Вести

РК Мулти Есенс продолжува без грешка

РК ШАМПИОН – РК МУЛТИ ЕСЕНС  23-38 (11-15)


Сала:„ Антон Димитров“ во Скопје. Судии: Георгиевски и Наумовски. Делегат: Арсенов
РК Шампион: Димовски, Билбиловски 5, Велјановски, Атанасовски, Петровски 2, Ѓоргиевски 1, Сотировски, Трајковски, Спирковски 5, Миновски 3, Огненовски 3, Богоевски 4
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 10 мин.


РК МУЛТИ ЕСЕНС: Штаковски, Ерманоски, Димитиевски 3, Д. Узунчев 6, Тричковски 1, Омерагиќ 4, Алексовски, Младеновски, Т. Узунчев 3, Митев 5, Проданов 4, Карасманакис 1, Ниновски 3, Костовски 3, Георгиевски 5, Иванов
Седмерци: 2/4 Исклучувања: 14 мин. 

РК Мулти Есенс ја продолжи серијата што по денешната победа над РК Шампион изнесува девет победи од девет натпревари. 
Ова беше прв натпревар од вториот круг, а РК Мулти Есенс како гостин играше со РК Шампион во салата „Антон Димитров“ во Бутел.  


РК Мулти Есенс од почетокот на мечот наметна темпо и поведе со 3-0 и 5-2. Домашниот состав успеа делумно да возврати, намали на 6-7, но потоа следеше период во кој РК Мулти Есенс мирно ја зголемуваше предноста и дојде до максималните плус пет (12-7) во првиот дел. 
Обидите на домашниот тим да ја пробијат одбраната беа успешно одбиени, а на полувреме се замина со резултат 15-11. 

Вистинската доминација на РК Мулти Есенс почна во вториот дел. Разликата доста брзо стана и двоцифрена (24-14), а до крајот беше и зголемена до плус 15 или 38-23. 

РК Мулти Есенс е единствениот тим во групата со максимален ефект и е осамен  на врвот на табелата во групата „А“.

Вести

РК Алкалоид без бодови од дуелот со РК Вардар 1961

РК АЛКАЛОИД – РК ВАРДАР 1961   22-30 (7-15)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 1000. Судии: Михајло и Методија Илиевски. Делегат: Марјан Начевски


РК Алкалоид: Трајковски, Галевски, Димевски, Маркоски, Стојков, Младеновиќ 3, Серафимов 4, Илиески, Митев 6, Ѓоргиев, Иваноски, Симоноски 2, Омерагиќ, Тодески 3, Кофилоски 1, Петковски 3
Седмерци: 1/3 Исклучувања: 8 мин. 


РК Вардар 1961: Томовски, Гогов, Манасков 4, Стоилов 5, Моралес 6, Георгиевски 4, Добрковиќ, Карапалески 1, Чувара 3, Лазаревски, Савревски, Талески 6, Атанасовски 1, Стојановски, Ќосевски, Мишевски
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 12 мин. 

РК Алкалоид не успеа да му ги откине првите бодови на РК Вардар 1961 во првенството. Во полната „Автокоманда“, гостинскиот состав имаше подобро отворање на натпреварот. Разликата спечалена на почетокот на натпреварот гостите успешно ја бранеа. РК Алкалоид се обидуваше да направи притисок и резултатски да се приближи, но вчерва работите не е одвиваа според посакуваниот терк. Дистанцата остана до крајот на натпреварот и конечните 22-30.

Без оглед на исходот од вечерашниот натпревар, РК Алкалоид останува на второто место на табелата и има сигурна разлика пред РК Бутел Скопје и ГРК Охрид.

