Вести

РК Алкалоид ги промовираше базата, дресот и химната

Денеска, 24.12.2022, на голем настан, заедно со нашите ракометари, пријатели, навивачи и поддржувачи, пред јавноста и пред медиумите го промовиравме нашиот ракометен дом, салата „Автокоманда“. Салата е целосно реновирана според високите стандарди. Реновирани се фасадата, теренот, осветлувањето, соблекувалните, покривот, озвучувањето и трибината.

Со овој проект одиме чекор напред кон обезбедување врвни услови во кои ќе се градат професионални ракометари, но ќе се промовираат и вистински спортски вредности за најмладите. РК Алкалоид останува доследен на принципот да расте и да се развива во база на квалитетни македонски ракометар, која на долгорочен план би дала македонски репрезентативци.

На настанот премиерно се емитуваа и се промовираа нашата клупска химна и видеоспотот за неа. Во рамките на настанот беа промовирани новите дресови во сина и бела комбинација, со кои РК Алкалоид ќе игра во втората полусезона на Суперлигата.

Вести

РК Алкалоид во плејоф започнува со две гостувања

Денеска во просториите на РФМ беше извршена ждрепката за натпреварувачките броеви за пролетниот дел од сезоната во која РК Алкалоид ќе се натпреварува во плејоф првенството. 

РК Алкалоид во првите две кола ќе гостува. Прво кај ГРК Тиквеш во Кавадарци, а потоа во Битола кај Е. Пелистер. Првиот натпревар на домашен терен ќе го играме во третото коло, а противник ќе биде екипата на Т. Пролет 62. 

Плејоф првенството почнува на 11/12 февруари, а предвидено е да заврши 27/28 мај.

Kомплетен распоред на натпреварите на РК Алкалоид во Плејоф

1  Коло (11/12.2.2023): ГРК Тиквеш – РК Алкалоид
2. Коло (18/19.2.2023): РК Е. Пелистер – РК Алкалоид
3. Коло (25/26.2.2023): РК Алкалоид – РК Пролет
4. Коло (04/05.3.2023): ГРК Охрид – РК Алкалоид
5. Коло (25/26.3.2023): РК Алкалоид – РК Бутел Скопје
6. Коло (29/30.3.2023): РК Е. Пелистер 2 – РК Алкалоид
7. Коло (01/02.4.2023): РК Алкалоид – РК Вардар 1961
8. Koло (08/09.4.2023): РК Алкалоид – ГРК Тиквеш
9. Коло (12/13.4.2023): РК Алкалоид – РК. Е. Пелистер
10. Коло (15/16/4.2023): РК Пролет – РК Алкалоид
11 Коло (22/23.4.2023): РК Алкалоид – РК Охрид
12 Коло (06/07.5.2023): РК Бутел Скопје – РК Алкалоид
13 Коло (20/21/5.2023): РК Алкалоид – РК Е. Пелистер
14 Коло (27/28.5.2023): РК Вардар – РК Алкалоид

Вести

11 победа по ред за РК Мулти Есенс

РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК МАКЕДОНИЈА Ѓ. П.   33-31 (20-10)


Сала:„Автокоманда“ во Скопје. Судии: Даниел Божиновски и Виктор Начевски. Контролор: Зоран Арсенов
РК Мулти Есенс: Штаковски, Д. Узунчев 8, Тручковски 2, Омерагиќ 1, Алексовски, Трајковски, Велков, Ерманоски, Младеновски 1, Т. Узунчев 3, Митев 5, Проданов 2, Канг 1, Карасманакис, Костовски 9, Георгиевски
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 4 мин. 


РК Македонија Ѓ. Петров: Ѓероски, Нелоски 1, Ангеловски 3, Ролевски 7, Ѓорѓевски 5, Ѓиноски 6, Шумоски, Јаневски, Нацев 1, Трифуновски, Огњановски, Димовски 5, Стојановски 3, Марковски, Трајановски
Седмерци: 2/3 мин Исклучувања: 8 мин.

РК Мулти Есенс ја продолжи доминацијата во Првата лига со остварувањето на 11 победа од исто толку одиграни натпревари. 
Вечерва РК Мулти Есенс славеше победа на домашен терен над екипата на Македонија Ѓ. Петров од 33-31. 


Овој натпревар беше решен во првото полувреме во кое екипата на РК Мулти Есенс направи резултатска разлика од 10 гола (20-10). 
Во вториот дел оваа разлика беше рутински одражана, а гостинскиот состав во самиот финиш со неколку гола по ред успеа да ја намали разликата на само два гола. 
Михајло Костовски со девет гола и Димитар Узунчев со осум погодоци беа најефикасните играчи во победничкиот состав. 

Вести

РК Алкалоид ја заврши полусезоната на второ место

РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК АЛКАЛОИД   28-27 (14-14)


Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Глигор Ќаев и Спаско Ќаев. Делегат: Ацо Николовски
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Бчажевски, Ивановски, Субашевски, Младеновски 1, Георгиевски 2, Николов 11, Крстевски 7, Мојсоски, Стојчевиќ, Манасков 2, Јефтиќ 1, Василевски, Цветковски, Мајиќ 3, Давитковски


Седмерци: 5/5 Исклучувања: 8 мин. 


