Вести

РК Алкалоид ќе игра во финалето на турнирот „Струга 2023“

-->

РК АЛКАЛОИД – АЕК 26:23 (13:15)
Игралиште „Горан Попоски Бабец“ во Струга. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Славчо Каланоски
РК АЛКАЛОИД: Ромеро (7 одб), Трајковски (4 одб), Џонов 1, Маркоски 2, Стојков 2, Младеновиќ 3, Серафимов 5, Стојчевиќ, М. Митев 4, Ѓоргиев 1, Велковски 3, Симоноски, Омерагиќ, Бинго 4, Кофилоски, Савревски

РК Алкалоид ја запиша и втората победа на Меѓународниот турнир „Струга 2023“. Нашиот тим во второто коло се сретна со првакот на Грција, АЕК Атина и забележа победа од 26-23.
РК Алкалоид подобро го отвори натпреварот и доминираше во првите 15-тина минути од средбата. Голманот Благојче Трајковски и бекот Михајло Младеновиќ имаа свои добри моменти и го понесоа тимот кон водство од 9-5.
По ова грчкиот состав се врати во игра и успеа да израмни на 10-10, а на полувреме резултатот беше 13-15.


Во вториот дел се водеше поостра борба, во која РК Алкалоид како изминуваше времето играше сѐ посигурно. Додадена вредност во нашата игра беше голманот Алехандро Ромеро кој во неколку наврати одлично интервенираше и го понесе тимот.
РК Алкалоид израмни на 21-21, потоа на 23-23 и во финишот со серија од 3-0 го реши победникот.

Оваа победа значи и пласман во финале на турнирот каде што ќе се сретнеме со екипата на Вардар 1961.