КЛ7 Академии

РАКОМЕТНА ШКОЛА АЛКАЛОИД КЛ7 РЕСЕН

Тренер

Сандре Темелковски

Сандре Темелковски – Цане Рапо роден 23.08.1956 год. од своите 16 години започнав да играм ракомет. Во тоа време играв за “РК Преспа Сип”, а потоа за Ѓорче и за Карпош. Во Ресен бев тренер на “РК Преспатекс”. По формирањето на “РК Јафа Промет” 4 години бев помошник тренер, а потоа ја формирав младинската екипа на истиот тим. По пропаѓањето на “РК Јафа Промет” 2 години бев тренер на “РК Преспа” од кој во тој период добивме репрезентативци како: Владо Недановски, Влатко и Никола Тасевски. По моето заминување од “РК Преспа” оформив сопствена ракометна школа во која работам 20 години. “РК Младост” е една од најуспешните ракометни школи во Македонија. Расадник на млади таленти кои стасаа и до ракометните висини, сегашните репрезентативци: голманот Никола Митревски, Горан Крстевски, Дејан Кукуловски, како и поранешните: Ласко Андоновски, Горан Пеценковски, браќата Василевски и др. Со “РК Младост” имам освоено 4 пионерски првенства на Македонија, три пати второ место во кадетска и младинска конкуренција. Учествувавме на многу турнири низ Европа, а бевме и организатори на единствениот меѓународен турнир во нашава држава три пати на кој учествуваа 40 екипи од цела Европа. Да се раскажува има многу, но би оставил делата сами да зборат.

Контакт

076 452 179 canerapo@gmail.com Спортска сала "Зоран Стојановски" Ул. Иво Лола Рибар, 7310 Ресен Понеделник - Петок од 14 часот