Вести
РК Алкалоид во победничка низа, трета победа по ред
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ – РК АЛКАЛОИД 27-34 (13-19)
Сала: „Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски. Делегат: Драган Начевски
РК БУТЕЛ СКОПЈЕ: Стојаноски, Блажевски, Субашевски, Тодески 4, Ѓеоргиевски 5, Николов 6, Новаковски, Спасовски, Т. Узунчев, Д. Узунчев 5, Милошески, Киселовски 2, Каевски, Михајловиќ 2, Шопиќ 3, Давитковски
Седмерци: 2/5 Исклучувања: 6 мин.
РК АЛКАЛОИД: Кизиќ, Галевски, Џонов 3, Маркоски, Костески 6, Младеновиќ 2, Серафимов 6, Карасманакис 1, Стојаковиќ 2, М. Митев, Ѓоргиев, Велковски 2, Симоноски 1, Бинго 7, Силва 3, Петковски
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 4 мин.
РК Алкалоид влезе во победничка низа откако и на своето прво гостување сезонава славеше победа над секогаш незгодниот ривал РК Бутел Скопје. РК Алкалоид вечерва беше подобриот противник и без поголеми резултатски возбудувања стигна до двата бода.
РК Алкалоид ја контролираше играта во првото полувреме безмалку од почетокот на натпреварот. Домашните имаа предност само до резултат 3-3, а потоа Алкалоид полека ја подобруваше својата игра и одбрана, па по неколкуте израмнувања премина во покомотно водство (10-8). Разликата од два гола беше актуелна само неколку минути, Алкалоид поведе со 12-10, а потоа следеше серија од 5-1 и водство од 17-12, резултат што комплетно го смени текот на натпреварот.
Арно Бинго и Никола Костески во овој дел од натпреварот беа најефикасните ракометари.
Во второто полувреме, РК Алкалоид поведе и со седум гола разлика (20-13, 21-14 и 23-16). Потоа следеше мало опуштање што домашните го искористија за да намалат на 21-24 и да се заканат со поголема драма во финишот.
РК Алкалоид на 10 минути до крајот постигна два гола по ред и одново имаше безбедни плус пет (27-22), а на пет минути до крајот РК Алкалоид имаше плус осум и победата беше обезбедена.
Во следното коло, РК Алкалоид ќе игра на домашен терен со екипата на РК Прилеп.