Вести

Лазаров и Стојковиќ: Ќе бидеме претпазливи со Баја Маре, но со голема желба за победа

По крајот на регуларниот дел на Суперлигата, а пред стартот на Плејоф, за РК Алкалоид следи нов предизвик, а тој е во рамките на Европскиот Куп на ЕХФ. Нашиот клуб го игра најважниот натпревар на домашен терен против РК Минаур Баја Маре од Романија, меч за место во полуфиналето во европското натпреварување.

Првиот натпревар во Романија заврши нерешено (31:31) и така РК Алкалоид пред своја публика ќе игра за пласман меѓу најдобрите четири екипи. Свесни за тоа што ги чека и што треба да направат за нов европски успех, на прес-конференција пред натпреварот говореа тренерот Кирил Лазаров и во име на тимот дефанзивецот Марко Стојковиќ.

Кирил Лазаров (тренер на РК Алкалоид):
„Се наоѓаме во период каде што ќе се бориме како клуб за полуфинале во едно европско натпреварување. Овој меч е од големо значење како за клубот, така и за македонскиот ракомет и спорт и внимателно ќе влеземе во реваншот со Баја Маре. Сакам да ја искористам можноста, затоа што немаше во опција во живо да се следи натпреварот, да им честитам на моите играчи за се што доживеаја и поминаа пред, за време и по мечот, против незгодна романска екипа и начинот кој се функционира кога се игра на гостински терен.
Горд сум што одигравме квалитетно и дојдовме до позитивен резултат. Можеби за време на натпреварите не изгледа така, но треба да се има разбирање, затоа што знаејќи од моето искуство, знам што може да се случи на такви гостувања и затоа сакам да ја држам екипата свесна и мотивирана затоа што се работи за екипа 99% македонски играчи, од нив 90% млади и перспективни играчи.

Многу сум внимателен и немирен за тоа што ни следи во недела. Снимката од мечот што ја добивме како клуб е половична, второто полувреме не е снимано и немаме снимка. Ќе се обидеме да се соземеме, да одиграме еден квалитетен натпревар. Секој нивни старт беше на раб на исклучување, а само двапати добија исклучување. Се работи за екипа од репрезентативци, десетина странци.
Мора да вложиме додатен напор за да се пласираме во полуфинале. Очекувам поддршка од симпатизерите. Баја Маре доаѓа два дена порано, им одложија меч во првенството, за да може да се консолидираат. “

Марко Стојковиќ (играч на РК Алкалоид): „Сакам да изразам сочувство до семејствата на жртвите во Кочани, на повредените им посакувам брзо заздравување, во мое име и во името на сите ракометари на РК Аклкалоид. Го анализиравме противникот, максимално се подготвуваме за да извлечеме позитивен резултат за да се пласираме во полуфиналето. Ја повикувам публиката да дојде во голем број и да ни даде поддршка, за на крајот заедно да славиме. Ќе влеземе во мечот внимателно, сакаме да оствариме резултат“

Натпреварот меѓу РК Алкалоид и РК Баја Маре се игра на 30 март во салата „Автокоманда“ во Скопје со почеток од 19:00 часот. Главните судии доаѓаат од Норвешка, тоа се Мадс Далби Фремштад и Јорген Јорштад, додека делегат на натпреварот е Бранка Мариќ од Србија.

Победникот од овој двомеч ќе игра полуфинале во ЕХФ Купот против РК Олимпијакос од Грција или РК Рунар од Норвешка.

Вести

Прес конференција по натпреварот РК Алкалоид – РК Бриксен

РК Алкалоид со втора победа над РК Бриксен од Италија (38:31) се чекира во четврт-финалето на Европскиот Куп на ЕХФ. По натпреварот се одржа стандардната прес-конференција на која говореа тренерите и по еден играч од двете екипи.

КИРИЛ ЛАЗАРОВ (РК Алкалоид, тренер): „Мислам дека заслужено ја поминавме оваа осминафинална пречка, со една брза и полетна екипа, можеби немаше противникот ротација, но тие осум до девет играчи играат квалитетно, тоа се увиде во првото полувреме. На Бриксен му фалеа два до три играчи за да издржи да се носи. Ние го скршивме мечот во 35 минута, се сврти резултатот кон нас. Во првото полувреме во дадени ситуации реагиравме пребрзо, правевме грешки и тоа мора да го поправиме во иднина.“

МАРКО СТОЈКОВИЌ (РК Алкалоид, играч): „Одигравме одличен дуел. Почнавме добро, беше тесно до 35. минута. Играме брзо, ние влечевме исто, во вториот дел го вративме резултатот во наша корист. Имаме уште многу да поправаме за да го кренеме нивото.

