Вести

РК Мулти Есенс останува на 100 проценти

РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК МЕТАЛУРГ РА  29-28 (18-14)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Александар Вукашиновски и Мирко Трајковски. Делегат: Бобан Мајнов
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Штаковски, Ерманоски, Димевски, Грујевски 2, Д. Узунчев 6, Тричковски 3, Омерагиќ 3, Алексовски, Младеновски, Т. Узунчев 2, Јорданов 5, Карасманакис 2, Ниновски 1, Костовски 2, Трајчев, Иванов 3
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 6 мин.
РК МЕТАЛУРГ РА: Ангеловски, Божиновски 1, Георгиевски 9, Јанкуловски, Филиповски 1, Пановски 2, Аксентиев, Ристовски 3, Стојчевски, Ивчески, Петковски 6, Гацев, Наумовски 1, Колевски 3, Јосифовски, Гилев 2
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 4 мин.

РК Мулти Есенс стигна до својата десетта-плејоф победа, вкупно 18 победа во годинешниот шампионат. Денеска нашиот тим го совлада РК Металург РА на натпревар што беше динамичен и со интересна завршница во која нашиот тим имаше повеќе концентрација и не дозволи вистинска резултатска драма.

РК Мулти Есенс го контролираше резултатот во целот на најголемиот дел од натпреварот. Во првото полувреме беше поконкретен тим од почетокот и поведе со 9-4. Но, гостинскиот состав успеа да се одржи во игра, иако водството од три до четири гола беше константно. На полувреме се замина со резултат 18-14 за нашиот состав.

Во второто полувреме, гостите успеаја од негатива 19-22 да направат пресврт и да поведат со 24-23. РК Мулти Есенс веднаш возврати, постигна два гола по ред за ново водство од 25-24, а потоа во финишот на мечот, по израмнувањето на 26-26 со серија од 3-0 стигна до водство од 29-26 кое беше недостижно за противникот, кој пак со гол во последната секунда, успеа да се избори за минимален пораз.

Вести

РК Алкалоид со цел плен се враќа од Битола

РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК АЛКАЛОИД 30-35 (10-15)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески. Делегат: Камер Металари
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР: Бошњак, Јовановски, Ристевски 7, Јовановски, Димовски, Печурица, Димитровски 3, Талевски 1, Петровиќ 8, Ивановски 7, Буторац, Белистојановски 2, Ристевски, Мијушковиќ 2, Блажевски
Седмерци: 4/7 Исклучувања: 10 мин.
РК АЛКАЛОИД: Трајковски, Галевски, Стојков 4, Младеновиќ 1, Серафимов 7, Илиески 7, Стојковиќ, М. Митев 4, Ѓоргиев 3, Симоноски 2, Омерагиќ, Тодески, Кофилоски 2, Петковски 5, Савревски
Седмерци: 5/5 Исклучувања: 8 мин

РК Алкалоид ја запиша својата четврта плејоф победа. Денеска на гостински терен во Битола, на првото одмерување на силите со Е. Пелистер 2, нашиот тим, иако со малку изменет состав, запиша сигурна победа и стигна до 15 освоени плејоф бодови.


РК Алкалоид комплетно го контролираше резултатот и развојот на настаните на теренот во салата „Боро Чурлевски“. Израмнето беше во воведните минути, а потоа нашиот тим поведе со три гола разлика (9-6), а кратко потоа поведе и со четири гола разлика (14-10), за до крајот на полувремето да има водство од 20-15.
Во вториот дел, нашиот тим умешно ја чуваше предноста и во ниту еден момент не беше реално загрозено водството.


Божидар Илиески и Мартин Серафимов денеска беа најрасположени стрелци со по седум постигнати голови. Крилата Александар Петковски и Александар Стојков постигнаа по четири погодоци.

Вести

Победнички старт во плејоф за РК Мулти Есенс

РК АСТРАИОН – РК МУЛТИ ЕСЕНС 22-30 (9-13)


Сала: „Парк“ во Струмица. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски. Делегат: Златко Локвенец
РК АСТРАИОН: Перовановиќ 1, Георгиев 1, Иванов, Ефтимов 1, Наков 4, К. Катранџиев 1, Д. Катранџиев 1, Мастев 1, Ефтимов 2, Црнев 3, Наумов, Стојанов 5, Пандев 2, Ангелов, Гогов
Седмерци: 4/6 Исклучувања: 6 мин.


РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Штаковски, Димевски 2, Димитриевски, Д. Узунчев 6, Тричковски 1, Омерагиќ 9, Велков, Младеновски, Т. Узунчев, Јорданов 3, Карасманакис 1, Ниновски 3, Костовски 5, Георгиевски, Трајчев
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 16 мин.

