Вести

РК Мулти Есенс одигра без победник со РК Е. Пелистер 2

РК Е. ПЕЛИСТЕР 2 – РК МУЛТИ ЕСЕНС 34-34 (16-14)
Сала: „Р.Р. Ричко“ во Прилеп. Судии: Седлоски и Ангелески. Делегат: Огненов
РК Е. ПЕЛИСТЕР 2: Штаковски, Марковски 3, Талески 3, Ристевски 1, Митревски, Мирчевски, Младенов, Димитровски, Трпчевски 6, Калајџиески 4, Ивановски 7, Белистојановски 3, Југовски 1, Мијушковиќ 6, Хаџиќ
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 12 мин.

РК МУЛТИ ЕСЕНС: Василевски, Ерманоски, Димевски 6, Костовски 4, Илиески 5, Петковски, Петрески 1, Трајчев, Трајковски, Ѓоргиевски, Тодески, Узунчев, Димовски 6, Јорданов 9, Карасманакис 3
Седмерци: 4/4 Исклучивања: 6 мин.


По победата над Кокс од Финска во првото коло, РК Мулти Есенс денеска во второто коло од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ што се одржува во Прилеп се сретна со македонскиот суперлигаш Е. Пелистер 2.

Оваа средба заврши без победник 34:34 откако во текот на целиот натпревар се водеше израмнета битка. По резултатски израмнетото прво полувреме кое заврши со резултат 16:24 за Е. Пелистер, битолскиот тим водеше и во поголемиот дел од второто полувреме. Но, нашите млади ракометари не попуштија, постојано се враќаа во игра, а пред крајот на натпреварот направија серија од 6-1 со која за момент и го преземаа водството.


На крајот, бодовите беа поделени со гол постигнат на помалку од десет секунди до крајот.
Олег Јорданов со девет гола и Давид Димевски и Мартин Димовски со по шест беа најефикасните ракометари на нашиот тим.

Утре, во рамките на последното коло од групата РК Мулти Есенс ќе игра со екипата на РК Тинекс Пролет. Почетокот на овој меч е закажан за 15:00 часот.

Вести

РК Мулти Есенс со победа над Кокс стартуваше во Прилеп

РК МУЛТИ ЕСЕНС – КОКС 29-26 (16-14)
Сала: „Р. Р Ричко“ во Прилеп. Судии: Михајло Илиевски и Методија Илиевски. Делегат: Саше Јанкуловски.
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Василевски, Димевски 1, Костовски 6, Илиески, Петковски, Петревски, Трајчев, Омерагиќ, Георгиевски, Тодески 3, Т. Узунчев, Димовски 8, Трајковски, Карасманакис 8, Јорданов 1
Седмерци: 4/6 Исклучувања: 10 мин.

КОКС: Шицко, Урло, Сантош 3, Фекете 5, Халман 1, Горичанец 1, Шпиљак 2, Герго 1, Локмачук 3, Ненита, Башариќ, Ропе 1, Матила 1, Дуда 5
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 8 мин.

РК Мулти Есенс одигра одличен натпревар во првото коло од меморијалниот турнир во Прилеп и го совлада вицепрвакот на Финска, екипата на Кокс со резултат 29:26.
Нашиот млад тим го диктираше резултатот во текот на целиот натпревар. Во првиот дел имавме предност од 7:6, 9:7, 13:10, а на полувреме беше 16:14.
Клучната разлика нашиот тим ја направи во последните 15 минути од мечот, откако поведе со 23-19. До крајот на мечот постојано водеше со разлика до четири гола.
Мартин Димовски и Валентин Карасманакис со по осум гола беа најефикасни во нашиот тим, додека Михајло Костовски беше стрелец на шест погодоци.
Утре, во рамките на второто коло со почеток од 13:00 часот, РК Мулти Есенс ќе игра против екипата на РК Е. Пелистер 2

Вести

РК Алкалоид го одигра првиот тест меч во Хрватска

РК НЕКСЕ – РК АЛКАЛОИД 29:21 (18:10)
Сала: ОУ „Крал Томислав“ во Нашице, Хрватска. Судии: Томислав Циндриќ и Роберт Гонзурек од Осиек, Хрватска
РК Нексе: Кузмановиќ (8 одб), Цар 1 (7 одб), Рачиќ 1, Бакиќ 1, Вејин 1, Маргуч 2, Јотиќ 1, Мичевиќ 1, Велкаврх, Безјак, Штрлек 7, Томиќ 2, Кохен 6, Мелиќ 2, Прибетиќ 3
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 10 мин.

РК Алкалоид: Ромеро (6 одб), Трајковски, Галевски, Маркоски, Стојков 4, Младеновиќ 3, Серафимов 2, Стојчевиќ, Стојковиќ 1, Митев 5, Ѓоргиев 2, Омерагиќ 1, Бинго 1, Петковски, Савревски 1
Седмерци: 2/7 Исклучувања: 4 мин.

