Вести

РК Алкалоид се враќа од Неготино со три бода

ВАРДАР (Н) – АЛКАЛОИД   25-39 (8-16)
Сала: „Св. Кирил и Методиј“ во Неготино. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски. Делегат: Марјан Огњановски. 


РК Вардар Неготино: Ангелов, Ацев 2, Михајловиќ 4, Ташев 6, Кузманов 3, Орешков 2, Петрески, Стоилковски, Митевски 1, Емини, Петров 1, Кочаров 1, Пеовски 5, Јовановски
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 14 мин.


РК Алкалоид: Трајковски, Галевски, Димевски 1, Стојков 2, Младеновиќ, Серафимов 6, Илиески 3, Стојковиќ 6, Митев 3, Ѓоргиев 2, Иваноски 5, Симоноски 6, Омерагиќ, Тодески 1, Кофилоски, Петковски 4
Седмерци: 5/6 Исклучувања: 18 мин.

РК Алкалоид ја забележа петтата првенствена победа. Вечерва во Неготино, нашиот тим запиша висок триумф над домашниот состав, РК Вардар Неготино.
РК Алкалоид имаше целосна резултатска контрола уште од воведните минути на средбата. По нецели 10 минути водевме 6-0, потоа имавме водство од 8-2, а разликата од шест гола се одржа до крајот на првиот дел кој заврши со резултат (16-8).
На почетокот на второто полувреме со серија од 7-0 стигнавме до водство од 23-12 и до крајот рутинирано го приведовме овој меч до крајот.
Тројца наши ракометари, Мартин Серафимов, Кристијан Симоноски и Марко Стојковиќ беа стрелци на по шест гола со што беа и беа најефикасни во нашиот состав, воедно и на натпреварот.

Вести

Четврта победа, ја совладавме екипата на РК Струга

РК АЛКАЛОИД – РК СТРУГА   36-29 (17-13)
Сала: Борис Трајковски во Скопје. Судии. Исмаил Металари и Ненад Николовски. Делегат: Драган Начевски.


РК Алкалоид: Трајковски, Галевски, Димевски 1, Маркоски 1, Стојков 4, Младеновиќ 2, Серафимов 9, Стојковиќ 3, Митев 2, Ѓоргиев 2, Иваноски 1, Симоноски 4, Омерагиќ, Тодески, Кофилоски 5, Тодески 2
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 6 мин.


РК Струга: Тутенкоски, Маркоски 5, Савески 1, Блажески 2, Лазаревиќ, Јанкуловски, Ферукоски 3, Дуноски, Ашталкоски, Ѓуровиќ 5, Стрезоски, Маркоски 2, Костоски 3, Цветаноски 8, Рикановиќ, Нацев 
Седмерци: – Исклучувања: 14 мин.

РК Алкалоид ја запиша четвртата првенствена победа од вкупно пет одиграни натпревари со што направи уште еден чекор напред кон пласманот во суперлигашкиот плејоф.
Во натпревар од петтото коло ни гостуваше екипата на РК Струга, тим што се вбројува меѓу кандидатите за место во Плеј оф. 

РК Алкалоид многу подобро го отвори натпреварот. Игравме одлична одбрана што овозможи да се постигнуваат голови од контра напад и по пет минути игра веќе имавме водство од 5-1. Обидите на гостите да се вратат резултатски во игра немаа преголем ефект. Разликата остана, имавме водство од 8-4, 10-5, а на полувреме беше 17-13.

На почетокот на вториот дел, одново одбраната беше на висина, а брзата игра и транзицијата овозможија нова серија од 5-1 и водство од 22-14. Потоа се воспостави рамнотежа, а на десетина минути до крајот, РК Алкалоид поведе и со 10 гола разлика (34-24). 
Во последните минути од натпреварот, струшката екипа успеа да го ублажи поразот и да намали на конечни 36-29. 

Вести

Втора победа за РК Мулти Есенс

РК ОВЧЕ ПОЛЕ – РК МУЛТИ ЕСЕНС  25-33 (11-17)
Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Судии: Марко Огњановски и Дамјан Савиќ. Делегат: Зоран Јовановски


РК Овче Поле: Панев, Петков, Стефановски, Коцевски 3, Даскалов 3, Гичев 3, Цековски 2, Стаменков, Буровски 2, Сентовски, Коцевски, Тодоров, Крстев 8, Конев, Трајчев, Тодосовски 4
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 14 мин.


РК Мулти Есенс: Штаковски, Грујевски, Д. Узунчев 7, Тричковски 3, Алексовски, Ермоноски, Младеновски, Т. Узунчев 2, Митев 5, Проданов, Канг 3, Јорданов 2, Карасманакис 2, Костовски 10, Георгиевски, Иванов
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 14 мин. 

РК Мулти Есенс ја запиша втората победа во прволигашкиот шампионат. По триумфот на домашен терен над РК Шампион, вечерва, РК Мулти Есенс славеше победа и како гостин, над екипата на РК Овче Поле. 
По воведниот период кој беше одбележан со резултатски израмнета игра, РК Мулти Есенс ја презема контролата и од егалот при 6-6, поведе со 8-6, подоцна и 10-7. Оваа разлика беше актуелна до резултат 13-9, а потоа со серија од 4-0, нашиот тим стигна во водство од 17-11 на полувреме и практично во овој период беше прекршен натпреварот. 
Во второто полувреме, во воведните минути резултатска дистанца беше меѓу шест и седум гола, а потоа РК Мулти Есенс поведе и со двоцфрена разлика 28-18 и беа поголеми резултатски турбуленции до до крајот на мечот стигна до посакуваните три бода. 