Вести

Голема дерби победа на РК Алкалоид

ГРК ОХРИД – РК АЛКАЛОИД   28-29 (16-16)

Сала: “Билјанини извори“ во Охрид. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Марјан Огњановски
РК Охрид: Миленковиќ, К. Андоноски, Цејовиќ, Рустамов, Костов, Цинзадѕе, Шипинкоски, Д. Андоноски 6, Василевски, Бошковски, Тасески 2, Кастратовиќ 1, Наумоски, Озтурк 9, Шешиќ 3, Бојаниќ 7
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 6 мин.


РК Алкалоид: Цветковски, Маркоски, Стојков, Младеновиќ 3, Серафимов 12, Илиески 2, Митев 4, Ѓоргиев 4, Галевски, Иваноски, Симоноски 1, Омерагиќ, Трајковски, Тодески, Кофилоски 2, Петковски 1
Седмерци: 2/3 Исклучувања: 6 мин. 

РК Алкалоид запиша многу важна победа, над директниот ривал ГРК Охрид, како гостин во дербито на колото. Со оваа победа РК Алкалоид направи важен чекор напред и се издвои од конкуренцијата на второто место, пред директниот дуел со РК Вардар во следното коло.

РК Алкалоид го контролираше резултатот во првата фаза од натпреварот во Охрид. Водството не беше високо, гол-два, но беше постојано. Сепак, неколку пропуштени шанси за повисоко водство беа платени со пресврт и прво водство на Охрид (10-9). 
По ова следеа неколку пресврта. Алкалоид поведе 11-10, потоа Охрид имаше водство од 12-11, па одново уште по еднаш се менуваа во водството, се до конечните 16-16 на полувреме.

Со фуриозна серија од 8-2 на почетокот на вториот дел, од резултат 16-16, Алкалоид стигна до водство од 24-18 и во оваа фаза натпреварот беше прекршен резултатот. Домашниот состав успеа да редуцира дел од предноста, дури и да се закани со пресврт, но во решавачките моменти РК Алкалоид беше присебен и не дозволи победата да биде доведена во прашање. 

Вести

РК Мулти Есенс победи и во Гостивар

РК ЈЕХОНА – РК МУЛТИ ЕСЕНС  29-33 (19-17)


Спортска сала во Гостивар. Судии: Огњановски и Савиќ. Делегат: Зипевски
РК Јехона: Павлоски, Димитриески 1,  Николоски 1, Живкоски 1,  Груевски, Михајловски, Селмани 2, Матески 1, Тасески 10, Стојкоски 1, Салиу, Илиески 6, Селмани 1, Марковиќ 5, Серафмовски, Стојаноски
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 10


РК Мулти Есенс: Штаковски, Груевски 1, Д. Узунчев 3, Тричковски 1, Омерагиќ, Алексовски, Ерманоски, Младеновски 2, Т. Узунчев 6, Митев 3, Проданов 3, Канг 1, Карасманакис 1, Ниновски, Костовски 9, Георгиевски
Седмерци: 6/9 Исклучувања: 2 мин. 

РК Мулти Есенс го задржа максималниот ефект во Првата лига. Вечерва во Гостивар, на дуелот со РК Јехона, РК Мулти Есенс запиша нова победа (33-29).
Натпреварот беше решен во првите десетина минути во кои РК Мулти Есенс играше фуриозно и поведе со 9-1. 


Разликата потоа рутински ја одржа до 17-10 на полувреме, а и во вториот дел водството не беше доведено во прашање.
Меѓу шест и девет гола беше предноста на лидерот на табелата, но во финишот домашната екипа успеа да намали на минус три (26-29) и за момент да се понадева на комплетен пресврт.
Но, РК Мулти Есенс веднаш зголеми на 30-26 и 31-27, до крајот имаше само уште три минунти за конечно натпреварот да заврши со резултат 33-29.

Вести

Градиме иднина. РК Алкалоид ја зголеми базата на играчи во младинските категории

По успешната прва сезона во системот на натпреварување на Ракометната федерација на Македонија, РК Алкалоид продолжи да се усовршува и да го зголемува своето ракометно семејство со проширување првенствено на младинските категории.

