Контролор:
Акционерско друштво за спортски дејности РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје.
бул. „Александар Македонски“ бр. 12
1000 Скопје
Република Северна Македонија
(во натамошниот текст „РК АЛКАЛОИД“)
РК АЛКАЛОИД посветува значително внимание на заштитата на личните податоци во секој сегмент на деловните процеси, преку примена на стандардите утврдени со законските и со подзаконските прописи за заштита на личните податоци во Република Северна Македонија, како и со интерните акти на друштвото.
Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на личните податоци кога ја посетувате нашата веб-страница (во натамошниот текст „страница“) и/или кога ја користите на друг начин, односно кога оставате свои податоци во неа.
Оваа политика на приватност е во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Северна Македонија, објавен во Службен весник бр. 42 од 16.2.2020 година.
Ние ја почитуваме вашата приватност и собираме, обработуваме и чуваме лични податоци законито, транспарентно и правично, во согласност со законските прописи и со правните основи утврдени во нив. Притоа, обработката е ограничена само на оние лични податоци што се неопходни за исполнување на целта заради која се обработуваат.
ЧИИ ПОДАТОЦИ ПОДАТОЦИ ОБРАБОТУВАМЕ?
Во зависност од тоа како ќе изберете да комуницирате со нас, ние собираме разни видови податоци за вас. Понекогаш ни ги давате директно (на пр. кога ќе ни поставите прашање и сл), понекогаш ги собираме ние (на пр. користиме колачиња за да разбереме како ja користите нашaта страница), а понекогаш добиваме податоци од веб-страници/апликации на трети страни (социјални мрежи). Притоа, може да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
Посетители на нашата интернет страна www.rkalkaloid.mk. Вообичаено собираме податоци за навигација кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб- страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња прочитајте ја нашата политика за користење на колачиња (линк).
Лица кои се обратиле со прашање преку контакт формата на нашата интернет страница www.rkalkaloid.mk Личните податоци што ги доставувате при користење на контакт формата се користат со цел да одговориме на вашето прашање или барање или да размениме дополнителни податоци поврзани со барањето. Правен основ за обработка на вашите податоци е вашата согласност.
Корисници на социјални мрежи и платформи: Собираме податоци преку социјалните мрежи и платформи, преку содржината што самите ја креирате и ја споделувате со нас на социјалните мрежи и платформи на трети лица или доколку комуницирате со нас преку социјалните мрежи и платформи вклучително апликациите или платформите на трети страни како што се Фејсбук, Инстаграм, Youtube и сл. Содржината може да вклучува ваше име и презиме, корисничко име и други лични податоци кои ги споделувате со нас на социјалните мрежи. Запомнете дека сета содржина што ја објавувате на социјалните мрежи и платформи е достапна за јавноста, па затоа бидете внимателни кога споделувате одредени лични податоци. За да дознаете повеќе како РК АЛКАЛОИД ги добива вашите податоци од социјалните мрежи на трети страни или да изберете да не споделувате информации од социјалните мрежи, прочитајте ја политиката за приватност на соодветната социјална мрежа и платформа.
КОИ КАТЕГОРИИ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ ОБРАБОТУВАМЕ ЗА ВАС?
Може да ја користите нашата страница без да ги откриете своите лични податоци. Немате обврска да ги откривате своите лични податоци како услов за користење на нашата страница, освен ако доброволно не доставите податоци за одредена цел.
Бидејќи целосно го почитуваме принципот на минимален обем на податоци, ги собираме само оние податоци што се неопходни, релевантни и ограничени на потребите за целите за кои се обработуваат и тоа:
Секогаш кога ќе ја посетите нашата страница, нашиот веб-сервер привремено ги регистрира вашата IP-адреса, типот на прелистувач, времето на посета и линкот до посетената страница. Повеќе за употребата на колачињата прочитајте ја нашата политика за користење колачиња (линк)
Личните податоци кои ги прибираме од вашата посета на нашата веб страница, кога поставувате одредено прашање до нас, притоа собираме ваша електронска (е-маил) адреса.
Лични податоци од Социјални мрежи и платформи: Собираме податоци преку социјалните мрежи и платформи, преку содржината што самите ја креирате и ја споделувате со нас на социјалните мрежи и платформи на трети лица или доколку комуницирате со нас преку социјалните мрежи и платформи вклучително апликациите или платформите на трети страни како што се Фејсбук, Инстаграм, Youtube и сл. Содржината може да вклучува ваше име презиме, корисничко име и други лични податоци кои вие ги споделувате со нас на социјалните мрежи.
КАКО ГИ ЧУВАМЕ ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
РК АЛКАЛОИД ги презема сите технички и организациски мерки за обезбедување највисоко ниво на тајност и на заштита на обработката на вашите лични податоци со кои располага, заради спречување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на нив. Пристапот до вашите лични податоци е ограничен на оние вработени за кои сметаме дека имаат реална потреба да дојдат во контакт со тие податоци заради остварување на целта за која се дадени.
