Вести

БЛЕСКАВО ВТОРО ПОЛУВРЕМЕ, ГРАДСКИОТ ДУЕЛ ЗА РК МУЛТИ ЕСЕНС

-->

РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК СКОПЈЕ 2020 32-20 (12-12)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 100. Судии: Спаско Ќаев и Глигор Ќаев Делегат: Ацо Николовски

РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Димевски 11, Костовски 3, Илиески 5, Насевски 1, Д. Узунчев 6, Петрески 1, Трајчев, Цветковски, Иваноски 3, Трајковски, Тодески, Т. Узунчев, 1 Јорданов, Стојчевиќ 1.
Седмерци: 2/2. Исклучувања: 12м.

РК СКОПЈЕ 2020: Стојкоски, Грујевски, Чакалиќ 2, Тркалевски 1, Јакимовски 1, Шокоски 7, Стојкоски, Фичорски 3, Пешкирски, Стојановски 2, Ристески 1, Павлов 2, Рангелов, Божиновски 1.
Седмерци: 1/2. Исклучувања: 6м.

Натпреварот во „Автокоманда“ во првиот дел мина во знакот на изедначеноста. Дури девет пати резултатот беше изедначен, а во два наврати нашиот тим имаше плус од два гола. Беше 5-3, 10-8, па 11-9, но до финишот на првиот дел гостите на РК Скопје 2020 успеаја да дојдат до 12-12. Одличен во првиот дел беше голманот Ѓорѓи Ерманоски кој фати осум топки.

На стартот на вториот дел Стефан Стојчевиќ доби црвен картон поради трето исклучување, но нашиот тим фати ритам. Од 13-14, ракометарите на Мулти Есенс дадоа пет гола во низа, за високи 18-14. Одлична беше одбраната, се украдоа три топки и три од петте гола беа дадени по пресечени топки. Скопје во понатамошниот дел од мечот продолжи да греши, нашиот тим го казни тоа, за комплетирање на серијата 12-1 во 48. минута и 25-15.

До крајот на натпреварот немаше дилеми кој ќе биде победникот на овој дуел во рамки на плеј-аутот од Суперлигата, а нашиот тренер Миле Бочкаровски им даде шанса на сите ракометари да влезат во игра. За РК Мулти Есенс ова беше четврта победа во вториот дел од сезоната. Во следната рунда нашиот тим гостува кај МРК Куманово.