„Моја и наша заедничка цел како тим е децата да ги направиме не само спортисти, туку да ги изградиме и како личности кои ќе бидат пример во нашето општество и подготвени да одговорат на сите предизвици во животот. Може слободно да се пофалиме дека имаме најмногу млади играчи во сите селекции на ниво на цела Македонија“, вели Влатко Котески, координатор на младинските селекции и школи на РК Алкалоид. „Во школите децата се запознаваат со првите ракометни чекори и елементи, спортуваат, се дружат, но ги учиме и на спортска дисциплина и на меѓусебно почитување и тимска работa“, вели Котески.

„Тие деца со тренинг, работа и со посветеност понатаму се селектираат во пионери, кадети и во младинци. Имаме отворено школи за ракомет РК Алкалоид на ниво на цело Скопје (Центар – ’К. Глигоров’, К. Вода – ’Круме Кепески’, Гази Баба – ’К. П. Мисирков’, ’Вера Јоциќ’ и ’М. А. Ченто’), Свети Николе и Тетово, а во блиска иднина ќе се прошириме и во Аеродром – ’Љубен Лапе’ и во Карпош – ’Петар Поп Арсов’, ’Л. Трповски’ и ’Х. Т. Карпош’“.

„Во сите наши селекции во системот на РФМ се пријавени 98 играчи, кои се регистрирани во 5 младински екипи и кои ќе играат во 3 натпреварувачки лиги:

РК Мулти Есенс У18 – младинска екипа за играчи до 18 години, кои ќе се натпреваруваат во Младинската лига;

РК Алкалоид У16 – кадетска екипа за играчи до 16 години, кои ќе се натпреваруваат во Кадетската лига;

РК Мулти Есенс У16 – кадетска екипа за играчи до 16 години, кои ќе се натпреваруваат во Кадетската лига;

РК Алкалоид У14 – пионерска екипа за играчи до 14 години, кои ќе се натпреваруваат во Пионерската лига;

РК Мулти Есенс У14 – пионерска екипа за играчи до 14 години, кои ќе се натпреваруваат во Пионерската лига.“

Вести

Продолжи победничката низа на РК Мулти Есенс

РК МУЛТИ ЕСЕНС – РК ТЕКСТИЛЕЦ 38-18 (19-12)


Сала: „Круме Кепески“ во Скопје. Судии: Наум Александровски и Мирко Трајковски. Делегат: Александар Атанасовски


РК Мулти Есенс: Штаковски, Ерманоски, Трајковски, Грујевски, Д. Узунчев 8, Тричковски 6, Омерагиќ 5, Алексовски 1, Велков, Младеновски 2, Т. Узунчев 3, Митев 2, Проданов 2, Канг 2, Карасманакис 3, Костовски 4
Седмерци: 2/2 Исклучувања: 6 мин.


РК Текстилец: Боболковски, Петров 3, Чмрлец 1, Димитров 1, Петров 4, Ристов 1, Димитријев 4, Димчевски 2, Џинес, Сенев, Савев 2
Седмерци: 1/4 Искучувања: 10 мин.

РК Мулти Есенс ја продолжи победничката низа во Првата лига која по денешниот триумф над екипата на РК Текстилец изнесува седум победи од исто толку одиграни натпревари. 
Гостите од Штип денеска добро го почнаа натпреварот, во првата фаза имаа и минимално водство, но избраниците на Бранко Ангеловски ја преземаа контролата и во втората фаза на првиот дел, по водството од 12-10, со серија од 7-2 стигнаа до убедлива разлика од 19-12. Тоа водено беше и резултатот на полувремето. 

Набрзо по почетокот на второто полувреме, РК Мулти Есенс поведе и со двоцифрена разлика (23-13). Победникот веќе беше решен, а во продолжение се играше рутински, разликата постепено се зголемуваше, се до постигнување на конечниот резултат 38-18.