Нашиот Клуб

РК Алкалоид е формиран во 2021 година со јасна и стратешка цел: да им овозможи на младите ракометни таленти во Македонија вистинска насока и можност за развој, како на спортски така и на личен план. Водени од принципите на професионалност, интегритет и систематска работа, нашата мисија е да изградиме врвни играчи со цврсти животни вредности. 

Нашиот тим од ракометни експерти обезбедува квалитетен и современ тренажен процес, со фокус на напредокот на секој ракометар. Веруваме дека правилната едукација, селекција и поддршка се основата за создавање генерации што ќе бидат столб на македонскиот ракомет. 

Визијата на клубот е јасна: да се достигнат и промовираат највисоките европски стандарди на работа, да се поттикне модерен ракомет и играта да се издигне на највисоко ниво. Македонија е препознатлива по своите ракометни таленти, а нашата мисија е преку иновативни тренинзи и посветена работа да ги развиеме идните македонски ракометни ѕвезди. 

Во дебитантската сезона во Првата лига, РК Алкалоид обезбеди експресен пласман во Суперлигата (2022/23), a македонската ракометна легенда Кирил Лазаров го презеде водството како главен тренер на тимот во Суперлигата. Истата година го основавме и РК Мулти Есенстим составен од млади, талентирани ракометари со репрезентативен потенцијал. Овој тим исто така обезбеди учество во Суперлигата и продолжи да ја гради својата база на млади надежи. 

Професионалниот пристап и системската работа во клубот донесоа резултати уште во првата сезона во Суперлигата – РК Алкалоид како дебитант стана вицешампион на Македонија и обезбеди пласман во Европската лига на ЕХФ. 

Во сезоната 2023/24, РК Алкалоид го имаше својот прв настап на меѓународната сцена, во групната фаза на ЕХФ Европската лига, каде што го освои првиот гостински бод и првата победа на официјален европски натпревар. Веќе во наредната сезона (2024/25), клубот настапи во ЕХФ Европскиот Куп, успешно минувајќи шест елиминациски рунди и освојувајќи го шампионскиот трофеј – прв за македонски клуб во ова престижно натпреварување. 

РК Алкалоид и РК Мулти Есенс располагаат со развиен младински систем, каде што стотици млади ракометари тренираат и се натпреваруваат во шест екипи во три различни возрасни категории: пионери (У14), кадети (У16) и младинци (У18). 

Наша визија и понатаму останува јасна: да продолжиме да инвестираме во македонските таленти, да развиваме модерен и успешен ракометен клуб и да градиме идни шампиони што ќе го носат македонското знаме на европската и светската сцена.