РУДОЛФ НОЈНЕР (РК Бриксен, тренер): „Се заблагодарувам на гостопримсотвото во Македонија. Честитки за Алкалоид, тоа е тим нивоа над нас, ние дадовме се од себе и се надевам дека тие ќе имаат успеси во нивните следни настапи на домашната сцена и на Европа“

АНДРЕА БАШИЌ (РК Бриксен, играч): На 40 години да доживеам ваков меч, во ваква атмосфера, секоја чест за Кирил Лазаров и за неговиот тим Алкалоид. Ние дадовме се од себе. За нас овој меч не беше императив, туку се насочивме кон домашните предизвици. Тука вежбавме работи во нашата игра. Честитки уште еднаш за ривалот за победата.“

Вести

ПОБЕДНИЧКИ РЕСТАРТ ЗА РК МУЛТИ ЕСЕНС

РК МУЛТИ ЕСЕНС – ЗГРК ОВЧЕ ПОЛЕ 1958 38:25 (21:12)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Иво Георгиевски и Игор Наумовски. Контролор: Гордана Ѓорѓеска
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ангелески, Попоски 6, Ковачевиќ 4, Насевски 4, Лешникоски 2, Пецаноски, Крстевски 4, Николовски, Каракалашев 6, Гурмешевиќ 6, Тевдовски 3, Тарчуловски 1, Митаноски 1, Гошевски 1, Богоевски.
Седмерци: 2/3. Исклучувања: 4 мин.
ЗГРК ОВЧЕ ПОЛЕ 1958: Коцевски 2, Тодосовски, Димчевски 3, Димитријев 3, Игњатов, Динев, Панев, Ристов 2, Стаменков 12, Стефановски, Денков, Станоев, Димитров 2, Јанев, Ристовски 1, Христовски
Седмерци: 2/6. Исклучувања: 4 мин.

Екипата на РК Мулти Есенс имаше успешен старт на годината и во првиот натпревар по враќањето на терен по Светското првенство (СП), на домашен терен славеше над екипата на ЗГРК Овче Поле 1958 од Свети Николе (38:25).

Избраниците на Миле Бочкаровски на овој натпревар уште од самиот старт наметнаа темпо и ја држеа контролата на играта. Гостинот во Автокоманда во ниту еден наврат не поведе, плусот беше на наша страна од првата па се до последната минута.

На полувремето РК Мулти Есенс имаше предност од 21-12, па така вториот дел беше можност за тренерот да им даде шанса и да ги испроба сите играчи во ростерот, но тоа не влијаеше на конечниот резултат. Највисоката предност која тимот ја имаше на овој дуел беше онаа конечната, од 13 гола.

Најдобри стрелци на мечот беа Бобан Поповски, Марко Каракалашев и Христијан Ѓурмешевиќ, тројцата постигнаа по шест гола во противничката мрежа, а ги следеа уште три израмнети имиња, тоа беа Ковачевиќ, Насевски и Крстевски кои имаа по четири гола.

Вести

Најефикасна победа за РК Алкалоид сезонава!

РК РАДОВИШ – РК АЛКАЛОИД 21-46 (9-25)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Силвана Карбеска и Марија Илиева. Делегат: Владимир Саздовски
РК Радовиш: Ристов, Костадиновски, Петров 2, Ѓорѓиев 1, Постолов, Марковиќ, Јанковски 1, Соколов 2, Стојаноски, Ѓорѓиев, Стојанов 1, Талевски 2, Трајанов 3, Ончев 3, Костадинов 3, Атанасов 3.
Седмерци: 3/5. Исклучувања: 4 мин.
РК Алкалоид: Кизиќ, Трајкоски, Петров 1, Младеновиќ 6, Серафимов 1, Карасманакис 1, Стојковиќ 3, Ѓорѓиев 3, Симоноски 3, Бинго 4, Франциско 4, Петковски 8, Савревски 4, Гарбески 7, Ковачевиќ 1.
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 8 мин.

РК Алкалоид се врати во колосек во Суперлигата и пак е на лидерското место. Нашиот тим во рамки на 13. рунда како потенцијален домаќин во Автокоманда беше подобар од РК Радовиш, кого го совлада со 46-20 (25-9) во најефикасниот натпревар сезонава во сите конкуренции.

Во салата „Автокоманда“ се играше брзо и без многу прекини и немаше неизвесност, а од почетокот па до крајот резултатот беше на страната на нашата екипа. РК Радовиш само неколку минути беше во егал, па потоа РК Алкалоид откако замина на 10-4, константно ја зголемуваше предноста.

Во средината на првиот дел беше 16-9, а до полувремето Алкалоид со девет гола во серија дојде на високи 25-9. Во второто полувреме продолжи ефикасната игра, која ни донесе висока победа. Тренерот Лазаров им даде шанса на сите ракометари и сите се запишаа во листата на стрелците. Меѓу нив беа и младите Максим Гарбески (7) и Марко Ковачевиќ (1).

Во следното коло од Суперлигата, РК Алкалоид го очекува дуел со РК Бутел Скопје.

Вести

Лазаров и Галевски: Следната фаза беше нашата зацртана цел

РК Алкалоид ја оствари целта и со две победи над РК Вест Виена од Австрија патува во осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп. По вториот дуел во „Автокоманда“ кој заврши со резултат 32-29 за нашиот тим, се одржа прес-конференција пред медиумите на која говореа од таборот на двата тима.

