Вести

Рекордна победа за РК Мулти Есенс

-->

РК БИСИНОВ ФРУИТ ЛЕНД – РК МУЛТИ ЕСЕНС   16-40 (11-18)


Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева. Делегат: Цветомир Јовановски


РК Бисинов Фруит Ленд: Вељановски, Миланов 1, Ристовски 2, Славевски 6, Иванов 1, Славков 1, Ристевски 1, Велковски, Ивчевски, Илиев, Станчев 2, Пранговски, Дамевски 2
Седмерци: 3/5 Исклучувања: 8 мин. 

РК Мулти Есенс: Штаковски, Ерманоски, Грујевски 1, Димитриевски 4, Д. Узунчев 9, Тричковски 7, Алексовски, Велков, Младеновски 1, Т. Узунчев 1, Митев 1, Проданов 4, Канг, Карасманакис 3, Костовски 4, Омерагиќ 5
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 12 мин.

Екипата на РК Мулти Есенс ја продолжи победничката низа во шампионатот која по вечерашната победа над РК Бисинов Фруит Ленд, изнесува шест победи од исто толку одиграни натпревари. 
Екипите ги заменија домаќинствата, па велешкиот состав поради зафатеност на својата сала беше домаќин во Скопје. 

Победникот на натпреварот беше решен многу брзо. РК Мулти Есенс доминираше од почетокот на натпреварот и поведе со 8-2 и 10-3 веќе во овој период беше познато дека бодовите ќе бидат запишани на салдото на лидерот на табелата. 
Велешкиот состав, сепак, успеа да ја одржи почетната негатива од седум гола до крајот на полувремето, кое заврши со водство од 18-11 за РК Мулти Есенс. 

Во второто полувреме, до поголем израз дојде и фактот дека РК Мулти Есенс е подобро подготвен тим и водството беше зголемено на плус десет гола разлика уште на стартот на полувремето (21-11), а потоа разликата постојано се зголемуваше до конечните 24 разлика или 40-16.
Ова е највисоката победа на РК Мулти Есенс во првенството досега.