Вести
БЕЗ БОДОВИ ВО ДЕРБИТО НА КОЛОТО
РК АЛКАЛОИД – РК Е. ПЕЛИСТЕР 25-35 (12-16)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 1000. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Делегат: Марјан Начевски.
РК АЛКАЛОИД: Галевски 1, Трајкоски, Џонов 3, Петров 1, Маркоски, Младеновиќ 2, Серафимов 5, Карасманакис 2, М. Митев 1, Ѓоргиев, Велковски 4, Бинго, Кофиловски, Д. Митев 6, Савревски, Димовски
Седмерци: 6/7 . Исклучувања: 6 мин.
РК Е. ПЕЛИСТЕР: Лесјак, Гедбане, Манасков 3, Цехте 12, Кузманоски, Тајник 3, Борзаш 3, Танкоски, Радивојевиќ 6, Кузмановски 4, Петровиќ, Пе. Атанасијевиќ, Ѓорговски, Васиљев, Пешевски 4, Па. Атанасијевиќ
Седмерци: 3/3. Исклучувања: 14 мин.
РК Алкалоид добро тргна пред домашната публика и му парираше на противникот. Се играше гол за гол во воведните петнаесетина минути, а играта беше брза и ефикасна и на двете страни. Беше изедначено до 7-7, а потоа неколку промашувања на нашиот тим дозволија ривалот од Битола да се одлепи на 7-11 со четири гола во серија.
Таа позитива од четири гола Пелистер ја задржа и до полувремето (12-16), а на стартот на второто полувреме РК Алкалоид делуваше поразиграно, се врати од шокот и се доближи на негатива од два гола (17-19). Сепак, една погодена статива и одбрана на противничкиот голман Лесјак на гостинот му донесоа од 18-20, враќање на плусот од претходно – 18-22.
Во последните петнаесет минути од мечот, ривалот од Битола ја одбрани предноста во „Автокоманда“ и ги освои бодовите и покрај напорите на нашиот тим да се влезе пак во егал во натпреварот. Во следното коло РК Алкалоид го чека нов домашен натпревар, овој пат против РК Пролет 62.