Не споделуваме податоци за вас и/или за вашата посета на нашата страница со трети лица, освен во случај на ангажирање даватели на услуги, доколку РК АЛКАЛОИД ги ангажира како обработувачи, со што ќе бидат обврзани да постапуваат според упатствата на РК АЛКАЛОИД и да обезбедат заштита на личните податоци што се обработуваат при обезбедување на тие услуги, во согласност со апликативните законски прописи за заштита на личните податоци.
Ниту ние ниту нашите партнери нема да ги пренесеме вашите лични податоци на трети страни во каква било форма, освен ако не добиеме ваша согласност или ако сме законски обврзани да го сториме тоа. РК АЛКАЛОИД задржува контрола над употребата на овие податоци.
РОКОВИ ЗА ЧУВАЊЕ НА ВАШИТЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вашите податоци ќе се чуваат само онолку колку што е потребно за да се исполнат сите горенаведени цели. Вашите лични податоци нема да се чуваат во форма што дозволува да бидете идентификувани подолго отколку што е потребно за да се постигне целта за која се собрани или обработувани. РК АЛКАЛОИД чува одредени лични податоци во согласност со временските рокови пропишани со закон или со интерните акти на друштвото и само во траење кое е потребно за остварување на целта заради која се собрани.
Доколку сте дале согласност, ние ќе ги обработуваме вашите лични податоци сè додека не ја повлечете согласноста. Кога ќе се исполни целта заради која се обработуваат личните податоци на субјектот, тие ќе бидат избришани и во случај кога субјектот не побарал повлекување на дадената согласност. Доколку направите основан приговор за обработка на личните податоци, заснован на легитимен интерес, ние нема да ги обработуваме вашите лични податоци во иднина. Доколку се поведат судски, административни или вонсудски постапки, личните податоци може да се чуваат до крајот на таквата постапка, вклучувајќи го и можниот период за поднесување правни лекови.
КОИ СЕ ВАШИТЕ ПРАВА?
РК AЛКАЛОИД гарантира остварување на сите ваши законски права во врска со обработката на вашите лични податоци. Вие во секој момент имате право да побарате од РК АЛКАЛОИД:
право на пристап – право да поднесете барање за пристап до своите лични податоци, односно да добиете информација за податоците што се обработуваат за вас и да проверите дали се тие точни и ажурирани;
право на исправка – доколку откриете дека вашите лични податоци што ги обработува РК АЛКАЛОИД не се точни или не се целосни, имате право да побарате нивна исправка;
право на бришење – право да побарате од РК АЛКАЛОИД да ги избрише вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
право на ограничување на обработката – право да побарате РК АЛКАЛОИД да ја ограничи обработката на вашите лични податоци под одредени услови утврдени со закон;
право на преносливост на податоците – право да ги добиете своите лични податоци во структуриран, вообичаено користен и машински читлив формат и да ги пренесете на друг обработувач, без попречување од РК АЛКАЛОИД;
право на приговор – право на приговор врз основа на конкретна ситуација доколку обработката на вашите лични податоци се заснова на легитимен интерес или се врши за цели на директен маркетинг и за профилирање поврзано со директниот маркетинг, под одредени услови утврдени со закон и
право на повлекување на согласноста – имате право да ја повлечете својата согласност за користење на вашите лични податоци во секое време. Повлекувањето на согласноста не влијае врз законитоста на обработката, врз основа на согласноста пред нејзиното повлекување.
Доколку сакате да ги остварите горенаведените права што произлегуваат од Законот за заштита на личните податоци или имате дополнителни прашања поврзано со обработка на вашите лични податоци, обратете се до Офицерот за заштита на лични податоци електронски, или испратете барање до поштенската адреса наведена подолу:
Акционерско друштво за спортски дејности РАКОМЕТЕН КЛУБ АЛКАЛОИД РАКОМЕТ Скопје.
бул. „Александар Македонски“ бр. 12,
1000 Скопје
За Офицерот за заштита на лични податоци
или
на електронската адреса на Oфицерот за заштита на личните податоци: [email protected]
Со цел да ви го дадеме потребниот одговор, ве молиме да ги наведете следниве информации:
Доколку сметате дека обработката на вашите лични податоци од страна на РК АЛКАЛОИД не е во согласност со одредбите на Законот за заштита на личните податоци или, пак, доколку сметате дека е повредено некое ваше право за заштита на личните податоци, имате право да поднесете барање за утврдување на прекршувањето на прописите за заштита на личните податоци преку Агенцијата за заштита на личните податоци.
ПРОМЕНИ ВО УСЛОВИТЕ ЗА УПОТРЕБА НА ПОЛИТИКАТА ЗА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност повремено може да се менува.
РК АЛКАЛОИД ќе постави ажурирана верзија на политиката за приватност на оваа страница.
26.07.2022 Скопје