Вести

РК Мулти Есенс не успеа да изненади во Битола

РК Е. ПЕЛИСТЕР 2 – РК МУЛТИ ЕСЕНС 30-21 (15-10)
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески. Делегат: Илија Цветкоски
РК Е. ПЕЛИСТЕР 2: Штаковски, Маркоски 3, Талевски 4, Младенов, Печурица, Трпчевски, Димитровски 3, Калајџиоски, Гичев, Ивановски 2, Белистојановски 3, Југовски 1, Мијушковиќ 4, Хаџиќ 10
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 2 мин.
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Димевски 6, Костовски 2, Илиески 3, Насевски, Д. Узунчев 5, Петрески 1, Трајчев, Мирчевски, Трајковски, Иваноски 4, Јорданов, Тодески, Т. Узунчев, Стојчевиќ, Каракалашев
Седмерци: 3/3 Исклучувања: 8 мин. ​

РК Мулти Есенс не успеа да го повтори подвигот од првиот круг во Плејаут на дуелот со Е. Пелистер 2. Вечерва во Битола, нашата млада екипа лошо отвори, на почетокот беше 4-0 за противникот и практично таа предност беше решавачката за конечниот победник.

По водството на домашните од 4-0 се воспостави резултатска рамнотежа, се играше израмнето, но разликата остана и се движеше меѓу три и пет гола, со тоа што на полувреме се замина со резултат 15-10 за домашниот тим.

Не се промени нешто што би довело до поинаков расплет и во второто полувреме. Домашниот состав водеше со 4-5 гола разлика до финишот, а потоа уште и ја зголеми предноста до највисоките плус девет.

До крајот на шампионатот во Плејаут за РК Мулти Есенс остануваат уште дуелите со екипите на Скопје на гости и со Куманово на домашен терен. Во следното коло, нашиот тим е слободен и ќе добие службена победа над РК Аеродром.

Вести

ДОМИНАНТНА ПОБЕДА ВО ДЕРБИТО ЗА ЕВРОПА СО ОХРИД

РК АЛКАЛОИД – ГРК ОХРИД 42-31 (22-14).
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 350. Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски. Делегат: Драган Начевски.

РК АЛКАЛОИД: Трајкоски, Галевски, Џонов 3, Петров, Маркоски 1, Младеновиќ, Серафимов 6, Карасманакис, Стојковиќ 7, М. Митев 7, Велковски 2, Симоноски 3, Бинго 3, Д. Митев 6, Савревски 1, Димовски 3.
Седмерци: 3/3. Исклучувања: 10 мин.

ГРК ОХРИД: Ристевски, Ѓорѓески, Ојлески 3, Матцуока 7, Јукиќ 4, Стоилевски 1, Дрогришки, Пелидија 2, Тасески 2, Рудолф, Кукоски, Крстевски, Шешиќ 1, Орјоникидѕе 5, Бојаниќ 2, Цирар 4.
Седмерци: 6/7. Исклучувања: 4 мин.

Дуелот меѓу двата тима почна израмнето. Резултатот беше близу до 8-7, а потоа РК Алкалоид презеде иницијатива на мечот. Избраниците на Лазаров играа без грешки, а нашиот тим имаше и расположени голмани – Благојче Трајкоски фати шест топки, Иван Галевски одбрани седмерец, за прва поосетна предност од 15-9 во средината на првиот дел.

До финишот на полувремето продолжи ефикасната игра, но РК Охрид цело време ја бркаше нашата позитива. На паузата беше 22-14 за РК Алкалоид, а за одбележување беше одличното прво полувреме на Марко Стојковиќ кој имаше 5/5 учинок, како и неколкуте добри асистенции на Мартин Серафимов за головите.

На стартот на вториот дел Трајкоски продолжи да брани во врвна форма и забележа уште две одбрани, а РК Алкалоид дојде до највисоките 23-14. Додека се играше 43. минута, нашата екипа имаше и плус од десет гола (29-19) и останатиот дел од дуелот во Автокоманда беше само формалност.

Вести

РК АЛКАЛОИД ПРОТИВ РК ВАРДАР 1961 НА Ф4 ВО КУПОТ НА МАКЕДОНИЈА

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) ја изврши ждрепката за завршниот Ф4-турнир од Купот на Македонија на кој се пласира и нашиот РК Алкалоид.

Ждрепката на завршниот настан каде ќе се игра за Куп-пехарот посака во полуфиналната фаза РК Алкалоид да вкрсти со РК Вардар 1961.

Втората полуфинална двојка ја сочинуваат РК Еурофарм Пелистер и ГРК Тиквеш. Победниците од двата натпревари патуваат во финалето.

Завршниот Ф4-турнир во Купот на Македонија ќе се игра во периодот од 16 до 19 мај во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.
РК Алкалоид полуфиналниот меч со РК Вардар 1961 ќе го игра на 16 мај со почеток од 19:30 часот.

Вести

РК Алкалоид убедлив на дуелот со РК Струга

РК АЛКАЛОИД – РК СТРУГА 35:20 (15-10)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Ненад Николовски и Исмаил Металари. Делегат: Љупчо Јаневски
РК АЛКАЛОИД: Василевски, Петров, Младеновиќ 4, Серафимов 1, Карасманакис 1, Стојковиќ 4, М. Митев 1, Ѓоргиев 2, Галевски 1, Велковски 1, Симоноски 5, Трајкоски, Бинго 4, Д. Митев 7, Савревски 2, Димовски 2
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 6 мин.
РК СТРУГА: Тутенкоски, С. Матески, Мечкароски 2, Савески 2, Маркоски, Кленкоски, Симоноским 6, Пејчиноски, Велјаноски 2, Костоски 2, Ј. Матески 4, Бошњак, Рикановиќ
Седмерци: 0/1 Исклучувања: 6 мин.

