Вести

Седма победа за РК Алкалоид

-->

РК АЛКАЛОИД – РК ПРИЛЕП   37-22 (19-12)


Сала: „Јане Сандански“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Василевски и Блаже Михајлов. Делегат: Драган Начевски


РК Алкалоид: Трајковски, Галевски 2, Димевски 1, Маркоски, Стојков 3, Младеновиќ 2, Серафимов 4, Илиески 4, Стојковиќ 3, Митев 3, Ѓоргиев 2, Иваноски 4, Симоноски 2, Тодески 1, Кофилоски, Петковски 6
Седмерци: 4/4  Исклучувања: 6 мин.


РК Прилеп: Јорданоски, Дамчески, Бикоски 1, Вренцоски, Ангелески, Уча, Шокоски 5, Бурчевски, Лозаноски 3, Чантурија 1, Павлов 1, Христоски, Миријани 2, Стојкоски, Ѓоргиески 9
Седмерци: 1/1 Исклучувања: 8 мин.

РК Алкалоид го совлада РК Прилеп и ја зголеми разликата на табелата пред РК Бутел Скопје и ГРК Охрид кои утре ќе играат меѓусебе. РК Алкалоид денеска ја запиша седмата победа од осум одиграни натпревари,.


Гостинскиот состав добро се снаоѓаше на почетокот на натпреварот и во една делница од првото полувреме имаше минимално водство (5-4).
По ова Алкалоид почна да влегува во свој ритам и успеа да воспостави контрола врз играта и резултатот и полека почна да го зголемува водството. 

Алкалоид имаше два до три гола предност во втората делница од полувремето (9-7, 11-9), а потоа влезе во вистински ритам и со серија од 7-2, стигна до убедливо водство од 19-12 што беше и резултат на полувреме. 


Во вториот дел беше потврдена доминацијата на РК Алкалоид. Разликата набрзо стана двоцифена, тренерот Кирил Лазаров имаше можност да им даде шанса на повеќе играчи да настапат на овој натпревар, а дури 13 играчи се запишаа во листата на стрелци.