Вести

Во дербито против РК Вардар останавме без бодови

ВАРДАР 1961 – АЛКАЛОИД   28-25 (12-13)
Сала: „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Начевски и Божиновски. 


РК Вардар: Томовски (11 одб), Манасков 8, Стоилов 4, Моралес 4, Георгиевски 3, Добрковиќ, Карапалевски 3, Чувара, Лазаревски 1, Савревски, Талески 6, Атанасовски, Ќосевски, Мишевски, Гогов
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 10 мин.


РК Алкалоид: Трајковски (13 одб), Галевски, Маркоски 1, Стојков 1, Младеновиќ 2, Серафимов 5, Илиески 2, Стојковиќ 6, Митев 2, Ѓоргиев 1, Симоноски 2, Иваноски 2, Омергаиќ, Тодески, Кофилоски 1, Петковски 1
Седмерци: 3/6 Исклучувања: 4 мин.

Во дерби натпреварот на четвртото коло во Суперлигата, РК Алкалоид гостуваше во СЦ „Јане Сандански“ кај екипата на РК Вардар 1961.

Натпреварот беше резултатски израмнет во текот на целиот тек. Поискусниот домашен тим имаше водство од 7-4 и 12-9, но покажаа карактер нашите млади ракометари, а играта во одбрана и добрата транзиција овозможи да ја преземеме контролата на теренот и со серија од 4-0 на полувреме да се замине со резултат 13-12 за РК Алкалоид.

Не изостанаа возбудувања ниту во второто полувреме. Домашниот состав успеа во еден момент во 45 минута да поведе со 21-17, но по тајм аутот што го побара Кирил Лазаров, нашиот тим со серија од 5-0 одново премина во водство.
Натпреварот беше неизвесен до крајот, а пресуди поголемото искуство на противникот за конечни 28-25.

Вести

Трета победа по ред! Победа на домашен терен против ГРК Охрид

РК АЛКАЛОИД – ГРК ОХРИД 24-22 (полувреме 12-11)
Сала: „Борис Трајковски“ во Скопје. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев. Делегат: Марјан Огњановски
РК Алкалоид: Галевски, Трајковски, Маркоски 1, Стојков 6, Младеновиќ 2, Серафимов 3, Илиески 3, Стојковиќ 1, Митев 1, Ѓоргиев 1, Ивановски, Симоноски 1 Омерагиќ 1, Тодески 2, Кофилоски 1, Петковски 1
Седмерци5/8 : Исклучувања: 2 мин

ГРК Охрид: Цинцадѕе, Василевски, К. Андоновски 1, Цејовиќ 3, Рустамов, Костов., Грубиќ 1, Шипинкоски, Д. Андоноски 2, Ристески, Бошкоски, Тасески 2, Кастратовиќ 1, Наумоски, Озтурк 7, Бојаниќ 5,
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 6 мин.


РК Алкалоид денеска го одигра натпреварот од третото коло во домашната Суперлига. По двете стартни победи, вечерва за прв пат игравме натпревар на домашен терен и прв пат со епитет дерби на колото во најсилната конкуренција. Гостин во СЦ „Борис Трајковски“ ни беше екипата на ГРК Охрид. 

Освоивме многу важни бодови во трката за плејоф и сега со три победи од три одиграни натпревари и натаму сме на првото место во групата.

Првото полувреме мина во израмнета игра во која главно резултатот беше во наша полза (7-5, 10-7, 11-9). На полувреме беше 12-11, а на почетокот на вториот дел со серија од 6-1 стигнавме до највисокото водство од пет гола (17-12). На шест минути до крајот на натпреварот и натаму водевме, имавме резултат 20-17.

Во финишот ја задржавме концентрацијата и победата не беше доведена сериозно во прашање.

Вести

Прва, историска победа за Мулти Есенс

РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК ШАМПИОН   39-26 (20-11)
Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска. Делегат: Митко Ѓоргиевски.
Мулти Есенс: Штаковски, Ерманоски, Грујевски 6, Д. Узунчев 5, Тричковски 2, Велков, Младеновски 1, Т. Узунчев 8, Митев 1, Проданов 2, Канг 2, Јорданов 2, Карасманакис 3, Костовски 4, Георгиевски, Иванов 3
Седмерци: 3/5 Исклучувања: 6 мин.
Шампион: Спирковски, Сотировски, Илиевски, Димовски, Велјановски 7, Сибиновски 7, Дебрешлиоски, Миловановиќ, Трајковски, Костов, Билбиловски 5, Петровски 1, Миновски 3, Богоевски 3, Огненовски, Ѓоргиевски
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 8 мин. 

РК Мулти Есенс запиша победа што во клупската биографија ќе биде запишана како историска, затоа што е извојувана на првиот официјален натпревар од домашното првенство што клубот воопшто го одиграл. 

На дебито, гостин ни беше екипата на РК Шампион од Скопје. По вообичаената почетна израмнетост, брзо ја преземавме контролата и поведовме со три гола (6-3), а потоа и со четири и пет гола разлика (10-6, 11-6). Предноста продолжи да расте и до крајот на полувремето имавме плус девет гола разлика (20-11). 


Во вториот дел уште на почетокот поведовме со двоцифрена разлика и од тој момент, до крајот секогаш резултатот беше на плус 10. Гостите во неколку наврати во финишот се обидоа да се вратат на едноцифрена негатива, но финишот одново ни припадна нам и средбата ја добивме со 13 гола разлика (39-26).
Тодор Узунчев со осум гола беше нашиот најдобар стрелец, а Александар Грујевски постигна шест гола, а Димимитар Узунчев беше стрелец на пет погодоци.