Вести

РК АЛКАЛОИД ОСТАНА ЛИДЕР НА ПЛЕЈОФ ТАБЕЛАТА

-->

РК АЛКАЛОИД – ГРК ТИКВЕШ 26:25 (14:12)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Михајло и Методија Илиевски. Контролор: Драган Начевски
РК АЛКАЛОИД: Галевски, Трајковски, Џонов 5, Петров 1, Маркоски, Младеновиќ, Серафимов 8, Карасманакис, Стојковиќ 2, М. Митев 7, Велковски, Омерагиќ, Бинго 2, Д. Митев, Савревски 1, Димовски
Седмерци: 3/7 Исклучувања: 8 мин.
ГРК ТИКВЕШ: Гемаљевиќ, Велков, Анастасовски 1, Мијатовиќ 1, Темелкоски, Соколов, Бакев, Стефановиќ 2, Манасков 6, Окардов, Шулески 1, Коцев, Симиќ 6, Мајиќ 1, Гачевиќ 1, Обина 6
Седмерци: 6/7 Исклучувања: 6 мин.

РК Алкалоид останува лидер на Плејоф табелата и по комплетирањето на второто коло. Во дерби мечот со екипата на ГРК Тиквеш што се играше во Автокоманда, нашиот тим запиша победа (26:25) и освои нови три бода.
На овој меч тренерот Кирил Лазаров не можеше да смета на капитенот Игор Ѓоргиев, но во тимот по подолго отсуство поради повреда се врати пикерот Костадин Петров.
Почетокот на натпреварот беше израмнет (6-6), а потоа гостинскиот состав користејќи наши грешки влезе во серија од 4:0 и поведе со 10:6. Водството го одржа до 24 минута (12:8), по што нашиот тим почна да игра одбрана каква што се очекува, стигна поддршка и од голманот Благојче Трајковски и тоа го смени текот на натпреварот, а РК Алкалоид влезе во серија од 6:0 и на полувреме замина со предност од два гола (14:12).


Добрата игра продолжи и во првите десет минути од вториот дел во кои поведовме со максмални пет гола разлика (18:13).
Потоа се наруши ритамот на игра со едно исклучување и неколку нереализирани напади, па гостинскиот состав намали на два гола (19-21), потоа беше само еден гол и во 53 минута, резултатот беше израмнет (23:23).


РК Алкалоид ја задржа концентрацијата и до крајот на натпреварот погодуваше, а во последниот гостински напад одбраната одигра добро, гостите мораа да шутираат, а тој обид заврши со одбрана на нашиот голман и победата беше наша.
Во следното две кола, РК Алкалоид ќе игра на гостински терен. прво ќе игра со екипата на Струга, а потоа ќе му гостува и на ГРК Охрид.