е пракса кога играат овие два тима. Бутел поведе со 3-0, но РК Алкалоид израмни на 4-4 по 15 минути игра, а потоа поведе со 6-4 и полека почна да ја презема контролата.
Домашните само уште двапати поведоа на оваа средба, (8-7 и 9-8), а потоа до крајот на мечот резултатската контрола беше за нашиот тим.
Благојче Трајкоски имаше запазена улога и успеваше да запре важни удари, а Алкалоид поведе со 11-9 и тоа беше резултат на полувреме.
Со два гола на стартот на вториот дел, РК Алкалоид поведе со четири гола разлика (13-9), а потоа таа разлика ја одржа во следниот период во кој се играше во рамки на разлика од два до четири гола предност за нашиот тим.
Во финишот домашните намалија на 20-22, но Алкалоид добро го контролираше времето и без поголема драма успеа да стигне до победата.