Вести

РК АЛКАЛОИД ПРОТИВ БУТЕЛ ЗА Ф4 ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

-->

РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР НЕГОТИНО 48-28 (23-14)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 250. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски. Делегат: Душко Камишевски

РК АЛКАЛОИД: Василевски, Галевски 1, Трајкоски, Џонов 4, Петров 3, Младеновиќ 1, Серафимов 2, Карасманакис 4, М. Митев, Ѓоргиев 3, Велковски 2, Бинго 8, Кофиловски 4, Д. Митев 8, Савревски 2, Димовски 6.
Седмерци: 4/5. Исклучувања: 8 мин.

РК ВАРДАР НЕГОТИНО: Кузманов 3, Орешков 3, Ацев, Бугариновиќ 1, Митевски 2, Мицев, Ѓорѓев 1, Петров 2, Адамовиќ 13, Митиќ 1, Пеовски 2, Трајанов
Седмерци: 4/4. Исклучувања: 12 мин.

РК Алкалоид го одбрани домашниот терен. Во полуфиналето од Групата 2 во Купот на Македонија нашиот тим беше сигрен против РК Вардар Неготино (48-28) и за место на Ф4-турнирот ќе игра против РК Бутел Скопје.

Избраниците на Кирил Лазаров доминираа од првата до последната секунда и заслужено запишаа победа пред нашата публика. Со добри контранапади и поддршка од голманот Иван Галевски, Алкалоид уште од почетокот се одлепи на 10-4, потоа беше и 16-10, разлика која до полувремето порасна и на девет гола (23-14).

Во второто полувреме шанса добија сите ракометари во ростерот, но победата во ниту еден наврат не беше доведена под знак прашалник. Разликата на контото на РК Алкалоид само растеше, за на крајот победата да изнесува дваесет голови разлика (48-28).

Финалниот натпревар меѓу РК Алкалоид и РК Вардар Неготино се игра утре (недела) од 18:00 часот во Спортската сала „Автокоманда“.