Вести

РК Алкалоид остана перфектен до крај!

-->

​ГРК ТИКВЕШ – РК АЛКАЛОИД 23-25 (13-12)
Сала: „Јасмин“ во Кавадарци. Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски. Контролор: Драган Начевски.
ГРК Тиквеш: Гемаљевиќ, Анастасовски 2, Лазов, Мијатовиќ, Темелкоски 1, Велков, Соколов, Стефановиќ, Лазов, Манасков 3, Окардов, Коцев 2, Симиќ 2, Ангелов, Мајиќ 1, Обина 12
Седмерци: 3/8 Исклучувања: 10 мин.
РК АЛКАЛОИД: Трајковски 1, Џонов 5, Маркоски 4, Младеновиќ, Стојчевиќ, Митев 2, Ѓоргиев 3, Николовски, Велковски, Омерагиќ 1, Бинго 3, Кофилоски, Савревски 2, Гарбески
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 10 мин.

РК Алкалоид го заврши првиот дел од сезоната во првенството во Суперлигата на првото место на табелата и во вториот дел, во Плејоф шампионатот ќе пренесе максимални три бода.

Вечерва, на последниот меч пред да се распуштат екипите и да почнат репрезентативните обврски, РК Алкалоид играше на гостински терен кај екипата на ГРК Тиквеш. И запиша победа од 25-23 или 14 победа од 14 одиграни натпревари.

Тренерот на РК Алкалоид, Кирил Лазаров, на овој натпревар поради повреди не можеше да смета плус и на Мартин Серафимов и Марко Стојковиќ. Голманот Иван Галевски е со репрезентацијата на Трофеј Карпати, па неговото место го зазема кадетскиот голман Ѓорѓи Николовси, а на местото на повредениот Александар Петковски веќе трет меч игра исто така кадетски играч, Максим Гарбески.

Средбата беше напната, тензична, со силни фаули и резултатски во рамки на гол до два разлика од првиот до последниот момент.

РК Алкалоид диктираше резултат во текот на целото прво полувреме. Водеше со 5-4, 9-7, 10-9, но во финишот домашната екипа го презема водството, поведе со 11-10, а на полувреме имаше водство од 13-12.

Во второто полувреме, РК Алкалоид веднаш го презема водството (14-13), а потоа се играше гол за гол со тоа што во некои моменти водеа домашните (16-15), но главно водството од еден гол разлика беше на страната на РК Алкалоид, а домашниот тим постојано бркаше израмнување.

Слично како и во првиот дел во финишот успеа да направи пресврт, но во 60 минута, Омерагиќ го доведе РК Алкалоид во водство од 24-23.
ГРК Тиквеш имаше тајм аут пред последниот напад, но успеавме да се одбраниме, а потоа голманот Трајковски со гол на празна мрежа ја запечати судбината на кавадарчани.