Кирил Лазаров, тренер на РК Алкалоид: „Најважно од се ни беше да се пласираме во следната фаза и тоа го остваривме. Игравме против една квалитетна и млада екипа од Австрија која покажа на сите нас како се игра и како се бори до последен здив, на специјален и модерен начин. Ми се допадна нивниот менталитет, дека не се предадоа во ниеден момент, иако првиот дуел го загубија со 11 разлика. Им дадов шанса на сите играчи во овие два натпревари, знаев дека во моментов сме подобар и поискусен тим, малку и ризикувавме, но треба да знаеме со што располагаме. Морам да кажам дека сум незадоволен од презентацијата на неколкумина наши играчи, треба да работиме и сите да се свесни дека мора да менуваме стари навики доколку сакаме да бидеме на ниво кое јас како тренер го посакувам и ние како клуб Алкалоид го посакуваме. Загрижен сум, затоа што во иднина не очекуваат потешки натпревари. Околу следната фаза, не ги знам сите имиња на можните ривали. Но, од оние кои се тука, скандинавските екипи ни се непознаница, би сакал да го избегнеме Олимпијакос, но ќе видиме кога ќе ја добиеме целата листа. “

Иван Галевски, играч на РК Алкалоид: „Ова беше едно огромно искуство за нас, против себе имавме одлична екипа. Во 24 часа да одиграш два меча со противник не е лесно. Ние зад нас оставивме тешка недела во домашното првенство, но благодарение на стручниот штаб добро бевме подготвени за РК Вест Виена. Имавме задача, се израдувавме на две победи и така патуваме во следната фаза на Европскиот куп на ЕХФ.“

Роланд Мароушек, тренер на РК Вест Виена: „Сакам да се заблагодарам за одличниот прием од страна на РК Алкалоид во Скопје. Среќни сме што бевме тука и за нас ова беше едно позитивно искуство и патување. Имаме млад тим и одиме дома задоволни. Честитки за ривалот, Алкалоид беше подобар од нас и му посакувам на тимот добри настапи и во следната рунда. Ако го согледаме квалитетот на тимовите, имавме добар втор натпревар. Ние сме, сепак, млад тим, за нас ова беше една лекција. Игравме лани во Втората лига, дојдовме до Европа со освојување на Купот на Австрија. Овие дуели беа добри за нас“

Пол Фајфер, играч на РК Вест Виена: „Тренерот кажа доволно, имавме доста грешки во првиот меч во нападот и затоа немавме големи шанси. Уште во првите минути ривалот избега на висока разлика, но сега бевме многу подобри во овој втор меч. Одбраната исто беше доста подобрена, не му дозволивме на ривалот да дава лесни голови. Да се игра против поискусен ривал беше одлично искуство за нас“

Ждрепката за осминафиналето на ЕХФ Европскиот Куп е закажана на 3 декември. Натпреварите од осминафиналната фаза се играат во средината и на крајот на месец февруари 2025 година.

Вести

Лазаров и Карасманакис: Добро ја решивме првата европска задача

РК Алкалоид ја оствари целта и се пласира во третото коло на Европскиот куп на ЕХФ. По реваншот со РК Драгунас Клаипеда и гостинската победа во Литванија (37-31), имперсиите од натпреварот ги изнесоа нашиот тренер Кирил Лазаров и кружниот напаѓач Валентин Карасманакис.

КИРИЛ ЛАЗАРОВ: „Не е лесно да се победи било кој противник на гости, посебно во еден европски куп. Победата ја остваривме со стил, во 22. минута имавме девет разлика, потоа дојде до некое опуштање и се мачевме цел натпревар. Меѓутоа, сите овие работи се нови за нашите играчи, имам разбирање, треба да учиме од грешките. Победивме една квалитетна екипа која физички трча 60 минути и не е лесно да се подговиш за неа. Иако ова е прво европско коло, горд сум на она кое го направивме. Посебно во последните седум дена во кои имавме три средби кои доста бараа од нас.

Анализирајќи го противникот, првата средба беше потешка. Увидов дека се работи за квалитетен ривал кој знае што сака. Шпанскиот систем донел ред во овие четири до пет месеци, многумина ме гледаа како смешен кога кажав дека треба да се биде претпазлив. Влеговме дисциплинирано, успеавме да поставиме една добра залиха во Скопје која ни даде да спиеме мирно. Сакавме да победиме и на реваншот, тука ни беше полесно да играме, затоа што знаевме што не очекува.

Ни следи ждрепката од третото коло, имаме свои желби, за да имаме и поголеми шанси. Меѓутоа кој и да ни падне на ждрепката, нема ние да се си ставаме некаков товар. Важно ни е ние да одиме напред и нашиот систем да функционира. Нема да излеземе на терен со бело знаме, без разлика на името и на квалитетот на противникот“

ВАЛЕНТИН КАРАСМАНАКИС: „Одигравме еден тежок натпревар. Ја имавме нашата предност од првиот меч, но и покрај тоа знаевме дека противникот ќе даде 1000% затоа што игра пред својата публика. Нашата задача успеавме да си ја завршиме и да се пласираме во следната фаза. Имавме грешки на овој натпревар, но знам дека ќе ги поправиме на следните дуели кои ни следат. Овој меч во Литванија ни беше потежок од оној во Скопје“