Серијата на победи на РК Мулти Есенс продолжи и во плејоф-шампионатот. РК Мулти Есенс ја запиша својата 17 победа од 17 одиграни натпревари.
Во оваа фаза од натпреварувањето се сметаат само дуелите со екипите што се пласираа во плејоф, а вечерашната против Астраион во Струмица беше прва против екипа од групата „Б“ или вкупно деветта на плејоф-табелата.

Првото гостување во разигурвањето со екипите од групата „А“ мина во малку поблага доминација на РК Мулти Есенс. Резултатски, водството што нашиот тим го оствари уште во воведните минути (5-1) во ниту еден период од натпреварот не беше доведено во реална опасност.
Домашниот состав неколкупати во првиот и на почетокот на вториот дел успеваше да намали на разлика од три гола (6-9, 9-12, 14-17), но тоа беше и најмногу што успеваше резултатски да се доближи.


Предводен од Дарин Омерагиќ и Димитар Узунчев, нашиот тим во последната третина од натпреварот го зголеми водството на пет гола (22-17) и од тој момент тоа беше најниската граница.
Мечот имаше рутинска завршница во која РК Мулти Есенс стигна до победа од осум гола разлика (30-22).

Вести

РК Алкалоид одново подобар од РК Бутел Скопје

РК АЛКАЛОИД – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ 22-19 (12-8)
Сала:„ Автокоманда“ во Скопје. Судии: Методија Илиевски и Михајло Илиевски. Делегат: Камер Металари


РК АЛКАЛОИД: Галевски, Трајковски, Џонов 4, Петров, Маркоски, Младеновиќ 1, Серафимов 6, Стојковиќ 1, М. Митев 5, Ѓоргиев 2, Иваноски, Омерагиќ, Кофилоски 1, Петковски 1, Д. Митев, Савревски
Седмерци: 6/7 Исклучувања: 12 мин.


БУТЕЛ СКОЈЕ: Симјановски, Субашевски, Младеновски 1, Стојановски, Георгиевски 2, Николов 7, Мојсоски, Спасовски 3, Стојчевиќ, Манасков 3, Блажевски, Јефтиќ 3, Василевски, Михајловиќ, Мајиќ
Седмерци: 5/5 Исклучувања: 10 мин.

РК Алкалоид и РК Бутел Скопје, само една недела по натпреварот од Куп на Македонија, одново се сретнаа на терен, но овој пат во битка за првенствени бодови.
Епилогот е ист, повторно победи нашиот тим, овој пат со помалку резултатска неизвесност, но исто како и пред една недела со голема и беспоштедна борба на теренот.

Нашиот тим подобро го почна мечот, поведовме со 4-1, но гостинскиот состав успеа да се врати во игра, дури и да израмни (7-7), но ниту еднаш на овој меч РК Алкалоид не беше во негатива.
Кратко по ова, РК Алкалоид одново ја презема контролата и на одмор замина со предност од четири гола разлика (12-8).

И во второто полувреме се играше со силни дуели, напнатост и резултатски возбудувања поизразено имаше во првата фаза од полувремето. Гостинскиот состав успеа да израмни и во еден краток период се играше во резултатски егал.
Но, во клучниот период од натпреварот, понесени од добрата одбрана, одличните интервенции на голманот Благојче Трајкоски и луцидните погодоци на Марко Митев, нашиот тим одново ја презема резултатската контрола и поведе со 21-17. По ова рутински го приведе мечот до крајот и конечните 22-19.
Сега РК Алкалоид се зацврсти на третото место на табелата со 12 освоени бодови пред гостувањето во Битола, кај екипата на Е. Пелистер 2.

Вести

РК Алкалоид се пласираше на Ф4!

РК ВАРДАР НЕГОТИНО – РК АЛКАЛОИД 23:36 (16:17)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Глигор Ќаев и Спаско Ќаев. Делегат: Ацо Николовски
РК ВАРДАР НЕГОТИНО: Ацев, Михајловиќ, Ташев, Ѓорѓев, Кузманов 4, Орешков 1, Митевски 3, Ангелов, Емини, Петров, Кочаров 1, Адамовиќ 9, Пеовски 3, Матовски 2
Седмерци: 3/5 Исклучувања: 4 мин.


