Вести

Успешен старт на младинските екипи

-->

Викендов почна новата сезона во Младинската лига на Македонија која се игра во изменет систем. Оваа сезона во Младинската лига се игра во една група во која има 13 екипи кои двокружно ќе играат меѓусебе. Нема да се игра плејоф или плејаут, вкупниот победник ќе биде прогласен за младински државен првак.

РК Алкалоид и РК Мулти Есенс се учесници во ова првенство. И двата тима имаа победнички старт, запишаа високи победи и во моментов се на водечките позиции на табелата.

РК Алкалоид во првото коло се сретна со екипата на РК Вардар 1961 на гостински терен и запиша убедлива победа од 37:20.

Максим Гарбески со осум гола и Теодор Пецановски со пет погодоци беа најефикасните играчи на РК Алкалоид на овој меч.

РК Мулти Есенс во првото коло исто така играше на гостински терен против голем градски ривал, екипата на РК Бутел Скопје.

РК Мулти Есенс предводен од Давид Димевски кој постигна седум и Дарин Омерагиќ кој беше стрелец на шест гола запиша победа од 40-24.

Во следното, второ коло, РК Алкалоид на домашен терен ќе игра со екипата на Пролет 62, а екипата на РК Мулти Есенс, исто така на домашен терен ќе се сретне со тимот на РК Вардар 1961