Вести

РК Алкалоид во плејоф започнува со две гостувања

Денеска во просториите на РФМ беше извршена ждрепката за натпреварувачките броеви за пролетниот дел од сезоната во која РК Алкалоид ќе се натпреварува во плејоф првенството. 

РК Алкалоид во првите две кола ќе гостува. Прво кај ГРК Тиквеш во Кавадарци, а потоа во Битола кај Е. Пелистер. Првиот натпревар на домашен терен ќе го играме во третото коло, а противник ќе биде екипата на Т. Пролет 62. 

Плејоф првенството почнува на 11/12 февруари, а предвидено е да заврши 27/28 мај.

Kомплетен распоред на натпреварите на РК Алкалоид во Плејоф

1  Коло (11/12.2.2023): ГРК Тиквеш – РК Алкалоид
2. Коло (18/19.2.2023): РК Е. Пелистер – РК Алкалоид
3. Коло (25/26.2.2023): РК Алкалоид – РК Пролет
4. Коло (04/05.3.2023): ГРК Охрид – РК Алкалоид
5. Коло (25/26.3.2023): РК Алкалоид – РК Бутел Скопје
6. Коло (29/30.3.2023): РК Е. Пелистер 2 – РК Алкалоид
7. Коло (01/02.4.2023): РК Алкалоид – РК Вардар 1961
8. Koло (08/09.4.2023): РК Алкалоид – ГРК Тиквеш
9. Коло (12/13.4.2023): РК Алкалоид – РК. Е. Пелистер
10. Коло (15/16/4.2023): РК Пролет – РК Алкалоид
11 Коло (22/23.4.2023): РК Алкалоид – РК Охрид
12 Коло (06/07.5.2023): РК Бутел Скопје – РК Алкалоид
13 Коло (20/21/5.2023): РК Алкалоид – РК Е. Пелистер
14 Коло (27/28.5.2023): РК Вардар – РК Алкалоид

Вести

Убедлива победа на РК Алкалоид над РК Вардар Неготино

РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР (Н)   40-16 (18-9)


Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Глигор Ќаев и Спаско Ќаев. Делегат: Драган Начевски
РК Алкалоид: Цветковски, Димевски 4, Стојков 2, Младеновиќ 3, Серафимов 7, Илиески, Стојковиќ 4, Галевски, Иваноски 4, Симоноски 4, Омерагиќ 3, Трајковски, Тодески 3, Кофилоски 6
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 6 мин.


РК Вардар (Н): Ацев, Михајловиќ 2, Ташев, Ѓорѓев 1, Кузманов 5, Орешков, Петрески, Митевски, Ангелов, Емини, Петров 1, Кочаров 3, Пеовски 4, О. Јовановски, М. Јовановски
Седмерци: 1/2 Исклучувања: 2 мин. 

РК Алкалоид запиша уште една убедлива победа и го верификуваше пласманот на второто место во групата „А“ во прелиминарната рунда од Супер лигата на едно коло до крајот на оваа фаза од шампионатот. 

Денеска гостин во „Автокоманда“ беше екипата на РК Вардар Неготино. Натпреварот мина под целосна контрола на нашиот клуб. Поведоа ракометарите на РК Алкалоид со 5-2, па потоа следеше дел во кој гостите успеаја да се доближат на минус два гола (5-7). По ова следеше клучната фаза од натпреварот, а таа се играше во втората половина на првиот дел кога од 10-7 со серија од 8-2, РК Алкалоид стигна до водство од 18-9 што беше резултат на полувреме.


Серијата продолжи и во второто полувреме во кое Алкалоид уште на почетокот стигна до двоцифрена предност и водеше 21-10. 
Доминацијата продолжи до крајот до конечните плус 24, односно резултат 40-16.



РК Алкалоид на едно коло до крајот има недостижна разлика пред конкурентите за второто место и во Плеј оф разигрувањето ќе пренесе два бода. 
Во последното коло, Алкалоид на гостински терен ќе игра против екипата на Бутел Скопје. 

Вести

Со вложување во најмладите итаме кон реализација на нашите цели

Особено задоволство ни претставува кога можеме да ги поддржиме нашите најмлади во нивните обиди да живеат и да растат здраво и да се занимаваат со спорт. Основната задача која произлегува од целите што ги поставивме е создавање на врвни услови за талентираните ракометари максимално да ги развијат своите потенцијали и да постигнат најдобри резултати во младинските категории, а потоа да го пренесат тоа и во сениорската конкуренција.

Веруваме дека преку едукација и преку стручно усовршување е можно позначајно да се унапреди системот и да се очекуваат повисоки и врвни резултати од нашите спортисти во наредните години. 

РК Алкалоид годинава создаде поголема база, која, во согласност со амбициите и со целите, ќе се проширува и ќе се модифицира. Оваа година во нашиот спортски колектив имаме две пионерски, две кадетски екипи и една младинска екипа, со што вкупно имаме пет младински екипи, во кои настапуваат 98 пријавени ракометари. 

Овие играчи се натпреваруваат во три младински категории, а во моментов во младинската и кадетска категорија нашите екипи се на првите места.

