Вести

РК Мулти Есенс без бодови од Неготино

-->

РК ВАРДАР НЕГОТИНО – РК МУЛТИ ЕСЕНС 32-26 (16-13)
Сала: „Кирил и Методиј„ во Неготино. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Марјан Начевски
РК ВАРДАР НЕГОТИНО: Ацев, Мицев, Кузев, Орешков 1, Бугариновиќ 12, Митевски 3, Ѓорѓев, Петров 2, Адамовиќ 9, Митиќ 2, Пеовски, Јовановски, М. Јовановски, Трајанов 3
Седмерци: 2/2 Исклучувња: 4 мин.
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Димевски 5, Костовски 2, Илиески 4, Насевски, Д. Узунчев 7, Петрески, Трајчев, Трајковски, Иваноски 3, С. Јорданов, Тодески, Т. Узунчев 3, Стојчевиќ 2, Каракалашев
Седмерци: 3/6 Исклучувања: 4мин.

РК Мулти Есенс не успеа да освои бодови на гостувањето во Неготино, во рамките на деветтото коло од суперлигашкиот Плејаут.
Домашниот Вардар Неготино подобро го отвори натпреварот и воден од Петар Бугариновиќ поведе со 6-2, а потоа благодарение на поголемото искуство, успеваше да го одржи ова водство со мамли осцилации до крајот на првото полувреме кое, пак, заврши со резултат 16-13 за неготинскиот состав.
Гол за гол се играше во второто полувреме во кое на почетокот Мулти Есенс намали еден гол од негативата, но не успеа да направи поголем пресврт, напротив, направи и теххнички грешки и промаши шутеви, па Вардар Неготино пред 50 минута се врати на плус четири (23-19).
Во 55 минута при водство од 26-23 Мулти Есенс промаши пенал, а со тоа замина и последната шанса за да се направи пресврт, Вардар по ова поведе и со 28-23 и го реши победникот.