Вести

По Суперкупот, победа на РК Алкалоид и на супердербито

-->

РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961 33-30 (18-17)
Сала: Авотокоманда“ во Скопје. Судии: Михајло Илиевски и Методија Илиевски. Делегат: Драган Начевски
РК АЛКАЛОИД: Галевски (5/1 одб), Кизиќ (3 одб), Џонов 2, Маркоски, Костески 6, Младеновиќ, Серафимов 8, Карасманакис, Стојковиќ 1, Митев 8, Ѓоргиев 4, Велковски 1, Симоноски 2, Бинго 1, Силва, Петковски
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 10 мин.
РК ВАРДАР 1961: Еспиња (7 одб), Гогов, Јагуриновски, Аларов, Стојановски, Георгиевски 4, Ансер, Крсманчиќ 2, Танкоски 3, Коиј 2, Лазаревски 6, Горига 5, Срдановиќ 3, Николиќ 1, Маргели 4, Ќосевски
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 4 мин.

По триумфот во Суперкуп натпреварот над Еурофарм Пелистер од 33-30, РК Алкалоид со идентична победа од 33-30 стартуваше и во Суперлигата и тоа на големиот дерби натпревар со РК Вардар 1961.
Двата тима на почетокот на натпреварот демонстрираа ракомет со брза транзиција и кратки и ефектни напади. Тоа е игра што повеќе му одговараше на нашиот тим и по 12 минути поведовме со три гола разлика (8-5), а тренерот на противничкиот тим побара тајм аут, по што и ритамот на играње се смири.


Следеше период во кој РК Алкалоид диктираше резултат, но РК Вардар беше успеваше и да израмни, а само во еден момент и да поведе. Но, на одмор се замина со гол предност за РК Алкалоид благодарение на ефектниот погодок на Никола Костески.
Нашиот тим одново ја преземе контролата во второто полувреме. Нападот предводен од Марко Митев имаше решенија за противничката зона, а во одбраната успеваше да ги запре противничките голгетери со поддршка во клучни моменти од голманите Кизиќ и Галевски.
По десетина минути игра, РК Алаклоид почна да ја материјализира подобрата игра на теренот. Поведовме со 25-21, 26-22 и патот кон победата беше трасиран.
Вардар се обиде резултатски да се врати, успеа да дојде до 24-26, но тука беше запрен. Следните два погодока беа за нашиот тим и откако поведовме со 29-25 веќе и времето почна да игра важна улога.
Само во уште еден момент бевме навидум во опасност (31-29), но одново следеа два погодока за конечна победа од 33-30 и први суперлигашки бодови сезонава.