Вести

РК Алкалоид го одигра првиот тест меч во Хрватска

РК НЕКСЕ – РК АЛКАЛОИД 29:21 (18:10)
Сала: ОУ „Крал Томислав“ во Нашице, Хрватска. Судии: Томислав Циндриќ и Роберт Гонзурек од Осиек, Хрватска
РК Нексе: Кузмановиќ (8 одб), Цар 1 (7 одб), Рачиќ 1, Бакиќ 1, Вејин 1, Маргуч 2, Јотиќ 1, Мичевиќ 1, Велкаврх, Безјак, Штрлек 7, Томиќ 2, Кохен 6, Мелиќ 2, Прибетиќ 3
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 10 мин.

РК Алкалоид: Ромеро (6 одб), Трајковски, Галевски, Маркоски, Стојков 4, Младеновиќ 3, Серафимов 2, Стојчевиќ, Стојковиќ 1, Митев 5, Ѓоргиев 2, Омерагиќ 1, Бинго 1, Петковски, Савревски 1
Седмерци: 2/7 Исклучувања: 4 мин.

РК Алкалоид го одигра првиот контролен натпревар во рамките на гостувањето во Хрватска. Нашиот тим беше гостин во Нашице каде што се сретна со звучно засилената домашна екипа, РК Нексе.
Мечот против РК Нексе заврши со резултат 21 : 29 во корист на хрватската екипа.
Двата тима одиграа брз, атрактивен ракомет во кој пресуди поголемото искуство на домашниот состав и слабата реализација, особено на ударите од седум метри на нашиот тим.
Следен дуел на РК Алкалоид е со шампионот на Хрватска, ППД Загреб. Средбата ќе се игра во Загреб во сабота (26.8.2023) со почеток од 18:00 часот.

Вести

РК Алкалоид на мини турнеја во Хрватска

РК Алкалоид ја почнува последната фаза од подготовките пред претстојната сезона во македонската Суперлига и во Европската лига на EHF.
Нашиот тим е во Хрватска, каде што ќе одигра четири контролни натпревари.
Во четврток (24.8.2023) на првиот натпревар, во Нашице ќе играме со екипата на РК Нексе.
Во сабота (26.8.2023) ќе играме против РК ППД Загреб во Загреб, во недела (27.8.2023) ќе играме против екипата на РК Сесвете, а во вторник (29.8.2023) ќе гостуваме во Словенија, каде што е предвиден меч со екипата на РК Добова.

Вести

РК Алкалоид ќе игра во финалето на турнирот „Струга 2023“

РК АЛКАЛОИД – АЕК 26:23 (13:15)
Игралиште „Горан Попоски Бабец“ во Струга. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Славчо Каланоски
РК АЛКАЛОИД: Ромеро (7 одб), Трајковски (4 одб), Џонов 1, Маркоски 2, Стојков 2, Младеновиќ 3, Серафимов 5, Стојчевиќ, М. Митев 4, Ѓоргиев 1, Велковски 3, Симоноски, Омерагиќ, Бинго 4, Кофилоски, Савревски

РК Алкалоид ја запиша и втората победа на Меѓународниот турнир „Струга 2023“. Нашиот тим во второто коло се сретна со првакот на Грција, АЕК Атина и забележа победа од 26-23.
РК Алкалоид подобро го отвори натпреварот и доминираше во првите 15-тина минути од средбата. Голманот Благојче Трајковски и бекот Михајло Младеновиќ имаа свои добри моменти и го понесоа тимот кон водство од 9-5.
По ова грчкиот состав се врати во игра и успеа да израмни на 10-10, а на полувреме резултатот беше 13-15.


Во вториот дел се водеше поостра борба, во која РК Алкалоид како изминуваше времето играше сѐ посигурно. Додадена вредност во нашата игра беше голманот Алехандро Ромеро кој во неколку наврати одлично интервенираше и го понесе тимот.
РК Алкалоид израмни на 21-21, потоа на 23-23 и во финишот со серија од 3-0 го реши победникот.

Оваа победа значи и пласман во финале на турнирот каде што ќе се сретнеме со екипата на Вардар 1961.

Вести

РК Алкалоид победнички стартуваше на „Струга 2023“

РК АЛКАЛОИД – РК ДИНАМО ПАНЧЕВО 27-23 (12-9)

Игралиште на Женска плажа – „Горан Попоски – Бабец“ во Струга. Судии: Виктор Андонов и Стојанчо Јовановски. Делегат: Камер Металари
РК Алкалоид: Ромеро (8 одб), Трајковски (4 одб), Џонов 2, Маркоски 2, Стојков 1, Младеновиќ, Серафимов 4, Стојчевиќ, Стојковиќ 2, М. Митев 2, Ѓоргиев 1, Велковски 2, Симоноски 6 (5), Омерагиќ, Бинго 2, Кофилоски 1, Савревски 2

РК Алкалоид со победа стартуваше на Меѓународниот ракометен турнир „Струга 2023“. Нашиот тим во првото коло се сретна со екипата на РК Динамо Панчево од Србија и запиша победа од 27-23 (12-9).
РК Алкалоид подобро го отвори натпреварот, одбраната функционираше добро, а голманот Алехандро Ромеро имаше неколку интервенции по кои нашите ракометари ја преземаа иницијативата и диктираа резултат, најчесто од еден до два гола разлика, а на полувреме беше 12-9.


Тренерот Кирил Лазаров имаше можност да ги испроба сите ракометари во ротацијата, Резултатот притоа не трпеше, напротив дистанцата во второто полувреме се зголеми и имавме во неколку наврати водство и од пет гола разлика (15:10, 18:13).
Во финишот на натпреварот, успешно се одбранивме од обидот на противничкиот тим да направи пресврт и без неизвесност го водевме натпреварот до конечните 27:23.
Во следното коло, РК Алкалоид ќе игра со АЕК од Атина. Таа средба ќе се игра во петок.

Вести

РК Алкалоид на Меѓународниот турнир „Струга 2023“

РК Алкалоид ќе учествува на 51. издание на Ракометниот турнир „Струга“, кој ќе се одржи од 16 до 19 август. Ова ќе биде второ учество на РК Алкалоид на најстариот турнир во земјава.

Нашиот тим е во групата А со екипите на АЕК Атина и на РК Динамо Панчево.
Првиот натпревар РК Алкалоид ќе го одигра на 16 август против екипата на РК Динамо Панчево, со почеток од 20:40 часот.

Вториот меч ќе го играме против АЕК Атина на 18 август со почеток од 20:30 часот.
На последниот ден од турнирот ќе играме за конечен пласман против екипа од групата А, во која се РК Струга, РК Вардар 1961 и шведскиот тим Есклистуна ГУИФ.

Вести

РК Алкалоид на подготовки во Маврово

Откако го заврши првиот дел на загревање, РК Алкалоид ја започна и втората фаза од подготовките за претстојната сезона. Екипата веќе е во Маврово и таму ќе се подготвува десет дена. Со акцент на физичката подготвеност, ракометарите ќе тренираат во планинскиот центар, а потоа ќе започнат и со играње контролни натпревари. Предвидено е нашиот тим да настапи на турнирот во Струга (16-19 август), а потоа ќе оди на завршни подготовки во Хрватска, каде што ќе одигра серија контролни натпревари.