Вести

РК АЛКАЛОИД Е ПОБЕДНИК НА МАКЕДОНСКИОТ СУПЕРКУП!

-->

РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – РК АЛКАЛОИД 30-33 (14-19)
Сала: „26 Април“ во Гевгелија. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. Делегати: Драган Начевски и Камер Металари
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР: Митревски, Ивиќ, Манасков 4, Цехте, Кузманоски 2, Тајник 1, Борзаш 1, Радивојевиќ 4, Кузмановски 5, Абутовиќ 2, Ѓорговски 2, Петар Атанасијевиќ, Пешевски 2, Цикатиќ, Хосни 4, Павле Атанасијевиќ 4
Седмерци: 5/6 Исклучувања: 8 мин. Црвен Картон: Филип Кузмановски

РК АЛКАЛОИД: Кизиќ (12 одб), Галевски (3), Џонов, Маркоски, Костески 8, Младеновиќ, Серафимов 5, Карасманакис 1, Стојковиќ 1, М. Митев 6, Ѓоргиев 3, Велковски 1, Симоноски 5, Бинго 3, Оливеира, Петковски
Седмерци: 4/6 Исклучувања: 12 мин

РК Алкалоид е победник на македонскиот Суперкуп. Вечерва во Гевгелија нашиот тим го совлада актуелниот првак РК Еурофарм Пелистер во директната битка за првиот пехар во новата сезона и се запиша на историската листа на победници на ова престижно натпреварување.

РК Алкалоид демонстрираше модерна колектирвна игра која особено доаѓаше во израз во првото полувреме. Противничкиот состав одржуваше ритам до резултат 7-7, а потоа од минута во минута се повеќе избраната стратегија на нашиот тим покажуваше резултат. РК Алкалоид поведе со 14-10, а до крајот на полувремето разликата ја подобри за еден гол и на полувреме беше 19-14.

Противничката екипа ја заостри својата одбрана во вториот дел и успеа набрзина да анулира два гола од негативата и од тој момент до крајот на мечот се играше борбено за секоја педа од теренот.
Секој гол, секоја голманска интервенција можеше да му даде насока на мечот, а во играта на нерви нашите играчи одлично се снајдоа и успеаја да ја одржат разликата до последниот момент.