Вести

РК Алкалоид преку РК Радовиш до нови бодови

-->

РК АЛКАЛОИД – РК РАДОВИШ 33-23 (11-14)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Силвана Карбеска и Марија Илиева. Делегат: Љупчо Јаневски
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Трајкоски 1, Џонов 4, Петров, Младеновиќ 1, Серафимов 4, Карасманакис 1, Стојковиќ 4, Ѓоргиев 1, Симоноски 1, Бинго 4, Силва 4, Петковски 6, Савревски 1, Гарбески 1
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 8 мин.
РК РАДОВИШ: Ристов, Петров, Ј. Ѓорѓиев, Постолов 6, Марковиќ, Јанковски 3, Соколов, Стојаноски 3, К. Ѓоргиев, Стојанов 2, Талевски 2, Трајанов, Ончев 5, Костадинов, Атанасов 2, Костадиновски
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 10 мин.

Во второто првенствено коло, РК Алкалоид на домашен терен го пречека тимот на РК Радовиш. По победата над РК Вардар 1961 во дербито во првото коло, РК Алкалоид славеше победа и над РК Радовиш, убедливо со 10 гола разлика (33-23).
Тренерот Кирил Лазаров за овој натпревар се реши за комбиниран состав во кој поштедени беа Марко Митев, Дамјан Митев, Никола Костески, Мартин Велковски, Иван Галевски и Никола Маркоски.
Првото полувреме РК Алкалоид играше преопуштено особено во одбраната и тоа гостинскиот состав го казни и стигна и до комотна предност од шест гола разлика по 23 минути игра, односно три гола предност на полувреме.
Во вториот дел, нашиот тим ја консолидираше одбраната, почна да игра поконцентрирано и по само две минути до израмни резултатот, а во 40 минута влезе во серија од 7-0 со која стигна до солидно водство од шест гола разлика (26-20).


До крајот на натпреварот РК Алкалоид имаше комплетна контрола врз настаните на теренот и средбата ја доби со убедливи 10 гола разлика.
Крилото Александар Петковски со шест гола беше најефикасниот во нашиот тим, пред Мартин Серафимов, Арно Бинго, Марко Стојковиќ, Иван Џонов и Франциско е Силва кои постигнаа по четири погодоци.
Во следното коло, РК Алкалоид прв пат сезонава ќе игра како гостин, а противник ќе биде екипата на РК Бутел Скопје.