РК МУЛТИ ЕСЕНС ПИОНЕРИ

РК МУЛТИ ЕСЕНС КАДЕТИ

РК АЛКАЛОИД ПИОНЕРИ

РК АЛКАЛОИД КАДЕТИ

Вести

РК Алкалоид победнички се враќа од Струга

РК СТРУГА – РК АЛКАЛОИД   29-44 (14-22)
Сала: „Нико Нестор“ во Струга. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски. Делегат: Душко Камишевски


Струга: Тутенкоски, Маркоски 8, Савески 1, Блажески 3, Лазаревиќ 2, Бугриновиќ 7, Јанкулоски, Ферукоски, Димески, Ѓуровиќ 3, Стрезоски, В. Маркоски, Костоски, Цветаноски 5, Рикановиќ, Нацев
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 2 мин.


Алкалоид: Галевски, Димевски 1, Стојков 4, Младеновиќ 1, Серафимов 8, Илиески 2, Стојковиќ 4, Митев, Ѓоргиев 4, Иваноски 1, Симоноски 1, Омерагиќ 1, Трајковски, Тодески 3, Кофилоски 7, Петковски 7
Седмерци: 5/6 Исклучувања: 8 мин. 

РК Алкалоид ја совлада РК Струга на гостински терен и практично го завери второто место на табелата кое носи два бода на салдо на почетокот на Плеј оф разигрувањето. РК Алкалоид ја оправда фаворитската улога и предводен од Серафимов и тандемот крилни играчи Кофилоски и Петковски рано ја презема контролата и стигна до комотно водство. 


РК Алкалоид поведе 6-2 и таа разлика потоа ја сголеми н 12-6, 15-8 за на полувреме да биде 22-14. 

Во второто полувреме, РК Алкалоид и РК Струга беа рамноправни резултатски, иако водството остана. Така беше до резултат 31-26. По ова почна серија која заврши со 11-2 или вкупно 42-27 пред стружани да постигнат погодок. Конечно, напреварот заврши со победа на РК Алкалоид од 44-29.

Вести

Десет од десет за РК Мулти Есенс

РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК ОВЧЕ ПОЛЕ   36-29 (19-16)


Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Лејла Јашар и Михаела Капсарева. Делегат: Ерик Белимов
РК Мулти Есенс: Штаковски, Димитриевски 1, Д: Узунчев 6, Тричковски 2, Омерагиќ 1, Алексовски, Трајковски, Велков, Младеновски 3, Т. Узунчев 4, Проданов 3, Карасманакис 1, Ниновски, Костовски 9, Георгиевски, Иванов 6
Седмерци: 0/1 Исклучувања: 4 мин. 


РК Овче Поле: Петков, Коцевски 7, Зафировски, Гичев 5, Наневски 3, Цековски 2, Динев, Стефановски, Сентовски, Андов, Крстев 6, Трајчев 3, Петрушев 2, Панев, Ристовски, Тоодоровски 1
Седмерци: 6/7 Исклучувања: 10 мин. 

РК Мулти Есенс за извојува десеттата победа од исто толку одиграни натпревари и стана првата екипа што и теоретски обезбеди пласман во Плеј оф продолжението од Првата лига. 
ГРК Овче Поле од Свети Николе беше гостинот во „Автокоманда“ и пружи квалитетен отпор, особено во првиот дел првото полувреме. 


Добар дел од почетокот на натпреварот беше израмнето и се играше гол за гол. РК Мулти Есенс го контролираше резултатот, но гостите успеваа да држат чекор, па на семафорот беше или израмнето или беше еден до два гола предност за РК Мулти Есенс. 
Така беше се до 12-11, по што следуваше серија од 3-0 и водство од 15-11 што беше прво поосетно водство за домашниот состав. Резултатската нишалка до крајот на полувремето се движеше од три до четири гола предност. 
На одмор се замина со резултат 19-16. 

РК Мулти Есенс ја зголеми разликата од три на пет-шест гола уште во раната фаза на второто полувреме. Поведоа со 25-19 и 26-20 избраниците на Бранко Ангеловски, а доминацијата ја потврдија и со водство од осум гола разлика (30-22), по што немаа проблеми и рутински ја приведоа кон крајот оваа средба. 

Вести

РК Алкалоид против РК Астраион, а РК Мулти Есенс против РК Вардар во Куп елиминациите

Во просториите на РФМ со ждрепка беа одредени паровите од елиминациското коло од годинешното издание на Куп на Македонија.

РК Алкалоид во елиминациското коло од Куп на Македонија ќе игра против струмичкиот прволигаш РК Астраион.
РК Алкалоид ќе биде домаќин, а натпреварот ќе се игра во периодот 11/12 декември.


РК Мулти Есенс во својот деби настап во Куп на Македонија, во елиминациите, ќе гостува кај бранителот на пехарот РК Вардар 1961. И овој натпревар ќе се игра во периодот 11/12 декември.

Победниците од елиминациското коло ќе бидат распоредени во четири групи со по четири екипи, а победниците од групите ќе се пласираат на Фајнал фор турнирот.