Вести

По Суперкупот, победа на РК Алкалоид и на супердербито

РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961 33-30 (18-17)
Сала: Авотокоманда“ во Скопје. Судии: Михајло Илиевски и Методија Илиевски. Делегат: Драган Начевски
РК АЛКАЛОИД: Галевски (5/1 одб), Кизиќ (3 одб), Џонов 2, Маркоски, Костески 6, Младеновиќ, Серафимов 8, Карасманакис, Стојковиќ 1, Митев 8, Ѓоргиев 4, Велковски 1, Симоноски 2, Бинго 1, Силва, Петковски
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 10 мин.
РК ВАРДАР 1961: Еспиња (7 одб), Гогов, Јагуриновски, Аларов, Стојановски, Георгиевски 4, Ансер, Крсманчиќ 2, Танкоски 3, Коиј 2, Лазаревски 6, Горига 5, Срдановиќ 3, Николиќ 1, Маргели 4, Ќосевски
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 4 мин.

По триумфот во Суперкуп натпреварот над Еурофарм Пелистер од 33-30, РК Алкалоид со идентична победа од 33-30 стартуваше и во Суперлигата и тоа на големиот дерби натпревар со РК Вардар 1961.
Двата тима на почетокот на натпреварот демонстрираа ракомет со брза транзиција и кратки и ефектни напади. Тоа е игра што повеќе му одговараше на нашиот тим и по 12 минути поведовме со три гола разлика (8-5), а тренерот на противничкиот тим побара тајм аут, по што и ритамот на играње се смири.


Следеше период во кој РК Алкалоид диктираше резултат, но РК Вардар беше успеваше и да израмни, а само во еден момент и да поведе. Но, на одмор се замина со гол предност за РК Алкалоид благодарение на ефектниот погодок на Никола Костески.
Нашиот тим одново ја преземе контролата во второто полувреме. Нападот предводен од Марко Митев имаше решенија за противничката зона, а во одбраната успеваше да ги запре противничките голгетери со поддршка во клучни моменти од голманите Кизиќ и Галевски.
По десетина минути игра, РК Алаклоид почна да ја материјализира подобрата игра на теренот. Поведовме со 25-21, 26-22 и патот кон победата беше трасиран.
Вардар се обиде резултатски да се врати, успеа да дојде до 24-26, но тука беше запрен. Следните два погодока беа за нашиот тим и откако поведовме со 29-25 веќе и времето почна да игра важна улога.
Само во уште еден момент бевме навидум во опасност (31-29), но одново следеа два погодока за конечна победа од 33-30 и први суперлигашки бодови сезонава.

Вести

РК АЛКАЛОИД Е ПОБЕДНИК НА МАКЕДОНСКИОТ СУПЕРКУП!

РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК АЛКАЛОИД 30-33 (14-19)
Сала: „26 Април“ во Гевгелија. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Делегати: Драган Начевски и Камер Металари
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР: Митревски, Ивиќ, Манасков 4, Цехте, Кузманоски 2, Тајник 1, Борзаш 1, Радивојевиќ 4, Кузмановски 5, Абутовиќ 2, Ѓорговски 2, Петар Атанасијевиќ, Пешевски 2, Цикатиќ, Хосни 4, Павле Атанасијевиќ 4
Седмерци: 5/6 Исклучувања: 8 мин. Црвен Картон: Филип Кузмановски

РК АЛКАЛОИД: Кизиќ (12 одб), Галевски (3), Џонов, Маркоски, Костески 8, Младеновиќ, Серафимов 5, Карасманакис 1, Стојковиќ 1, М. Митев 6, Ѓоргиев 3, Велковски 1, Симоноски 5, Бинго 3, Оливеира, Петковски
Седмерци: 4/6 Исклучувања: 12 мин

РК Алкалоид е победник на македонскиот Суперкуп. Вечерва во Гевгелија нашиот тим го совлада актуелниот првак РК Еурофарм Пелистер во директната битка за првиот пехар во новата сезона и се запиша на историската листа на победници на ова престижно натпреварување.

