Вести
РК Мулти Есенс одигра без победник со РК Е. Пелистер 2
РК Е. ПЕЛИСТЕР 2 – РК МУЛТИ ЕСЕНС 34-34 (16-14)
Сала: „Р.Р. Ричко“ во Прилеп. Судии: Седлоски и Ангелески. Делегат: Огненов
РК Е. ПЕЛИСТЕР 2: Штаковски, Марковски 3, Талески 3, Ристевски 1, Митревски, Мирчевски, Младенов, Димитровски, Трпчевски 6, Калајџиески 4, Ивановски 7, Белистојановски 3, Југовски 1, Мијушковиќ 6, Хаџиќ
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 12 мин.
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Василевски, Ерманоски, Димевски 6, Костовски 4, Илиески 5, Петковски, Петрески 1, Трајчев, Трајковски, Ѓоргиевски, Тодески, Узунчев, Димовски 6, Јорданов 9, Карасманакис 3
Седмерци: 4/4 Исклучивања: 6 мин.
По победата над Кокс од Финска во првото коло, РК Мулти Есенс денеска во второто коло од меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“ што се одржува во Прилеп се сретна со македонскиот суперлигаш Е. Пелистер 2.
Оваа средба заврши без победник 34:34 откако во текот на целиот натпревар се водеше израмнета битка. По резултатски израмнетото прво полувреме кое заврши со резултат 16:24 за Е. Пелистер, битолскиот тим водеше и во поголемиот дел од второто полувреме. Но, нашите млади ракометари не попуштија, постојано се враќаа во игра, а пред крајот на натпреварот направија серија од 6-1 со која за момент и го преземаа водството.
На крајот, бодовите беа поделени со гол постигнат на помалку од десет секунди до крајот.
Олег Јорданов со девет гола и Давид Димевски и Мартин Димовски со по шест беа најефикасните ракометари на нашиот тим.
Утре, во рамките на последното коло од групата РК Мулти Есенс ќе игра со екипата на РК Тинекс Пролет. Почетокот на овој меч е закажан за 15:00 часот.