РК АЛКАЛОИД: Галевски, Трајковски, Стојков 6, Младеновиќ 2, Серафимов, Илиески, Стојковиќ 4, М. Митев 4, Ѓоргиев 1, Иваноски 1, Симоноски 4, Омерагиќ, Тодески 1, Кофилоски 4, Д. Митев 7, Савревски 2
Седмерци: 5/6 Исклучувања: 8 мин.

РК Алкалоид се пласираше на фајналфор-турнирот од Купот на Македонија за прв пат во својата историја. Вечерва, во финалето на групата што се играше во Автокоманда, РК Алкалоид го совлада РК Вардар Неготино и го верификуваше пласманот меѓу четирите најдобри екипи во ова натпреварување.

Тренерот Кирил Лазаров за денешното финале го комбинираше составот. Неколку ракометари кои вчера на дуелот со Бутел Скопје водеа исцрпувачки дуели, денеска беа поштедени, а шанса вечерва добија други играчи од ростерот.


Тоа во извесна мерка придонесе во првото полувреме да се игра резултатски израмнет натпревар, во кој сепак, РК Алкалоид беше екипата која го контролираше резултатот.
На полувреме резултатот беше 17:16 за РК Алкалоид, а сите дилеми околу конечниот победник беа отстранети по само пет минути игра во второто полувреме. Составот на РК Неготино во првите пет и пол минути не успеа да постигне гол, РК Алкалоид постигна четири и поведе со 21-16 што беше клучната резултатска пресвртница на овој натпревар.


Во продолжението, до крајот на средбата, РК Алкалоид без резултатски падови, во целост ги контролираше сите случувања на теренот и запиша висока победа од 36:23.
Најдобар стрелец на овој меч за нашиот тим, со седум постигнати погодоци беше младиот Дамјан Митев кој прв пат доби шанса да игра со поголема одговорност и минутажа. Зад него на листата на стрелци е крилото Александар Стојков со шест погодоци.

Во продолжението на Купот на Македонија, РК Алкалоид на фајналфор-турнирот ќе се оди заедно со екипите на РК Т. Пролет, РК Вардар 1961 и РК Е. Пелистер

Вести

РК Алкалоид е во финале на група од Куп на Македонија!


РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК АЛКАЛОИД 24-25 (13-13)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев. Делегат: Цане Куртовиќ
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Симјановски, Субашевски, Младеновски, Стојановски, Георгиевски 1, Крстевски 3, Мојсоски, Спасовски 2, Стојчевиќ, Манасков 3, Блажевски, Јефтиќ 5, Василевски 1, Мајиќ 5, Николов 4
Седмерци: 5/7 Исклучувања: 14 мин.


РК АЛКАЛОИД: Галевски, Трајковски, Џонов 3, Петров, Маркоски 1, Младеновиќ, Серафимов 11, Стојковиќ 3, Митев 1, Ѓоргиев 1, Иваноски, Омерагиќ, КОфилоски 1, Петковски 1, Савревски 3, Д. Митев
Седмерци: 7/7 Исклучувања: 4 мин.

РК Алкалоид се пласираше во финалето на групата што се игра во „Автокоманда“ откако вечерва во натпревар со драматична завршница го елиминираше тимот на РК Бутел Скопје.
РК Алкалоид славеше минимална победа (25-24) со гол што го постигна од додавање – цепелин, во последните секунди од натпреварот. Стрелец на тој погодок беше Мартин Серафимов, најефикасниот играч на теренот со 11 постигнати голови.

Претходно во текот на целиот натпревар, нашиот тим имаше контрола врз резултатот и водство, иако таа разлика не беше висока и не гарантираше мирна завршница.
Гол за гол се играше во најголемиот дел од второто полувреме, со тоа што РК Бутел Скопје поведе само еднаш (15-14), а потоа постојано во водство беше РК Алкалоид, на моменти со два гола разлика (20-18, 22-20), на моменти со еден гол, а неколкупати резултатот беше израмнет.
Во последната минута, РК Алкалоид пропушти шанса да поведе, па напад при нерешено имаше и РК Бутел Скопје, а и тој не беше реализиран, за во последните 10 секунди по тајм аутот на тренерот Кирил Лазаров, РК Алкалоид да организира напад со додавање за цепелин што Серафимов го реализираше за победнички гол и пласман во финалето.

Утре во директниот меч за пласман на „Ф4“ турнирот од Куп на Македонија, РК Алкалоид ќе се сретне со екипата на Вардар Неготино. Неготинскиот состав денеска го елиминираше тимот на РК Прилеп (29-28).
Финалето меѓу РК Алкалоид и РК Вардар Неготино ќе се игра утре, (недела, 19.3.2023) со почеток од 18:00 часот во салата „Автокоманда“.