КЛ7 Академии

РАКОМЕТНА ШКОЛА АЛКАЛОИД КЛ7 БОГДАНЦИ

Тренер

Лилјана Трпчевска

Лилјана Новоселска Трпчевска – Почеток на тренирање во “РК МЛАЗ” – Богданци на 11 години. Прв пат заиграв на 14 год. во “РК Млаз” кој се натпреваруваше во тогашна Втора Југословенска лига. Член на Македонска Репрезентација и учество на повеќе бројни меѓународни турнири и натпреварувања организирани од РФМ, како и на клупски спортски план. Сум дел од генерацијата што играше во квалификации за СП одржани во Мадрид и обезбедено учество на Македонија на СП во Германија ’97-ма година. Активна во ракометот 20 год. при што добивам признание од РФМ – Сребрена плакета за придонес во спортот. Како играч ме изградиле следниве тренери на кои сум многу благодарна: Гино Стрезовски, Владимир Радич, Богдан Маковеј, Григориј Бродски, Крсте Петрушевски и други. Кариера: “Млаз” – Богданци, ”Олимпик”- Скопје, ”РК Гевгелија”, “Кабран”- Кавадарци и др. Сегашен тренер на школи за ракомет “ КЛ 7 и Алкалиод”- Скопје. Спортски поздрав!

Контакт

078 203 339 [email protected] СС на ООУ „Кирил и Методиј“, ул. Маршал Тито бб, Стојаково, Опшина Богданци Понеделник, Среда, Петок од 15-18 часот