Вести

РК Алкалоид без бодови од првото плејоф дерби

-->

РК ВАРДАР 1961 – РК АЛКАЛОИД 34-26 (15-13)

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Делегат: Камер Металари и Ацо Николовски

РК ВАРДАР 1961: Еспиња (14 одб), Гогов, Јагуриновски, Аларов, Стојановски, Георгиевски 3, Ансер, Танкоски 3, Лазаревски 5, Горига 6, Срдановиќ 3, Николиќ 1, Петриќ 1, Ќосевски, Борозан 9
Седмерци: 4/7 Исклучувања: 12 мин.

РК АЛКАЛОИД: Галевски 1 (6 одб), Трајковски (4 одб), Џонов 1, Петров, Маркоски 1, Младеновиќ, Серафимов 6, Карасманакис, Стојкови 4, Ѓоргиев 3, Велковски 4, Ивановски 1, Бинго 1, Фрнциско 1, Петковски 1, Савревски
Седмерци: 4/9 Исклучувања: 8 мин.

РК Алкалоид останува со двата пренесени бода од регуларниот дел на сезоната, по првиот одигран дерби натпревар во Плејоф разигрувањето за шампионската титула во македонската Суперлига.

Во рамките на првото коло, РК Алкалоид беше гостин на РК Вардар 1961 во „Јане Сандански“ , а натпреварот заврши со резултат 34-26 за противничкиот состав.
Кирил Лазаров го немаше најсилниот состав на располагање, вечерва. Тешката сезона во која ракометарите играат успешно и во Европскиот ЕХФ Куп, а во голем дел и во македонската репрезентација си зема данок.

Вечерва, РК Алкалоид дваесет минути беше комплетно резултатски рамноправен, резултатот беше 9-9 во 20 минута од средбата, но во продолжението, до крајот на полувремето домашниот состав стигна до позитива од два гола.

Таа разлика се удвои на почетокот на вториот дел по што РК Алкалоид постојано беше во потера по противникот. Падот на концентрацијата во последните пет-шест минути доведоа до поголемата резултатска негатива.
Во следното коло, во недела, РК Алкалоид во „Автокоманда“ ќе го пречека тимот на ГРК Тиквеш.