Вести
РК Алкалоид со целиот плен се враќа од Прилеп
РК ПРИЛЕП – РК АЛКАЛОИД 30-40 (13-18)
Сала: „Ристе Ристевски Ричко“ во Прилеп. Судии: Сашко Кркачев и Ѓоко Колевски. Делегат: Васил Чавдаров
РК ПРИЛЕП: Ангелески, Тренчевски 6, Кастратовиќ 2, Рајатовски 2, Адамчески 3, Бикоски, Ивчески, Илиески 5, Органџиев 2, Бурчески, Цветаноски 7, Христоски, Левани, Квастек 3, Трајкоски, Трајчевски
Седмерци: 4/5 Исклучувања: 10 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Трајкоски, Џонов 4, Петров 1, Маркоски 1, Младеновиќ 2, Серафимов 2, Стојковиќ 3, Митев 1, Ѓоргиев 5, Велковски 2, Бинго 3, Франциско 3, Петковски 9, Савревски 4
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 8 мин.
РК Алкалоид ја запиша 14 првенствена победа во Суперлигата и ќе го одбрани првото место на табелата и по актуелното претпоследно коло во 2024 година.
РК Алкалоид вечерва гостуваше кај екипата на РК Прилеп и запиша убедлива победа од 10 гола разлика, на ефикасен натпревар на кој беа постигнати вкупно 70 погодоци.
Фаворитската улога беше доделена на РК Алкалоид пред натпреварот, а Кирил Лазаров и неговите избрани ракометари целосно ја оправдаа и го контролираа натпреварот уште од почетокот.
РК Алкалоид поведе со 7-4 во првата фаза од натпреварот и потоа разликата од три до четири гола предност ја одржуваше во текот на целото прво полувреме. Во финишот на полувремето уште еднаш РК Алкалоид засили, поведе со 16-10, а на полувреме замина со пет гола предност (18-13).
Во второто полувреме немаше големи резултатски осцилации. РК Алкалоид имаше комплетна контрола, водеше со шест до осум гола разлика, за конечно средбата да ја заврши со победа од 10 гола разлика (40-30).
Александар Петковски, одигра уште еден одличен натпревар и постигна девет гола, следен од Игор Ѓоргиев кој постигна пет.
Во следното, последно коло во 2024, РК Алкалоид на домашен терен го пречекува тимот на ГРК Тиквеш од Кавадарци. Тој меч ќе се игра на 18 декември во Автокоманда со почеток од 17:00 часот.