РК Алкалоид демонстрираше модерна колектирвна игра која особено доаѓаше во израз во првото полувреме. Противничкиот состав одржуваше ритам до резултат 7-7, а потоа од минута во минута се повеќе избраната стратегија на нашиот тим покажуваше резултат. РК Алкалоид поведе со 14-10, а до крајот на полувремето разликата ја подобри за еден гол и на полувреме беше 19-14.

Противничката екипа ја заостри својата одбрана во вториот дел и успеа набрзина да анулира два гола од негативата и од тој момент до крајот на мечот се играше борбено за секоја педа од теренот.
Секој гол, секоја голманска интервенција можеше да му даде насока на мечот, а во играта на нерви нашите играчи одлично се снајдоа и успеаја да ја одржат разликата до последниот момент.

Вести

РК Алкалоид е спремен за првиот голем предизвик во новата сезона

РК Алкалоид ќе го одигра својот прв официјален натпревар во новата сезона во предпремиерата на стартот на првенството.

Минатата сезона освоениот пехар во Куп на Македонија за прв пат го носи нашиот тим во Суперкуп дуелот каде што ќе се сретнеме со екипата на РК Еурофарм Пелистер.

РК Алкалоид е спремен за првиот предизвик. Екипата го комплетираше подготвителниот период со пријателската контролна средба во Србија. Претходно настапи на меморијалниот турнир во Охрид. Тренерот Кирил Лазаров, очекува тврд и тежок натпревар.

„Ќе играме со многу цврста и квалитетна екипа, а можам да кажам и многу искусна. Пред нас е тешка задача и голем предизвик. Ќе го дадеме на терен нашето најдбро во моментот и спортски ќе се надеваме на позитивен резултат. РК Еурофарм Пелистер е уште поквалитетен од минатата година и очекувам квалитетен ракомет и на Суперкупот во Гевгелија“, изјави Лазаров во пресрет на натпреварот.

Битката за првиот пехар сезонава ќе се води на неутрален терен, а за град домаќин е одбрана Гевгелија и салата „26 април“. Почетокот на натпрeварот е закажан за среда, 19:00 часот, а директно ќе биде пренесуван и на МТВ.

Вести

Победа над РК Дубочица на контролата во Србија

РК ДУБОЧИЦА 54 – РК АЛКАЛОИД 34-40 (13-17)

СРЦ „Дубочица“ во Лековац. Гледачи: 250 Судии: Милош Радојичиќ и Марјан Стефановиќ.

РК Алкалоид: Кизиќ, Галевски, Џонов 4, Петров, Маркоски, Костески 3, Младеновиќ, Серафимов 7, Карасманакис 2, Стојковиќ 1, Митев 5, Ѓоргиев 7, Велковски 2, Симоноски, Бинго 6, Петковски 3
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 14 мин.

РК Алкалоид со уште една изборена победа во подготвителниот период се враќа назад во својата база во „Автокоманда“. Вечерва нашиот тим гостуваше во Лесковац каде што одигра контролен натпревар со екишата на РК Дубочица 54.

РК Алкалоид запиша победа на натпревар на кој резултатски постојано беше неколку гола пред противникот уште од осмата минута кога поведе со 5-4.

По 15 минути игра РК Алкалоид имаше плус три (9-6), потоа го зголеми водството и на 12-6 и до крајот на полувремето ја задржа разликата која варираше до гол или два.

Слично беше и во второто полувреме, РК Алкалоид имаше постојано 4-6 гола предност за во мирен финиш да стигне и до 40 постигнати погодоци.