РК АЛКАЛОИД: Цветковски, Галевски, Трајковски, Димевски, Маркоски, Младеновиќ 2, Серафимов 8, Илиески 2, Стојковиќ 1, Иваноски, Симоноски 2, Тодески 4, Кофилоски 1, Петковски 3

Седмерци: 7/10 Исклучувања: 14 мин. 

Заврши првиот дел од сезоната во македонската Супер лига. Вечерва, РК Алкалоид го одигра последниот натпревар од оваа фаза. Следно во домашниот шампионат ќе бидат натпреварите од Плеј оф.

РК Алкалоид не успеа да освои бодови на последниот натпревар од есенскиот дел од првенството. На гостувањето кај РК Бутел Скопје, во тврд и тензичен натпревар, поуспешна беше домашната екипа 28-27.
Оваа средба немаше резултатско значење, во поглед на конечниот изглед на табелата во групата „А“.


РК Алкалоид пред овој меч го имаше обезбедено второто место. Првиот дел од шампионатот го заврши со скор од 11 победи и три порази и пренесува два бода во Плеј оф
Мартин Серафимов со осум гола, Игор Ѓоргиев и Теодор Тодески со по четири беа најефикасните. 

Вести

РК Алакалоид во групната фаза од Куп на Македонија

РК АЛКАЛОИД – РК АСТРАИОН  47-15 (24-8)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски. Делегат: Сашо Младенов


РК Алкалоид: Цветковски, Димевски 3, Младеновиќ 2, Серафимов 1, Илиески 4, Стојковиќ, Ѓоргиев 1, Галевски, Иваноски 8, Симоноски 3, Трајковски, Тодески 4, Кофилоски 6, Петковски 15
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 4 мин.


РК Астраион: Наумов, Беловинов 1, Котевски, К. Катранџиев 1, Станковски, Перовановиќ, Д. Катранџиев 1, Цонев 3, Иванов, Ефтимов 4, Пандев 1, В. Стојанов 3, М. Стојанов 1
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 4 мин.

РК Алкалоид го елиминираше прволигашкиот ривал РК Астраион од Струмица од Куп на Македонија, совладувајќи го со убедлива разлика од 32 гола. 
Немаше резултатски неизвесности на оваа средба. Гостите успешно парираа само во воведните минути (4-4), а потоа Алкалоид се „одлепи“ на 7-4 и10-6.
Поизразена беше доминацијата во следните минути во кои со серија од 14-2, РК Алкалоид стигна до резултатот што беше актуелен на полувреме (24-8).
Во вториот дел продолжи доминацијата беше и поизразена и на крајот РК Алкалоид да стигне до конечните 47-15. 
Крилото Александар Петковски беше најефикасен играч и постигна 15 гола.

Со оваа победа РК Алкалоид се пласираше во групната фаза од Куп на Македонија во која екипите ќе бидат поделени во четири групи со по четири екипи. Победниците ќе се пласираат на завршниот „Ф4“ турнир.

Вчера, во елиминациското коло настапи и екипата на РК Мулти Есенс. Тие беа гости на РК Вардар 1961 и не успеаја да се пласираат во групата, откако беа поразени 18-43.

Вести

Убедлива победа на РК Алкалоид над РК Вардар Неготино

РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР (Н)   40-16 (18-9)


Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Глигор Ќаев и Спаско Ќаев. Делегат: Драган Начевски
РК Алкалоид: Цветковски, Димевски 4, Стојков 2, Младеновиќ 3, Серафимов 7, Илиески, Стојковиќ 4, Галевски, Иваноски 4, Симоноски 4, Омерагиќ 3, Трајковски, Тодески 3, Кофилоски 6
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 6 мин.


РК Вардар (Н): Ацев, Михајловиќ 2, Ташев, Ѓорѓев 1, Кузманов 5, Орешков, Петрески, Митевски, Ангелов, Емини, Петров 1, Кочаров 3, Пеовски 4, О. Јовановски, М. Јовановски
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 2 мин. 

РК Алкалоид запиша уште една убедлива победа и го верификуваше пласманот на второто место во групата „А“ во прелиминарната рунда од Супер лигата на едно коло до крајот на оваа фаза од шампионатот. 

Денеска гостин во „Автокоманда“ беше екипата на РК Вардар Неготино. Натпреварот мина под целосна контрола на нашиот клуб. Поведоа ракометарите на РК Алкалоид со 5-2, па потоа следеше дел во кој гостите успеаја да се доближат на минус два гола (5-7). По ова следеше клучната фаза од натпреварот, а таа се играше во втората половина на првиот дел кога од 10-7 со серија од 8-2, РК Алкалоид стигна до водство од 18-9 што беше резултат на полувреме.


Серијата продолжи и во второто полувреме во кое Алкалоид уште на почетокот стигна до двоцифрена предност и водеше 21-10. 
Доминацијата продолжи до крајот до конечните плус 24, односно резултат 40-16.



РК Алкалоид на едно коло до крајот има недостижна разлика пред конкурентите за второто место и во Плеј оф разигрувањето ќе пренесе два бода. 
Во последното коло, Алкалоид на гостински терен ќе игра против екипата на Бутел Скопје.