Вести
РК Мулти Есенс не успеа да изненади во Битола
РК Е. ПЕЛИСТЕР 2 – РК МУЛТИ ЕСЕНС 30-21 (15-10)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески. Делегат: Илија Цветкоски
РК Е. ПЕЛИСТЕР 2: Штаковски, Маркоски 3, Талевски 4, Младенов, Печурица, Трпчевски, Димитровски 3, Калајџиоски, Гичев, Ивановски 2, Белистојановски 3, Југовски 1, Мијушковиќ 4, Хаџиќ 10
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 2 мин.
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Димевски 6, Костовски 2, Илиески 3, Насевски, Д. Узунчев 5, Петрески 1, Трајчев, Мирчевски, Трајковски, Иваноски 4, Јорданов, Тодески, Т. Узунчев, Стојчевиќ, Каракалашев
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 8 мин.
РК Мулти Есенс не успеа да го повтори подвигот од првиот круг во Плејаут на дуелот со Е. Пелистер 2. Вечерва во Битола, нашата млада екипа лошо отвори, на почетокот беше 4-0 за противникот и практично таа предност беше решавачката за конечниот победник.
По водството на домашните од 4-0 се воспостави резултатска рамнотежа, се играше израмнето, но разликата остана и се движеше меѓу три и пет гола, со тоа што на полувреме се замина со резултат 15-10 за домашниот тим.
Не се промени нешто што би довело до поинаков расплет и во второто полувреме. Домашниот состав водеше со 4-5 гола разлика до финишот, а потоа уште и ја зголеми предноста до највисоките плус девет.
До крајот на шампионатот во Плејаут за РК Мулти Есенс остануваат уште дуелите со екипите на Скопје на гости и со Куманово на домашен терен. Во следното коло, нашиот тим е слободен и ќе добие службена победа над РК Аеродром.