Вести

РК Алкалоид на второто место во Охрид

РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 23-25 (9-15)
Сала: „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов

РК Алкалоид: Кизиќ (10 одбрани), Џонов 3, Петров, Костески 8, Младеновиќ, Серафимов 4, Карасманакис, Стојковиќ 1, Митев, Ѓорѓиев 3, Галевски 2 одбрани, Велковски, Симоновски 2, Иваноски, Бинго 1, Силва 1, Петковски, Ставревски.

РК Вардар 1961: Јагуриновски 3, Аларов, Стојановски, Георгиевски 3, Родригез 3, Крсманиќ, Еспиња (9 одбрани), Танкоски, Коиј 1, Лазаревски 2, Хориха 7, Срдановиќ 3, Николиќ 1, Петриќ 1, Мархели 1, Ќосески, Мело, Гогов.

РК Алкалоид својот прв настап на охридскиот меморијален турнир „Крсто Андоновски“ го освои второто место. Првото место на турнирот што се одржа во салата „Билјанини извори“ е за екипата на Вардар 1961 која во финалето славеше со резултат 25-23.

По трите победи над РК Динамо Панчево, Олимпијакос и РК Ловќен, РК Алкалоид во финалето не почна во посакуван ритам. Одигра недоволно фокусирано во првото полувреме во кое уште во раната фаза на мечот тоа се одрази на резултатот и противникот се здоби со висока предност.
Како минуваше времето играта се стабилизираше, но иако до крајот на првиот дел, нашиот тим воспостави рамнотежа, не влезе во резултатски бран и на одмор се замина со резултат 9-15.

Во второто полувреме со почетна серија од 3-0, РК Алкалоид навести дека нема да има рано прогласување на победник на овој натпревар. Како минуваше времето, ритамот на нашиот тим стана побрз, играта подобра, одбраната посигурна и како резултат на сето тоа на десет минути до крајот резултатот беше 20-21.

Но, во обидите да се направи комплетен пресврт и се брзаше, беа направени и грешки и на крајот тоа го дефинираше и конечниот резултат од 23-25.

РК Алкалоид се враќа во Скопје каде што ќе ги продолжи подоготовките до заминувањето за Гевгелија каде што на 4 септември ќе игра во македонскиот Супер Куп.

Вести

РК Алкалоид со три победи до охридското финале

РК АЛКАЛОИД – РК ЛОВЌЕН 34-30 (18-15)
Сала: „Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Делегат: Ацо Николовски.

РК Алкалоид: Кизиќ (3 одбрани), Трајковски (6 одбрани), Џонов 5, Петров, М. Младеновиќ 2, Серафимов 6, Карасманакис 3, Стојановиќ , Митев 3, Ѓорѓиев 1, Велковски 1, Симоноски 3, Иваноски, Бинго 4, Петковски 5, Силва 1
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 8 мин.

РК Ловќен: Вујовиќ (3 одбрани), Ѓурковиќ , Станојевиќ 5, Перишиќ 2, Пајовиќ 6, Лаличиќ, Радојчиќ 4, Чировиќ, Радовиќ 2, Бориловиќ 1, Божовиќ,, Петричевиќ, Вуковиќ, Брновиќ 6, Рачковиќ 4.
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 8 мин.



РК Алкалоид со веќе заверен пласман во финалето на третиот меморијален турнир „Крсте Андоновски“ се сретна со црногорскиот шампион РК Ловќен, на последниот ден од групната фаза.
Ова беше првата пресметка меѓу РК Алкалоид и РК Ловќен воопшто, а заврши со победа на нашиот тим од 34:30 (18:15).

Ослободени од резултатскиот пристисок, двата тима одиграа натпревар што беше повеќе напаѓачки настроен, со поголема минутажа за играчите што вообичаено минуваат помалку време на теренот.

РК Алкалоид водеше во текот на целиот натпревар, а Ловќен во второто полувреме успеа за момент да се доближи на минимална негатива (19-20, 20-21). По ова следеше пофокусирана игра на РК Алкалоид, мини серија од 4:1, водство од 25-21 потоа мирна завршница на натпреварот.