РК Алкалоид запиша нова првенствена победа. Вечерва, во премиерниот меч од 10 коло во суперлигашкиот плејоф, нашиот тим го совлада составот на РК Струга и ја зајакна својата позиција на табелата пред дербито со директниот ривал ГРК Охрид следното коло.
Марко Стојковиќ и Дамјан Митев играа одлично во првото полувреме и постигнаа девет од 13 гола, а РК Алкалоид поведе со пет голови разлика (13-8).


До крајот на полувремето таа разлика се одржа и до крајот на првото полувреме, кое заврши со резултат 15:10. Водството на РК Алкалоид изнесуваше 20-10 во 38 минута и домашниот состав веќе ги имаше обезбедено трите бода. Во продолжението се играше израмнето и со послаб ритам, а РК Алкалоид рутински стигна до конечните 35:20.
Овој натпревар беше одбележан со враќањето на терен на Кристијан Симоноски кој се повреди на турнирот во Струга летоска. Симоноски денеска го одигра првиот меч и беше втор стрелец во екипата со пет постигнати гола.

Вести

РК Алкалоид триумфираше на дербито во Кавадарци

ГРК ТИКВЕШ – РК АЛКАЛОИД 23-28 (14-13)
Сала: „Јасмин“ во Кавадарци. Гледачи: 1000 Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски. Делегат: Драган Начевски

ГРК ТИКВЕШ: Гемаљевиќ, Анастасовски 2, Мијатовиќ 2, Темелковски 1, Велков, Соколов, Стефановиќ 1, Гачевиќ 2, Лазов, Манасков 8, Шулески, Коцев 1, Симиќ 2, Мајиќ, Даневски, Обина 4
Седмерци: 3/4 Исклучувања: 12 мин.

РК АЛКАЛОИД: Трајкоски, Галевски 1, Петров, Маркоски, Младеновиќ, Серафимов 1, Карасманакис 2, Стојковиќ 5, М. Митев 7, Ѓоргиев 2, Велковски 3, Бинго, Кофиловски, Д. Митев 4, Савревски, Димовски
Седмерци: 4/4 Исклучувања: 6 мин.

РК Алкалоид со три бода се враќа од дербито во Кавадарци, дуел што имаше круцијално значење во битката за излез на европската сцена следната сезона.
Натпреварот во Кавадарци тргна во знакот на РК Алкалоид. Нашата екипа постигна четири гола во серија, но не ги искористи стартните добри минути и трите одбрани на Трајкоски, па на Тиквеш му дозволи да израмни (6-6). Со нова серија од три гола, нашиот тим замина на 6-9, потоа беше и 9-12, па Тиквеш со серија од 5-1 на паузата го сврти резултатот во своја корист (14-13).


Вториот дел беше вистинска игра на нерви и двата тима се надигруваа. Водството од еден гол претежно го имаше Алкалоид, а на влезот во 40. минута се поведе и со 21-23. Тоа беше знак за тајм-аут на ривалот.
Но потоа следеше период на добра игра на нашиот тим, поведовме со 25-21 и 26-22 и ги згаснавме надежите на домашниот тим за пресврт.

Вести

РК Мулти Есенс без бодови од Неготино

РК ВАРДАР НЕГОТИНО – РК МУЛТИ ЕСЕНС 32-26 (16-13)
Сала: „Кирил и Методиј„ во Неготино. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски. Делегат: Марјан Начевски
РК ВАРДАР НЕГОТИНО: Ацев, Мицев, Кузев, Орешков 1, Бугариновиќ 12, Митевски 3, Ѓорѓев, Петров 2, Адамовиќ 9, Митиќ 2, Пеовски, Јовановски, М. Јовановски, Трајанов 3
Седмерци: 2/2 Исклучувња: 4 мин.
РК МУЛТИ ЕСЕНС: Ерманоски, Димевски 5, Костовски 2, Илиески 4, Насевски, Д. Узунчев 7, Петрески, Трајчев, Трајковски, Иваноски 3, С. Јорданов, Тодески, Т. Узунчев 3, Стојчевиќ 2, Каракалашев
Седмерци: 3/6 Исклучувања: 4мин.

РК Мулти Есенс не успеа да освои бодови на гостувањето во Неготино, во рамките на деветтото коло од суперлигашкиот Плејаут.
Домашниот Вардар Неготино подобро го отвори натпреварот и воден од Петар Бугариновиќ поведе со 6-2, а потоа благодарение на поголемото искуство, успеваше да го одржи ова водство со мамли осцилации до крајот на првото полувреме кое, пак, заврши со резултат 16-13 за неготинскиот состав.
Гол за гол се играше во второто полувреме во кое на почетокот Мулти Есенс намали еден гол од негативата, но не успеа да направи поголем пресврт, напротив, направи и теххнички грешки и промаши шутеви, па Вардар Неготино пред 50 минута се врати на плус четири (23-19).
Во 55 минута при водство од 26-23 Мулти Есенс промаши пенал, а со тоа замина и последната шанса за да се направи пресврт, Вардар по ова поведе и со 28-23 и го реши победникот.