Вести
РК Алкалоид со цел плен се враќа од Битола
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 – РК АЛКАЛОИД 30-35 (10-15)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески. Делегат: Камер Металари
РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР: Бошњак, Јовановски, Ристевски 7, Јовановски, Димовски, Печурица, Димитровски 3, Талевски 1, Петровиќ 8, Ивановски 7, Буторац, Белистојановски 2, Ристевски, Мијушковиќ 2, Блажевски
Седмерци: 4/7 Исклучувања: 10 мин.
РК АЛКАЛОИД: Трајковски, Галевски, Стојков 4, Младеновиќ 1, Серафимов 7, Илиески 7, Стојковиќ, М. Митев 4, Ѓоргиев 3, Симоноски 2, Омерагиќ, Тодески, Кофилоски 2, Петковски 5, Савревски
Седмерци: 5/5 Исклучувања: 8 мин
РК Алкалоид ја запиша својата четврта плејоф победа. Денеска на гостински терен во Битола, на првото одмерување на силите со Е. Пелистер 2, нашиот тим, иако со малку изменет состав, запиша сигурна победа и стигна до 15 освоени плејоф бодови.
РК Алкалоид комплетно го контролираше резултатот и развојот на настаните на теренот во салата „Боро Чурлевски“. Израмнето беше во воведните минути, а потоа нашиот тим поведе со три гола разлика (9-6), а кратко потоа поведе и со четири гола разлика (14-10), за до крајот на полувремето да има водство од 20-15.
Во вториот дел, нашиот тим умешно ја чуваше предноста и во ниту еден момент не беше реално загрозено водството.
Божидар Илиески и Мартин Серафимов денеска беа најрасположени стрелци со по седум постигнати голови. Крилата Александар Петковски и Александар Стојков постигнаа по четири погодоци.