Вести

РК Алкалоид доминираше на дербито со Охрид

-->

ГРК ОХРИД – АЛКАЛОИД 22-28 (10-16)
Сала:„Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски. Делегат: Драган Начевски
ГРК ОХРИД: Бркиќ, Ојлески 1, Стоилевски, Дрогришки 1, Шипинкоски, Андоноски, Ристевски, Тасески 2, Сафранко, Кукоски, Крстевски, Шешиќ 5, Орјоникидѕе 3, Бојаниќ 4 Цирар 6, Ѓоргески,
Седмерци: 2/5 Исклучувања: 2 мин,
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Трајковски, Џонов, Маркоски, Младеновиќ 3, Серафимов 5, Стојчевиќ, Стојковиќ, М. Митев 9, Ѓоргиев 2, Велковски 2, Омерагиќ, Бинго 2, Кофилоски, Петковски 2, Савревски 3
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 4 мин.

РК Алкалоид одигра одличен натпревар и доминантно стигна до победата на своето прво гостување и прво дерби во новата сезона во Суперлигата.
Фуриозен почеток имаше РК Алкалоид во „Билјанини извори“ вечерва и поведе со 6:0 на отворањето на средбата принудувајќи ги домашните веднаш да искористат тајм аут.
Следеше период во кој домашниот тим успеа да ја анулира разликата и да израмни на 7:7, но тоа беше сѐ што нашиот тим му дозволи на противникот.


До крајот на првиот дел, РК Алкалоид ја врати разликата на плус шест (16:10), а добрата игра во одбраната ни овозможи да го контролираме резултатот до крајот на средбата.
РК Алкалоид во второто полувреме во неколку наврати водеше и со девет гола разлика, но во финишот домашниот состав успеа да намали на шест гола разлика.


Марко Митев со девет постигнати голови беше најефикасниот играч на натпреварот, а Серафимов постигна пет.
Ова беше втора победа од исто толку натпревари, а во следното коло РК Алкалоид на домашен терен ќе игра против екипата на РК Еурофарм Пелистер 2.