РК Алкалоид го одигра првиот контролен натпревар во рамките на гостувањето во Хрватска. Нашиот тим беше гостин во Нашице каде што се сретна со звучно засилената домашна екипа, РК Нексе.
Мечот против РК Нексе заврши со резултат 21 : 29 во корист на хрватската екипа.
Двата тима одиграа брз, атрактивен ракомет во кој пресуди поголемото искуство на домашниот состав и слабата реализација, особено на ударите од седум метри на нашиот тим.
Следен дуел на РК Алкалоид е со шампионот на Хрватска, ППД Загреб. Средбата ќе се игра во Загреб во сабота (26.8.2023) со почеток од 18:00 часот.

Вести

РК Алкалоид на мини турнеја во Хрватска

РК Алкалоид ја почнува последната фаза од подготовките пред претстојната сезона во македонската Суперлига и во Европската лига на EHF.
Нашиот тим е во Хрватска, каде што ќе одигра четири контролни натпревари.
Во четврток (24.8.2023) на првиот натпревар, во Нашице ќе играме со екипата на РК Нексе.
Во сабота (26.8.2023) ќе играме против РК ППД Загреб во Загреб, во недела (27.8.2023) ќе играме против екипата на РК Сесвете, а во вторник (29.8.2023) ќе гостуваме во Словенија, каде што е предвиден меч со екипата на РК Добова.

Вести

Второ место за РК Алкалоид на турнирот во Струга

РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961 20-25 (11-12)
Струга. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Душко Камишевски
РК Алкалоид: Ромеро (8 одб), Трајковски (4 одб), Џонов 1, Маркоски 1, Стојков 1, Младеновиќ 1, Серафимов 8, Стојчевиќ, Стојковиќ 2, Митев 2, Ѓоргиев 3, Велковски, Омерагиќ, Бинго, Кофилоски, Савревски 1

РК Вардар 1961
: Томовски (12 одб), Јагуриноски 1, Аларов, Георгиевски 1, Карапалески, Ансер, Лазаревски 2, Срдановиќ 14, Николиќ 1, Петриќ 2, Ѓукиќ, Алонсо, Мело, Мишевски, Гогов, Јашухира 4

РК Алкалоид го освои второто место на Меѓународниот турнир во Струга, на кој учествува по втор пат. Во финалето кое се играше и на отвореното игралиште и од каде поради дожд се премести во сала, нашиот тим се сретна со екипата на РК Вардар 1961.
Натпреварот беше израмнет во целиот тек и ниту една екипа не успеа да направи водство поголемо од два гола разлика, сѐ до последните две минути.
РК Алкалоид го диктираше резултатот во воведните минути, но противникот успеа да направи мини серија и да поведе со 7-5 пред мечот да биде прекинат.
По повеќе од половина час прекин средбата продолжи во сала, а на полувреме резултатот беше 11-12.


Нашиот тим подобро отвори и во вториот дел и премина во водство 13-12. Потоа се играше израмнето, гол за гол, а во самиот финиш, при негатива од 20-21 не реализиравме чисти ситуации и како епилог на тоа мечот заврши со резултат 20-25.

Натпреварите на турнирот во Струга беа први контролни натпревари за нашиот тим во подготовките. Продолжуваме со тест средби што овој пат ќе ги играме во Хрватска, против најдобрите хрватски екипи.

Вести

РК Алкалоид ќе игра во финалето на турнирот „Струга 2023“

РК АЛКАЛОИД – АЕК 26:23 (13:15)
Игралиште „Горан Попоски Бабец“ во Струга. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Славчо Каланоски
РК АЛКАЛОИД: Ромеро (7 одб), Трајковски (4 одб), Џонов 1, Маркоски 2, Стојков 2, Младеновиќ 3, Серафимов 5, Стојчевиќ, М. Митев 4, Ѓоргиев 1, Велковски 3, Симоноски, Омерагиќ, Бинго 4, Кофилоски, Савревски

РК Алкалоид ја запиша и втората победа на Меѓународниот турнир „Струга 2023“. Нашиот тим во второто коло се сретна со првакот на Грција, АЕК Атина и забележа победа од 26-23.
РК Алкалоид подобро го отвори натпреварот и доминираше во првите 15-тина минути од средбата. Голманот Благојче Трајковски и бекот Михајло Младеновиќ имаа свои добри моменти и го понесоа тимот кон водство од 9-5.
По ова грчкиот состав се врати во игра и успеа да израмни на 10-10, а на полувреме резултатот беше 13-15.


Во вториот дел се водеше поостра борба, во која РК Алкалоид како изминуваше времето играше сѐ посигурно. Додадена вредност во нашата игра беше голманот Алехандро Ромеро кој во неколку наврати одлично интервенираше и го понесе тимот.
РК Алкалоид израмни на 21-21, потоа на 23-23 и во финишот со серија од 3-0 го реши победникот.

Оваа победа значи и пласман во финале на турнирот каде што ќе се сретнеме со екипата на Вардар 1961.